Разлика помеѓу преработките на „Абдул Азис“

Одземени 22 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
 
Абдул Азис одржувал добри односи со Втората француска република и Велика Британија. Во 1867 година тој станал првиот отомански султан кој бил во посета на Западна Европа. Неговата посета била во Обединетото Кралство каде бил прогласен за Витез на Подвеската од кралица Викторија. Во 1869 година присуствувал на oтварањето на [[Суецки канал|Суецкиот канал]].
 
По 1871 година Франција била поразена од страна на Прусија. По ова неговата надворешна политика се свртела кон градење на пријателски односи со Русија, но бунтовите на Балканот продолжиле. Во 1875 година започнало [[Херцеговинско востание (1875-1878)|Херцеговинското востание]] а следната 1876 и [[Априлско востание|Априлското востание]] во Бугарија. По ова следувале и убиствата на конзулите во [[Солун]].
 
Големите расходи на султанот за отоманската морнарица како и големите плати довеле до зголемување на јавниот долг на земјата и до зголемување на незадоволството меѓу народот. Така на 30 мај 1876 година бил соборен од престолот од страна на неговите министри, а по неколку дена и починал. Се смета дека тој се самоубил иако подоцна според султанот [[Абдул Хамид II]] тој бил убиен од неговите министри. По назначувањето на [[Мурат V]]<ref>[[Chambers Biographical Dictionary]], ISBN 0-550-18022-2, page 2</ref> за нов султан на империјата, тој веднаш започнал да покажува знаци на лудило и јавноста сакала да се врати стариот султан.
Бил сменет од тронот на 30 мај [[1876]] година најмногу поради неуспех во своето владеење и поради неуспехот во востанието во [[Бугарија]] и убиството на конзулите во [[Солун]]. Негов наследник бил [[Мурат V]].<ref>[[Chambers Biographical Dictionary]], ISBN 0-550-18022-2, page 2</ref> За време неговото владеење во [[1867]] година биле изгубени многу градови од страна на [[кнез Михаил]], во [[1862]] година започнала црногорско-турската војна, [[1875]]-[[1876]] година започнале востанијата во [[Босна]], [[Херцеговина]] и [[Бугарија]].
 
До ден денеска се уште не е познато дали овој султан се самоубил или бил убиен шест дена откако бил сменет од врвот на империјата, односно 4 јуни [[1876]] година.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Никулец за биографија}}
 
{{Отомански султани}}