Херцеговско востание (1875-1878): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
Движењето започнало како идеја за обединување на целото српско население во една национална држава. Сепак посетата на Франц Јосиф во Далмација во пролетта на 1875 година кога австрискио император добил множество писма за анексирање на Босна и Херцеговина дополнително довело до зголемување на пропагандата.
 
== 1875==
== Тек на востанието ==
 
Востанието започнало со напад на ајдутите на 5 јули 1875 година на патот меѓу Мостар и Невесине во близина на планината Бишина. Веќе во август востанието било проширено во речиси цела Херцеговина каде оперирале околу 12.000 востаници. Во септември востанието се проширело во Босна. Така за многу краток период востаниците постигнале голем успех зазимајќи многу тврдини и градови.
 
Покрај масовниот карактер на востанието, организацијата била ослабена од недостаток на единствено политичко и воено раководство. Напорите за консолидирање пропаднале поради ривалството помеѓу неколку групи како социјалистичката или револуционерно-демократска, која се фокусира на потребата од земјишна и политичка реформа со приоритет пред приклучување на земјата кон Србија, и либералната, која безуспешно сакала обединување на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија во една земја. Одделни фракции сакале пристапување во Дунавската монархија или кон Србија, но под услов династија Обреновиќ да биде заменета од династија Караѓорѓевиќ. Социјалистичката група била практично елиминирана во јуни 1876, откако нејзиниот водач бил затворен. Во исто време бил изолиран и претставникот на Караѓорѓевиќ - Петар Караѓорѓевиќ-Маркониќ.
 
== 1876==
 
Бунтовите во Херцеговина и Босна и големите масовни репресии (до март 1876 бегалскиот бран во државните граници изнесувал 156 000 луѓе) предизвикале силен притисок во Србија и Црна Гора за ослободителна војна со [[Отоманската империја]]. Ова предизвикало загриженост во [[Австро-Унгарија]], која била против територијалната експанзија на двете словенски држави. Под притисок руската влада ја поддржала нотата на австроунгарскиот министер за надворешни работи од декември 1875 за спроведување земјоделски реформи, користење на приходите од босанските даноци само за двете провинции и муслиманско-христијанска комисија да врши надзор на примената на овие мерки. Нотата била усвоена од Високата порта (во февруари 1876), но не и од востаниците кои не гледале гаранции за спроведување на реформите додека двете области се под делумна отомански контрола. За да ги надминат недоразбирањата, со Берлинскиот меморандум од мај 1876 министрите за надворешни работи на Германија, Австро-Унгарија и Русија се согласиле да го одложат разоружувањето на востаниците и ветиле дека спроведувањето на реформите треба да биде под надзор на конзул на големите европски држави. Меморандумот немал ефект бидејќи бил отфрлен од Велика Британија. На крајот на јуни српскиот кнез Милан објавил војна на Османлиската империја, проследена по неколку дена од црногорскиот кнез Никола.