Кирибати: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 154:
 
=== Музика ===
{{main|Музика на Кирибати}}
Фокл музиката на Кирибати е генерално базирана на пеење или други форми на вокализација придружени со танц. Јавните изведби во Кирибати се воглавно изведувани од хор придружен со гитара. За време на изведбата на танците како (''Te Kaimatoa'') или (''Te Buki'') како инструмент се користи и дрвена кутија која е конструирана со цел да дава специфичен звук кога се удира симултано од група мажи кои седат околу неа. Традиционалните песни се најчесто со љубовни мотиви, но исто така застапени се и религиозни, детски, свадбени, патриотски, воени како и оние со натпреварувачки дух.
 
===Танц===
{{main|Танц на Кирибати}}
Единственоста на танцот на Кирибати споредена со другите танци на островите во Тихиот океан е исправеноста на рацете на играчите и ненадејните движења на главата слични со движењето на птиците (''Fregata minor'') кои ги има и на знамето на Кирибати. Повеќето танци се во стоечка или седечка позиција со ограничени движења, а смеењето за време на танцување генерално се смета за вулгарност во контекстот на танцот. Ова е како резултат на потеклото на танцот според кое таанцот не е само форма на забава туку и раскажување на приказна и прикажување на вештина, убавина и издржливост на изведувачот. <ref>See [[Robert Louis Stevenson]]'s ''In the South Seas'' and the [[Montana New Zealand Book Awards]] winner ''Akekeia!'' by Tony & Joan Whincup, Wellington, 2001.</ref>
 
=== Образование ===
 
Основното образование во Кирибати е бесплатно за девет години. Високото образование е во развој, но има понуда на технички факултети, педагошки и филолошки факултети или понуда за студирање во странство.