Херцеговско востание (1875-1878): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Херцеговското востание''' претставува востание на христијанското население во [[Херцеговина]] и делови од [[Босна]] против [[Отоманската империја]]. Во тоа време било оформено и т.н. прашање за Источната криза<ref name="iav">{{Харв|Косев|1996|loc=146-147}}</ref> бидејќи следувале [[Старозагорско востание]] и [[Априлско востание]] во [[Бугарија]], војната на [[Србија]] и [[Црна Гора]] со [[Османлиската империја]] и [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна]]. Крајниот резултат од овој конфликт довел со окупација на Босна и Херцеговина од Австро-Унгарија<ref name="SIE4414">{{Харв|Жуков|1963|loc=414-415}}</ref>.
 
== Позадина ==
 
Нередите во земјата започнале уште во 1874 година<ref name="iav"/>. Основата на конфликтот се наоѓал во постојаниот конфликт меѓу локалните муслимани кои владееле со земјата и земјоделските христијани кои не само што ја обработувале земјата туку плаќале и големи даноци. Истата година реколтата на земјоделците не била на задоволувачко ниво кое довело до влошување на финансиската состојба и голема економска криза во целата империја<ref name="stavr397">{{Харв|Stavrianos|2000|loc=397-399}}</ref>.
 
Движењето започнало како идеја за обединување на целото српско население во една национална држава. Сепак посетата на Франц Јосиф во Далмација во пролетта на 1875 година кога австрискио император добил множество писма за анексирање на Босна и Херцеговина дополнително довело до зголемување на пропагандата.
Ред 22:
 
Прогласувањето на соединувањето меѓу Србија и Босна кај Австро-Унгарија предизвикало негативна реакција. Со Рајхщадскиот договор (јули 1876) Русија се согласила австроунгарска окупација на [[Босна и Херцеговина]]. Договорот бил потврден во јануари [[1877]], набргу откако проектот за автономија на двете области конечно пропаднал на [[Цариградска конференција|Цариградската конференција]]. Во меѓувреме, поразот на српската армија од Турците во октомври 1876 придонел Белград да склучи примирје и Србија ја намалила подршката на востанието во Босна. Црногорската армија продолжила со воените дејствија во [[Херцеговина]] но во јуни 1877 година биле поразени. Во почетокот на август [[1877]] востаниците доживеале пораз од османлиските сили. Во меѓувреме започнала и Руско-турската војна која дозволила голем дел од востаниците да ги задржат своите позиции. Крајот на востанието настапило кога во август 1878 година поголемиот дел од востаниците се предале на Австро-Унгарија.
== Наводи ==
{{наводи}}