Османлиско-египетска војна (1831–1833): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
== Позадина ==
 
Во текот на Грчката војна за независност, Османлиите побарале од Египет кој бил под нивна контрола да испратат воени бродови за да им помогнат на османлиските флоти. Во [[Битка кај Наварино|битката кај Наварино]] османлиските и египетските сили доживеале пораз од страна на англо-руско-францускиот сојуз. Кога по војната владетелот на египетскиот вилает Мухамед Али Паша побарал награда поради учество во конфликтот, тој бил одбиен.
 
== Конфликт ==
 
Поради ова, Мухамед Али ја испратил својата војска во Сирија под команда на неговиот син [[Ибрахим Паша]] заедно со неговата морнарица на чело со генералот Ибрахим Јакан кој заминал кон Јафа. Силите на Египет многу бргу го окупирале Ерусалим и крајбрежните региони на денешните земји Палестина и Либан.