Јанко Типсаревиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
дополнување
Ред 71:
 
На [[Вимблдон]], Типсаревиќ во второто коло го изненадил шестиот носител, американецот [[Анди Родик]] во четири сета победувајќи го со 6–7, 7–5, 6–4, 7–6. Потоа во третото коло забележал победа од 7–6, 7–6, 6–3 над 25-от носител [[Дмитриј Турсунов]] и втора година по ред влегол во најдобрите 16 на Вимблдон. Потоа во четвртото коло загубил од [[Рајнер Шутлер]] поради повреда на ногата.
 
===2009–2010: Титула во Дејвис Купот===
Во октомври 2009, на [[Кремаљ Куп]]от во [[Москва]], тој се пласирал во своето прво АТП финале, победувајќи ги [[Даниел Колерер]], [[Кристоф Рохус]], [[Роби Џинепри]] и квалификантот [[Илија Марченко]]. Во финалето тој загубил од [[Микаил Јужни]] со 7–6, 0–6, 4–6.
 
И покрај разочарувачкиот пораз во своето прво АТП финале, тој повторно покажал добри игри наредната недела, и стигнал до своето второ полуфинале по ред (за прв пат), овојпат во [[АТП Виена|Виена]], победувајќи ги осмиот носител [[Џон Иснер]] со 7–6, 6–4, [[Михаел Берер]] со 7–6, 6–1 и третиот носител [[Гаел Монфилс]] со 6–4, 6–7, 6–3 на патот до полуфиналето. Во полуфиналето, тој бил поразен од [[Јирген Мелцер]] со 6–4, 6–7, 4–6.
 
[[File:Tipsarevic DC10 C.jpg|thumb|right|[[Дејвис Куп 2010]] : Типсаревиќ за време на натпреварот против [[Чешка]]]]
 
Во 2010, тој одлично ја започнал сезоната со пласманот во полуфиналето на [[Ченаи Опен]], каде што загубил од [[Марин Чилиќ]], кој подоцна и го освоил турнирот. Тој стигнал до второто коло на [[Отворено првенство на Австралија 2010|Отвореното првенство на Австралија]], каде што загубил од [[Томи хас]] во пет сета со 6–4, 4–6, 3–6, 6–1, 3–6. На [[Тениско првенство на Дубаи|Тениското првенство на Дубаи]], тој го победил [[Андреас Сепи]] со 7–6, 7–5 во првото коло, а потоа го изненадил третиот носител, британецот [[Енди Мареј]] со 7–6, 4–6, 6–4. Подоцна во четвртфиналето, тој загубил од седмиот носител [[Микаил Јужни]] со 3–6, 4–6.
 
Во јуни, тој стигнал до своето второ финале од АТП серијата, во [[Хертогенбош]]. На патот до финалето тој остварил победи над [[Џереми Чарди]], [[Арно Клеман]], [[Питер Лучак]], и над бранителот на титулата [[Бенџамин Бекер]], но во финалето бил поразен од [[Сергеј Стаховски]] со 3–6, 0–6.
 
На [[Отворено тениско првенство на САД|Отвореното првенство на САД]], Типсаревиќ го победил [[Оливер Рохус]] во првото коло, а потоа предизивикал големо изненадувње со победата над поранешниот шампион, седмиот носител [[Енди Родик]] во второто коло со 3–6, 7–5, 6–3, 7–6. Напредувајќи кон третото коло во [[Њујорк (град)|Њујорк]], тој се сретнал против [[Гаел Монфилс]] во натпревар кот траел три часа. Тој го загубил натпреварот со 6–7, 7–6, 2–6, 4–6.
 
По УС Опен, Типсаревиќ забележал клучни победи над [[Томаш Бердих]] и [[Радек Штепанек]] во полуфиналето од [[Дејвис Куп]]от за [[Србија]]. Подоцна во финалето, Србија ја победила Франција со вкупни 3-2, за прва историска титула во Дејвис Купот. Во Базел, Типсаревиќ бил поразен од 2-от на [[АТП]] листата, [[Рожер Федерер]] со 3–6, 4–6.
 
==Дејвис Куп==