Вуелта а Еспања: Разлика помеѓу преработките
Создадена страница со: {{Инфокутија Велосипедска трка | name = Вуелта а Еспања | current_event = | image = Подат... |
(нема разлика)
|
Преработка од 19:43, 20 јануари 2013
Вуелта а Еспања (шпански: Vuelta a España; позната и како Трка околу Шпанија) е годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Шпанија, иако повремено поминува и низ соседните земји. Поттикната од успехот на Џиро д’Италија и Тур де Франс, трката била првпат организирана во 1935.[1] Трката била спречена да биде одржана низ периодот на двете светски војни и Шпанската граѓанска војна во раните години на нејзиното постоење; меѓутоа, трката започнала да се вози секоја година од 1955.[1] Како Вуелта постигнувала значајност и популарноста на трката растела, нејзината слава започнала да се шири низ светот. Од 1979, трката е организирана од Unipublic. Групата на возачи на почетокот била составена само од шпански велосипедисти, но сега секоја година учествуваат возачи од целиот свет. Вуелта е дел од Светската турнеја, што значи дека екипите кои настапуваат на трката се главно UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[2][3]
За трката | |
---|---|
Датум | септември (од 1995) |
Регион | Шпанија |
Англиско име | Tour of Spain |
Месно име | Vuelta Ciclista a España Предлошка:Es icon |
Прекар | Вуелта |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја UCI |
Вид | Гранд Тур |
Организатор | Unipublic |
Директор на трката | Хавиер Гвиљен |
Историја | |
Прво одржување | 1935 |
Одржувања | 67 (до 2012) |
Прв победник | Густаф Делор (БЕЛ) |
Најмногу победи |
|
Неодамнешен победник | Алберто Контадор (ШПА) |
Заедно со Тур де Франс и Џиро д’Италија, ги создаваат трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[4] Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на најмалку два хронометра, премин низ планинскиот масив на Пиринеите и завршница во шпанскиот главен град Мадрид. Поновите изданија на Вуелта а Еспања се состои од 21 етапа во период од 23 дена, кој вклучува два дена одмор.
Сите етапи се мерат на крајот, а завршните времиња на возачите се составени од нивните претходни етапни времиња. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната црвена маичка. Додека генералниот пласман привлекува најголемо внимание, постојат и други пласмани на трката: бодовниот пласман за спринтерите, планинскиот пласман за специјалистите за искачување, комбинираниот пласман за сите универзални возачи и екипниот пласман за најбрзите екипи. Вуелта а Еспања 2012 била освоена од Шпанецот Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк.[5][6]
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ „Million dollar, baby!“. Cycling News. Future Publishing Limited. 12 јануари 2007. Посетено на 21 мај 2011.
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
Надворешни врски
„Вуелта а Еспања“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (шпански) (англиски) (француски)