Богдан Хмелницки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 28:
Хмељницки бил роден во православно украинско семејство, кое спаѓало во редот на помалите благородници. Како војник учествувал во битката кај Цецора (1620), каде што бил заробен и испратен на робија во [[Цариград]]. Таму останал две години, по што се вратил во родниот крај. Себеси се декларирал како [[Козаци|Козак]], а бил водач на крвавите протести на [[Козаци]]те од 1637 и 1638 год. насочени против руската власт.
 
Бил член на козачката делегација која преговарала со полскиот крал [[Владислав IV]], на средбата одржана во [[Варшава]], 1646 год. Таму било договорено Хмељницки со повеќе козачки чети да ги помага Полјаците во нивните битки против [[Отоманската империја]]. Но наредната 1647 год. кралот [[Владислав IV]] го прекршил договорот, напаѓајќи ги воените единици на Хмељницки. Притоа, Богдан бил земен како воен затвореник, но успеал да избега и да ги подготви Козаците за битка против довчерашните сојузници. Во фебруари 1648 год. се прогласил за [[хетман]], и со поддршка од [[Кримскиот канат]] ги поразил полските армии испратени против него. Таа битка се одиграла во мај 1648, а тој месец починал и полскиот монарх, по што настапила криза во [[Полско-литванска унија|Полско-литванската унија]].
 
1648 била година во која [[Украина]] доживеала големо сенародно востание, со напади врз големите земјопоседници и феудалци, католичкото свештенсто и еврејската заедница, сите по наредба на Хмељницки. По тие воени дејствија, тој успеал да воспостави организирана воена сила и нова државна администрација. Во септември истата година со успех ја завршил војната против ослабената [[Полско-литванска унија]]. Влијаел на изборот на [[Јан II Казимир]] за нов владетел на [[Полска]], претставувајќи го како водач кој се залага за мир со украинските народи. При крајот на годината, марширал на исток и триумфално влегол во [[Киев]], споредувајќи се себеси со [[Мојсеј]] кој дошол да го ослободи народот од полското ропство. Јавно ги искажал неговите намери автократски да владее со сите територии кои се протегале до [[Лвов]] на запад.
Ред 34:
Поради откажување на вазалството од [[Полско-литванска унија]], била отпочната војна со нив, која кулминирала со [[битката кај Зборов]] (1649). По одбивањето од страна на Османлиите, единствените сојузници на Хмељницки останале Татарите. Ја загубил оваа битка, по што бил потпишан мировен договор со победикот [[Јан II Казимир]], кој поставил доста неповолни услови за Козаците. Во јуни 1651 год. следела [[битката кај Берестечко]], во која Хмељницки одново бил поразен, но нему потешко му паднало предавството на кримските [[Татари]]. Почнал да ги зајакнува дипломатските односи со [[Османлиската империја]], испраќајќи амбасада во [[Цариград]]. Се потрудил и да обезбеди поддршка од [[Руското царство]], кое во тоа време бележело голем подем.
 
[[Алексеј I Романов]] бил единствениот избор на ослабениот Хмељницки, кој силно сакал да се одмазди за претрпениот пораз. Во септември 1653 год. бил потпишан [[Переславскиот договор]], во кој Богдан се заколнал на верност кон царот, а со кој украинските козаци биле ставени под руската царска управа. Дел од неговото придружништво не се согласувало со тој пакт. Но, иако ветил дека неговите потези ќе мора да бидат одобрени од рускиот монарх, Хмељницки не ја почитувал докрај до спогодбата. Од Москва почнале да се сомневаат во неговите искрени намери, па така тие во ноември 1656 год. стапиле во сојуз со [[Јан II Казимир]]. Хмељницки, одново контра руските желби и интереси, склучил договор со [[Шведска]] и [[Трансилванија]] насочен против [[Полско-литванската унија]]. Но не ја дочекал големата инвазија врз [[Полска]], бидејќи починал во август 1657 год. неколку месеци пред големата битка.
 
Оценките за историското значење и политиките на Хмељницки се различни, бидејќи во одредени интелектуални кругови се смета за голем државник, а во други за крвав бунтовник. Суштината на [[Переславската спогодба]] со [[Руси]]те била предмет на многу дебати и полемики. Во советската историографија се сметала како обединување на [[Украина]] со [[Русија]].
 
== Литература ==
[[Податотека:Khmelnytsky monument Kiev Daland.jpg|thumb|right|200px|Споменикот на Хмељницки во Киев.]]
* Basarab, John. (1982). Pereiaslav 1654: A Historiographical Study. Edmonton: Canadian Institute of Ukrainian Studies Press.
* Hrushevsky, Mykhailo. (2002). History of Ukraine-Rus", vol. 8. Edmonton: Canadian Institute of Ukrainian Studies Press.
Ред 45 ⟶ 46:
* Sysyn, Frank E. (1995). "The Changing Image of the Hetman: On the 350th Anniversary of the Khmel"nyts"kyi Uprising." Jahrbücher für Geschichte Osteuropas 46: 531–45.
* Vernadsky, George. (1941). Bohdan, Hetman of Ukraine. New Haven, CT: Yale University Press.
[[Податотека:Khmelnytsky monument Kiev Daland.jpg|thumb|right|200px|Споменикот на Хмељницки во Киев.]]
 
== Наводи ==