Луис Хамилтон: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: == Луис Хамилтон == Луис Карл Дејвитсон Хамилтон е британски Формула 1 натпреварува...
 
Ред 1:
== Луис Хамилтон ==
'''Луис Карл Дејвитсон Хамилтон''' е британски [[Формула 1]] натпреварувач, довчерашен возач на тимот на [[Мекларен]] и шампион од 2008 година.
Хамилтон е роден во Стевенејџ, Хертфордшир, Велика Британија. Во Декември 1995 година, за време на церемонија при доделување на награди од автоспортот, на десетгодишна возраст Хамилтон му пришол на тимскиот шеф на Мекларен [[Рон Денис]] велејќи: „Еден ден сакам да се натпреварувам за Вас, ...сакам да возам за Мекларен“. За помалку од три години, Мекларен и [[Мерцедес–Бенц]] потпишаа договор со Хамилтон од Програмата за поддршка на млади возачи, додека по освојувањето на Британскиот формула 1 шампионат, шампионатите на [[Формула 3]] и [[ГП2]] тој веќе беше на пат да ја оствари својата желба. Луис Хамилтон во 2007 година го имаше неговото деби во Формула 1 за Мекларен, 12 години по првиот разговор со Рон Денис. Договорот од Програмата за развој на возачи на Мекларен му овозможи на Хамилтон да обезбеди професионален договор со што подоцна постана најмладиот возач во историјата на Формула 1.
Потекнувајќи од мешовито семејство, татко црнец и мајка белка, често се споменува дека Хамилтон е првиот црномурест возач во Формула 1, иако Вили Т. Рибс бил тест возач на Ф-1 од 1986 исто така со црно потекло. Тој бил првиот возач од вакво потекло кој победил на трка на патеката во [[Индијанаполис]].
Во неговата прва сезона Луис Хамилтон постави бројни рекорди и водеше битка со [[Кими Раиконен]] до последната трка, во која го загуби шампионатот за само еден поен. Следната сезона тој за прв пат стана светски шампион во Формула 1 натпреварувањето.
 
=== Личен живот ===
 
Луис Хамилтон е роден на 7 Јануари 1985 година, во Стевенејџ, Хертфордшир, Англија, а неговото име го добил по американскиот спринтер Карл Луис. Детето од мешана раса имало само две години кога неговата мајка Кармен Ларбалестир (Британка од бела раса) и таткото Ентони Хамилтон (Британец од црна раса чии родители во педесетите години емигрирале од Гренада во Британија)се разделиле. Луис оттогаш па се до неговата дванаесета година живеел со неговата мајка и двете полусестри, па потоа продолжил да живее со неговиот татко, маќеата Линда и полубратот Николас (кој боледува од церебрална парализа). Неодамна, на почетокот на 2011 година, Николас потпиша договор со Тотал Контрол Рејсинг (англиски: Total Control Racing) за започнување на тркачка кариера во рамките на Рено Клио купот.
Луис Хамилтон од страна на неговиот татко бил одгледан како римокатолик. На петгодишна возраст тој за прв пат го почувствувал управувањето „автомобил“ кога за поклон од татка си добил автомобил на далечинско управување. Една година потоа Хамилтон завршил на второто место во британскиот шампионат за управување возила со далечински управувач (англиски: British Radio Car Association или BRCA). Тој подоцна изјавуваше: „Ги возев тие колички со далечински управувач и освојував клупски шампионати против постари од мене“. За возврат Ентони на својот шестгодишен син за Божиќ му подарил картинг автомобил. Тој го убедувал Хамилтон дека ќе продолжи да ја подржува неговата тркачка кариера се додека биде одличен ученик. Сепак подржувањето на својот син станало потешка задача, па бил приморан да се откаже од својата тогашна работна позиција како ИТ менаџер и да работи како договорен изведувач. Тој понекогаш бил ангажиран и на три работни места истовремено, но и покрај тоа Ентони успевал да одвои доволно време за да присуствува на трките на кои неговиот син се натпреварувал. Подоцна Ентони Хамилтон основал своја фирма за компјутери и истовремено работел како управител на Луис Хамилтон. Денешен управител на Хамилтон е Сајмон Фулер.
Луис Хамилтон се образувал во средното државно училиште Џон Хенри Њуман во Стевенејџ, Хертфордшир. Покрај интересот за брзинските спортови, Хамилтон играл фудбал за фудбалската асоцијација на неговото училиште заедно со денешниот репрезентативец на Англија, Ешли Јанг. Хамилтон тврди дека доколку не успеал во Формула 1, би бил фудбалер или играч на крикет, бидејќи претходно настапувал за младинците на своето училиште. Тој е меѓудругото голем навивач на фудбалскиот клуб Арсенал. Подоцна Хамилтон посетувал напредната настава на високоценетиот приватен колеџ на науките и уметностите во Кембриџ (англиски: Cambridge Arts and Sciences, CATS). Кога имал пет години тој вежбал карате за да се одбрани при честите школски тепачки.
Во Октомври 2007 година, Хамилтон ја откри својата намера во јавноста за преселба во Швајцарија, велејќи дека тоа била одлука за одбегнување на честиот медиумски надзор во Британија. На британското ТВ шоу Паркинсон, тој бил запрашан дали високите даноци во земјата биле клучната причина за таквата одлука, но тој одговорил дека едноставно сакал поголема приватност. Хамилтон добил јавни критики дури од британски пратеници, вклучувајќи го и пратеникот на Либералната демократска партија Боб Расел, чие мислење било избегнување на британските даноци. Тој се преселил во малото место Луинс, во кантонот Вауд, крај езерето Женева, каде покрај него во Швајцарија живеат и други Формула 1 возачи како Михаел Шумахер, Кими Раиконен и Фернандо Алонсо. Луис Хамилтон беше еден од неколкуте супер богати личности кој во 2008 година беше искритикуван поради даночни обврски во извештај на хуманитарната организација „Кристијан Ејд“ (англиски: Christian Aid).
На 18 Декември 2007 година, Хамилтон беше казнет со едномесечна забрана за возење во Франција и одземање на неговиот Мерцедес Бенз ЦЛК, откако тој на некој од француските автопати возел 196 км/. Во Ноември истата година Хамилтон почна да излегува со водечката пејачка на амеркинаскиот поп бенд, Никол Шерцингер. Во Јануари 2010 година, беше објавено дека тие повеќе не се заедно, наводно поради посветување на нивните кариери, меѓутоа тие биле повторно забележани на Турското гран при и Гран прито на Монтреал, Канада, на 13 Јуни 2010.
На новогодишните награди во 2009 година, Хамилтон беше награден со МБЕ орден на Британската империја од Кралицата Елизабета II.
На 18 Март 2009 година, во музејот Мадам Тусо во Лондон беше претставена восочната фигура на Луис Хамилтон во неговиот препознатлив тркачки костум. Целата восочна копија чини околу 150.000 £ и за истата да се изработи биле потребни шест месеци.
Два дена пред Австралиското гран при во 2010 година, викторијанската полиција сведочеше за неконтролираното возење на Хамилтон низ улиците во Австралија кога и неговиот Мерцедес Ц63 АМГ му беше 48 часа одземен. Тој веднаш објави извештај со извинување поради неговото темпераметно возење, но откако беше обвинет за намерно губење на контрола на возило, на крајот беше казнет со 500 австралиски $.
Во Јуни 2011 година, таткото на Никол Шерцингер откри дека Хамилтон и неговата ќерка се верени, меѓутоа веста веднаш потоа беше демантирана на „Твитер“ од стрна на Шерцингер. Во Октомври 2011 беше соопштено разделувањето на Хамилтон и Шерцингер. На почетокот на 2012 година, тој го промени неговото живеалиште од Швајцарија во Монако. Истата година тој настапува во новиот анимиран филм „Tooned“ заедно со Џенсон Батон и комичарот Александер Армстронг.
 
===Почетокот на кариерата===
 
====Картинг====
 
Луис Хамилтон ја започнал картинг кариерата на осумгодишна возраст на патеката Рај Хаус Карт (англиски: Rye House Kart Circuit) и набргу потоа започна да победува и освојува шампионати во класа на кадети. Кога имал десет години тој му пришол на шефот на тимот на Мекларен Рон Денис барајќи автограм, при што рекол: „Здраво, јас сум Луис Хамилтон. Победив на британскиот шампионат и еден ден сакам да се натпреварувам со вашите автомобили“. Рон Денис покрај автограмот напишал: „Побарај ме за девет години, тогаш ќе се обидеме да направиме нешто повеќе“. Хамилтон најпрво настапуваше за Зип Јанг Ганс картинг тимот на повеќекратниот шампион Мартин Хајнс (англиски: Zip Young Guns Кart Тeam). Потоа во 1997 година, тој напредуваше од редовите на кадети до тимот на Јуниор Јамаха и откако повторно победи во првенството Супер Оне и го освои вториот шампионат, Рон Денис го исполни своето ветување и го ангажираше Луис Хамилтон во програмата за развој на возачи на Мекларен. Во договорот била вклучена можност за идно возачко место во Ф-1, со што подоцна Хамилтон би станал најмладиот професионален возач во историјата на Формула 1.
Хамилтон продолжи да напредува и тоа во повеќе картинг серии: Интерконтинентална А (1999), Формула А (2000) и Формула Супер А (2001). Во 2000 година тој беше Европски шампион со максимум освоени бодови. Негов тимски колега од ТимМБМ.ком (англиски: TeamMBM.com) во Формула А и Формула Супер А беше Нико Розберг, подоцна возач за Формула 1 тимовите на Вилијамс и Мерцедес ГП. По неговите успеси во картинг сериите, во 2000 година, Клубот на британските автомобилисти го назначи Хамилтон како член на „идна ѕвезда“.
Во 2001 година, Михаел Шумахер се одлучи за еднократно враќање во картинг сериите и се натпреваруваше токму против Хамилтон како и другите идни Формула 1 возачи Витантонио Лиуци и Нико Розберг. На крајот на трката Хамилтон заврши седми, односно четири места зад Шумахер. Иако двајцата немаа некој позначаен дуел во текот на трката, сепак Шумахер го пофали младиот Британец. „Тој е квалитетен возач, доста силен, а има само 16 години. Доколку продожи вака, сигурен сум дека ќе ја достигне Формула 1. Посебно драго е да се види дете на ваква возраст на патеката. Повеќе од очигледно е дека тој има тркачки менталитет“. -Изјави Михаел Шумахер за Хамилтон во 2001 година.
 
===Формула Рено и Формула 3===
 
Хамилтон ја започна неговата автомобилистичка тркачка кариера во 2001 година, во Британскато формула рено зимско првенство (англиски: British Formula Renault Winter Series). Покрај неговиот судар во третиот круг при едно тест возење, тој ја заврши сезоната на петото место во ова првенство. Тоа му овозможи во 2002 година уште една натпреварувачка кампања и настап за тимот на Манор Мотоспорт. На крајот на сезоната тој заврши на третото место со три победи и три пол позиции. Хамилтон остана во тимот на Манор уште една година во која го освои шампионатот со десет победи, 419 поени за разлика од неговиот најблизок ривал Алекс Лојд, кој издвојува само две победи и 377 поени. Откако го освоил првенството, Хамилтон ги пропушти последните две трки за да може да дебитира на сезонското финале во Британското формула 3 првенство. Овде тој беше не толку успешен откако на првата трка тој се повлече поради откажување на пневматик, додека на следната Хамилтон беше одведен во болница поради колизија со тимскиот колега Тор Грејвс. Тој покажа колку е навистина брз на Гран прито на Макао и Големата награда на Кореа, каде што ја освои пол позицијата во неговата прва посета на оваа патека и вкупно трета трка во Ф-3. Запрашан во 2002 година околу шансите за да стане еден од најмладите Формула еден возачи, Хамилтон одговори дека негова цел е: „не само најмлад во Ф-1... [но] да стекнам искуство и потоа да покажам што можам да направам во Ф-1“.
Кон крајот на 2004 година, Вилијамс објавува вест дека биле блиску до потпишување на Луис Хамилтон, меѓутоа оваа можност била отфрлена од снабдувачот на мотори на Вилијамс од тоа време, БМВ, одбивајќи да инвестираат за Хамилтон. Тој на крајот одново потпиша со Мекларен и во 2004 година дебитираше со Манор во првенството на Еуро Формула 3. Тимот на Манор на чело со Хамилтон забележа една победа и го завршија шампионатот на петото место. Тој исто така во Ф-3 забележал победа на Големата награда на Бахраин и возеше на една од големите награди на Макао Ф-3. Во 2004 година Хамилтон за прв пат тестираше за Мекларен на патеката Силверстоун.
За сезоната 2005, Хамилтон се пресели во Еуро натпреварувањето на шампиони АСМ каде доминираше во шампионатот и победи на 15 од 20 рунди, односно би биле 16 доколку не беше дисквалификуван од Спа Франкоршамп, кога при техничка грешка со него повлече неколкумина возачи надвор од патеката. Тој меѓудругото победи на Марлборо мастерсот на Формула 3 на патеката Зантфорт. На крајот на сезоната, Британскиот магазин Аутоспорт издаде статија „Топ 50 возачи во 2005“, рангирајќи го Хамилтон на 24 место.
 
 
===ГП2===
 
Како резултат на неговиот успех во Формула 3, Хамилтон во 2006 година премина во ГП2 натпреварувањето, во тимот на АРТ Гран При. Исто како и во Ф3, АРТ беа водечки во шампионатот и актуелни шампиони во ГП2, чиј успех го донесе Нико Розберг во сезоната 2005. Луис Хамилтон ја освои титулата во ГП2 натпреварувањето при неговиот прв обид, победувајќи ги Нелсон Пике и Тимо Глок (подоцна возачи во Ф1).
За неговите перформанси неизбежно е да се спомене убедливата победа во Нирбургринг и покрај одработената казна поради забрзување во боксот. За време на неговата домашна трка во Силверстоун, Хамилтон претекна двајца од неговите ривали во свиокот Бекетс,(брзини и до 240 км/ч) каде што ретко се претекнува. Во Истамбул тој успеа да се врати на трката по едно извртување кое во моментот го однесе на 18 место за потоа во последните кругови да се искачи дури на високото второ место. Тој ја освои титулата во необични услови, наследувајќи го последниот потребен бод, откако на Џорџо Пантано му беше поништен најбрз круг за кој исто така се освојуваат поени. На последната трка Хамилтон заврши на второто место, додека Пике, неговиот најблизок ривал заврши шести. Тоа значеше финален исход од 12 поени разлика во корист на Хамилтон.
2006 беше годината кога Луис Хамилтон настапуваше во ГП2, односно истиот период кога во Мекларен се ослободи место по заминувањата на Хуан Пабло Монтоја во Наскар и Кими Раиконен во Ферари. По неколкумесечни шпекулации кој би му се придружил на бранителот на титулата Фернандо Алонсо, дали Хамилтон, Педро Де Ла Роса или Гери Пафет, сепак Хамилтон беше оној втор потврден возач за тимот на Мекларен. Тој беше информиран на 30 Септември, но веста не беше јавно објавена се до 24 Ноември, стравувајќи да не биде засенета поради објавата за повлекувањето на Михаел Шумахер.
 
 
===Кариерата во Формула 1===
 
====Мекларен (2007-2012)====
 
====2007====
 
Пред почетокот на сезоната беше објавено дека Хамилтон ќе биде партнер со двократниот светски шампион Фернандо Алонсо, кој по напуштањето на Рено пристигна во редовите на Мекларен. На дебито во Австралија, Хамилтон трката ја заврши на третото место и со тоа стана тринаесетиот возач во историјата на Формула 1 кој при првата трка се искачил на подиумот. Во Бахраин и Барселона, Хамилтон завршуваше на второто место и го презеде водството во пласман на возачи. Тоа значеше соборување на рекордот на Брус Мекларен, односно најмлад возач кој заводил во светски шампионат.
Хамилтон на Гран прито во Монако повторно заврши на второто место, овој пат зад неговиот тимски колега Алонсо, меѓутоа по самата трка Хамилтон изразувал незадоволство за наводна тимска превенција за претекнување на Алонсо. Меѓународната автомобилска федерација – ФИА, го расчисти случајот со Мекларен по воведената истрага. Луис Хамилтон ги забележа првите пол позиција и победа во неговата Ф-1 кариера на Канадското гран при во Монтреал. Веќе следната недела победи и на Големата награда на Соединетите Држави, стана првиот Британец кој победил во САД по Џон Вотсон во 1983 година и само втор возач по Жак Вилнев, кој победил на повеќе од една трка во дебитанска сезона од самото основање на спортот.
Откако во Мањи-Кур Хамилтон издвојува трето место, позади возачите на Ферари, Кими Раиконен и Фелипе Маса, тој го зголеми водството во генералниот пласман на 14 поени. Потоа следуваше уште едно трето место на неговата домашна патека – Гран прито на Силверстоун и тоа значеше израмнување на рекордот на Џим Кларк од 1963 за девет последователни подиум финиши на еден британски возач.
Во текот на квалификациите за Европското гран при, Хамилтон се удри во шиканата „Шумахер“ откако откажал шрафот на едно од тркалата по неправилно инсталирање со хидрауличен зашрафувач. Тој беше извлечен со носилка и кислородна маска, но во свесна состојба. Хамилтон автоматски ги заврши квалификациите на десетото место поради некомплетиран летечки круг. На Хамилтон му беше дадено зелено светло за настап на трката откако неделата наутро му беше направен медицински преглед. За време на тешки временски услови со силни врнежи, на трка која се возеше под црвено знаме, Хамилтон излета во песочникот крај патеката, но сепак беше потпомогнат да биде вратен назад на трката и подоцна заврши на деветото место. Тоа беше негов прв пласман без бодови и подиум. Откако ФИА го забрани користењето механичката асистенција за враќање возило на патеката во случај на излетување, Хамилтон остана првиот и единствен Ф-1 возач кому била укажана помош од дигалка за продолжување на трка.
По една контраверзна квалификациска сесија Хамилтон издвојува победа на Унгарското гран при стартувајќи од пол позицијата. Имено, Алонсо имаше најбрзо време на квалификациите, но беше казнет со пет места наназад поради спречување на Хамилтон при излез од боксот во момент кога тој го комплетираше финалниот круг. По завршувањето на трката Хамилтон изјави дека односот со тимскиот колега Алонсо бил во најдобар ред. На Турското гран при Хамилтон имаше проблем со дупнат пневматик и на крајот мораше да се задоволи со петото место.
Алонсо беше подобар од Хамилтон на Италијанското и Белгиското гран при, оставајќи го само на два бода позитива во генералниот пласман на возачи. Меѓутоа Хамилтон повторно ја зголеми предноста во однос на Алонсо на 12 бода, победувајќи на Гран прито во Јапонија, откако Алонсо поради силниот дожд излета и не ја комплетираше трката. По оваа трка стјуардите отворија истрага врз Хамилтон поради инволвираност во инцидент, во кој додека се возело зад безбедносното возило Себастијан Фетел и Марк Вебер излетаа надвор од патеката. Триото беше ослободено од санкција два дена пред Кинеското гран при.
Хамилтон ја обезбеди пол позицијата во Кина, но условите на самата трка се одвиваа поинаку. И покрај предупредувањето од Бриџстоун, Мекларен го остави Хамилтон премногу долго на патеката со потрошени пневматици. Сето тоа Хамилтон го чинеше заглавување во песочникот и повлекување во боксот. На клучната последна трка во Бразил, Луис Хамилтон стартуваше со четири, односно седум бода предност во однос на Фернандо Алонсо и Кими Раиконен.
На Бразилското гран при Хамилтон не успеа да заврши во позиција за освојување на шампионатот, откако трката ја заврши на седмото место. Во првиот круг тој беше претекнат од повеќе болиди и се најде на осмата позиција. Во деветиот круг од трката Хамилтон имаше проблем со менувачот и воедно загуби 40 секунди. Тој успеа да надомести од загубеното и да се искачи до седмата позиција, но возачите на Ферари по тимска наредба ги заменија позициите и на крајот титула замина во рацете на Раиконен. Хамилтон постигна уште еден не толку значаен рекорд – најмлад вицешампион во Ф-1 со 22 години и 288 дена, рекорд претходно постигнат од Кими Раиконен на 23 години и 360 дена. Моментално овој рекорд го држи Себастијан Фетел кој имаше само 22 години и 122 дена кога заврши на втората позиција на крајот на шампионатот.
На 21 Октомври 2007 година беше објавена истрагата спроведена од ФИА врз возачите на Заубер и Вилијамс поради нерегуларности со системот за гориво. Возачите на БМВ трката во Бразил ја завршија на петото и шестото место и доколку би биле дискфалификувани, Хамилтон би бил всушност шампион со еден поен повеќе од Раиконен. Меѓутоа не биле извршени никакви санкции, иако Мекларен и официјално поднесе жалба на оваа одлука. Како што стои во заклучокот на комисијата: „недоволениот број докази несоодејствуваат за изрекување било какви санкции“. Хамилтон подоцна за Би Би Си изјави дека не сакал да освои шампионска титула на начин на дисквалификување други возачи.
 
====Тензии во тимот====
 
Односот на Хамилтон со тимскиот шеф на Мекларен Рон Денис датира уште од далечната 1995 година. Првата индикација на незнадоволство на Хамилтон се јавува по трката во Монако во 2007 година, кога тој заврши на втората позиција. На прес конференцијата по самата трка, Хамилтон во изјавата наведува дека тој бил приморан да биде во подржувачка улога за што ФИА поведе истрага за да се утврди дали Мекларен ги прекршил правилата за спроведување на тимски наредби. Од Мекларен негираа фаворизирање на двократниот светски шампион Фернандо Алонсо, за што потоа следеше изјава од ФИА: „Мекларен беа во можност да извршат свои тимски наредби бидејќи тие имаа значителна предност во однос на другите автомобили на патеката. Не постои никаква забелешка која би се сметала како нарушувачка во однос на исходот од трката“ – стои во соопштението.
Тензиите во тимот повторно излегоа на површина откако на Унгарското гран при во 2007 година, за време на финалниот квалификациски круг, Хамилтон во боксот беше попречуван од страна на Алонсо и притоа оневозможен да го комплетира кругот. Мекларен истакна дека Хамилтон не ја послушал претходната наредба да го пропушти Алонсо за време на квалификациите поради страв да не ја загуби својата позиција. Алонсо беше симнат за пет места наназат во стартниот поредок, отстапувајќи го првото место на Хамилтон (кој првично се квалификуваше како втор), додека Мекларен беа казнети со одземање на поените во конструктоска категорија. Хамилтон при една изјава сметал дека казната на Алонсо била „прилично мала“ и жалел за загубените поени кај конструкторите. По самиот инцидент тој бил забележан на тимското радио дека се заколнал на својот шеф Рон Денис. Во врска со тоа, британското спиесание „Аутоспорт“ тврди дека Денис исфрустрирано ги фрлил слушалките (гест кој бил погрешно протолкуван од многумина, односно тоа била реакција на радост по освоената пол позицијата на Алонсо). Сепак Мекларен подоцна издаде соопштение во име на Хамилтон во кое беше негирано употреба на било какви вулгарности. Како резултат на овие настани, односот помеѓу Хамилтон и Алонсо во еден период беше прилично влошен. Последица на сето тоа беше објавата дека Хамилтон бил цел на Лука Ди Монтеѕемоло, кој бил во потера по возач за сезоната 2008.
По спроведената истрага од страна на стјуардите однесувајќи се на случајот на Јапонското гран при од 2007, Алонсо изјави: „Јас повеќе не размислувам за овој шампионат, тоа беше одлука донесена надвор од патеките. Советувањето на возачите е бесполезно. Одете да видите што мислат Чарли Вајтинг и другите службени лица. Секој од 21 возачи има поинакво мислење, Чарли и надлежните околу него имаат свое. Тоа е исто како да говорите со ѕидот“.
Ривалството помеѓу Хамилтон и Алонсо доведе до шпекулации дека еден од нив ќе го напушти Мекларен на крајот на сезоната 2007. На 2 Ноември истата година, по заемна согласнот Алонсо и Мекларен го прекинаа договорот.
 
 
===2008===
 
На 14 Декември 2007 беше соопштено дека возачот на Рено од 2007 година Хеики Ковалаинен, ќе го управува вториот болид на Мекларен покрај Луис Хамилтон. Во Јануари 2008 Хамилтон потпиша мулти-милионски договор кој би го задржил во тимот на Мекларен-Мерцедес до крајот на 2012.
По освоената пол позиција на Австралиското гран при, Хамилтон забележа победа на првата трка во сезоната 2008. Во Малезија тој заврши на петото место откако стартуваше девети поради казната добиена за попречување на Ник Хајдфелд за време на квалификациите. Тој повторно забележа подиум финиш на Гран прито во Шпанија, завршувајќи на третото место. Хамилтон заврши втор во Турција, победи на Гран приот во Монако и се искачи на челната позиција во генералниот пласман. Во Монтреал за време на трката Хамилтон удри во задниот дел од болидот на Кими Раиконен, откако не успеал да види дека Финецот чекал на црвеното светло на излезот од боксот во моменти кога останатите возачи биле предводени од безбедносното возило. Двајцата возачи биле принудени да ја завршат трката, а Хамилтон беше санкциониран со десет места наназад на стартот на следнота трка, Француското гран при. Хамилтон излезе како победник на Британското гран при во тешки, влажни временски услови и покрај тоа што стартуваше како четврти поради грешка во квалификациите. Неговиот перформанс беше забележан како еден неговите најдобри до сега. Тој самиот изјави на прес конференцијата по трката дека тоа била неговата најтешка и најзначајна победа. Следната трка во Хокенхајм Хамилтон издвојува победа и покрај тактичката грешка на тимот.
Хамилтон победи и на Белгиското гран при, меѓутоа подоцна заработи казна поради здобивање на неправедна предност при кратење на шикана, во ситуација кога тој во обид да избегне удар во Кими Раиконен решил да ја искористи асфалтната површина. Од Мекларен изјавија дека Хамилтон се повлекол да биде повторно преминат од Кими Раиконен, но сепак беше оштетен со време од 25 секунди, што значеше пад на третата позиција. Како резултат на тоа, неговиот главен ривал Фелипе Маса беше наследник на победата. Водството на Хамилтон во генералниот пласман беше намалено на само два бода во однос на Маса и подоцнежната жалба од Мекларен до Светскиот совет за мотоспорт на ФИА беше одбиена по основ дека случајот бил недопустлив.
Седмото место на Италијанското гран при го сведе водството на Хамилтон на само еден поен. Следната трка во Сингапур Хамилтон заврши трет, додека Маса не успеа да освои бодови и разликата во однос на овие двајца повторно се зголеми на седум поени. Во Фуџи Хамилтон одработи уште една казна со возење низ боксот поради возачка грешка во првиот круг, при што неколку возачи излетаа надвор од патеката. Пред да го посети боксот Хамилтон се обиде да го претекне Маса и по грешка на возачот на Ферари, Хамилтон удри во него. Но потоа Маса исто така беше казнет со возење низ боксот. Хамилтон остана без бодови на оваа трка завршувајќи на дванаесетото место, меѓутоа Маса заврши седми и беше награден со екстра поен по казната на возачот на Торо Росо Себастијан Бурде. Севкупно на две трки пред крајот на сезоната, Хамилтон имаше преднос од пет поени пред Фелипе Маса. На Кинеското гран при Хамилтон забележа уште една победа, Маса беше втор, Кими Раиконен трет, така што на последната трка од шампионатот Британецот влезе со предност од достижни седум бода. По трката Хамилтон изјави: „Целиот викенд Бог беше со нас како и секогаш. Тимот исто така стори фантастична работа при подготовките на автомобилот, каков што секој возач би посакал“.
За да биде крунисан со титула светски шампион во Формула 1, Хамилтон требаше да заврши минимално на петата позиција во случај доколку Маса издвојува победа и притоа освои максимален број на бодови. Токму тоа и се случи. Во една драматична трка на Бразилското гран при во 2008 година, Луис Хамилтон стана светски шампион освојувајќи ја титулата буквално во последниот свиок од патеката. Пред самиот почеток на трката, патеката беше погодена од силен дожд. Хамилтон стартуваше од четвртата позиција и веднаш потоа падна на шестата по одлуката за промена на пневматици за сува подлога. Тој напреднуваше повторно до четвртото место претекнувајќи ги Физикела и Себастијан Фетел кој во моментот по трет пат го посети боксот. Хамилтон успеваше да одржува разлика пред Фетел до следниот дожд што значеше повторно промена на пневматици, овој пат за влажни услови. На два круга пред крајот Фетел го претекна Хамилтон, Британецот не можеше да ја надомести загубената позиција, па така во последниот круг тој и Фетел намалија предност од осумнаесет секунди во однос на Тимо Глок кој останал на патеката со пневматици за сува подлога. Хамилтон го претекна Глок за да стигне до петата позиција и го освои шампионатот со еден поен предност откако Маса веќе победи на трката. Покрај тоа што Хамилтон во 2008 година стана светски шампион во Формула 1, тој исто така беше најмладиот возач кој освоил титула, прв црномурест шампион во спортот, воедно и прв британски возач со освоена титула по Дејмон Хил во 1996 година.
 
====Расно навредување====
 
На 4 Февруари 2008 година, Хамилтон беше вербално нападнат односно навредуван од страна на Шпански навивачи за време на предсезонското тестирање на патеката Каталуња, носејќи црни маски, перики и маички на кои биле испишани со зборовите: „Фамилијата на Хамилтон“. Британецот стана доста непопуларна личност во Шпанија поради равалството со неговиот бивши колега, шпанецот Фернандо Алонсо. ФИА ги предупреди шпанските власти да не го повторат таквото однесување и како реакција за истото, на 13 февруари 2008 година, ФИА објави дека ќе започне кампања за „Трка против расизмот".
Кратко пред натпреварот во Бразил во 2008 година, шпанската интернет страница и гранка на њујоршката рекламна агенција ТБВА (англиски: TBWA), испрати порака наречена „дупнете ја Хамилтоновата гума“ и истата се појави во британските медиуми. Веб-страницата содржеше анимирана слика од патеката Интерлагос, каде што корисниците можеа да подметнуваат клинци и бодликави прасиња врз кои Хамилтон вози. Од 2007 година па наваму беа забележани илјадници коментари наменети за Хамилтон, додека некои од нив вклучувале расни навреди. Неговиот ривал Фернандо Алонсо ги осуди ваквите подржувачи на расизам.
 
 
===2009===
 
Луис Хамилтон сезоната 2009 ја започна од осумнаесетото место на отворачката трка во Австралија, откако Мекларен беа казнети поради промена на менувачот на моторот на Хамилтон за време на квалификациите. Подоцна за време на натпреварот тој успеа да надомести доволно од загубеното како резултат на сударот помеѓу возачите на Ред Бул Себастијан Фетел и на БМВ Роберт Кубица и се искачи до четвртата позиција. На крајот Хамилтон беше „награден“ со една позиција погоре по казнувањето на Јарно Трули поради претекнување на Хамилтон додека безбедносното возило било на патеката, меѓутоа по трката, во текот на сослушувањето на стјуардите Хамилтон и надлежните од Мекларен посочиле дека немале намера да го наседнат Трули да го претекне Хамилтон. Преку тимското радио на Мекларен беше откриено дека тоа не било навистина така. Хамилтон беше дисквалификуван од трката поради давање „лажни докази“ за време на сослушувањето. Тој притоа приватно упатил извинување на директорот на трката на ФИА, Чарли Вајтинг поради лажењето на стјуардите.
Луис Хамилтон освојуваше минимални бодови на патеките во Малезија, Кина и Бахраин. Среќата повторно му се насмевна на десетата трка од сезоната на Гран прито во Хунгароринг, каде ја оствари својата десета победа во кариерата со 11,529 секунди предност во однос на Кими Раиконен. Тоа беше прва победа на Формула 1 болид потпомогнат од системот КЕРС. Формата на Мекларен започна да се подобрува. Доказ за тоа беа второто место во Валенсија, втората победа на сезоната на Гран прито во Сингапур, како и третите места во Јапонија и Бразил. На свеченото отворање на Формула 1 трката во Абу Даби, Хамилтон водеше, меѓутоа мораше да се откаже поради технички проблем со задната сопирачка. Тоа беше воедно и прво откажување на Луис Хамилтон во Формула 1 поради технички проблеми.
 
 
===2010===
 
За сезоната 2010, по заминувањето на Хеики Ковалаинен во Лотус, совозач на Хамилтон беше неговиот сограѓанин Џенсон Батон. Луис Хамилтон во Бахраин беше трет. Во Австралија по една колизија со возачот на Ред Бул, Марк Вебер, тој заврши на шестото место. Во Малезија поради погрешна проценка на неговиот тим за време на квалификациите, Хамилтон остана со пневматици неповолни за влажни услови. Сето тоа го доведе до дваесетата позиција на стартниот поредок, меѓутоа тој на висок стил, со одлично возење трката ја заврши на шестата позиција. Хамилтон на трката доби предупредување од стјуардите, откако четири пати маневрираше пред Витали Петров во обид да ја одбрани својата позиција. По завршувањето на трката правилата беа разјаснети, односно возачите смеат да направат само еден потег при случај на одбрана на позицијата. Хамилтон на Кинеското гран при се искачи на второто место на пиадесталот зад неговиот тимски колега, а тоа значеше прва еден-два победа за тимот по Италијанското гран при во 2007 година. Тој беше инволвиран во еден инцидент кој се случи во боксот со возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел, за што подоцна двајцата возачи добија укор од стјуардите на трката. Во Монако Хамилтон се квалификуваше и заврши на петата позиција. На Турското гран при Хамилтон ја потврди неговата прва победа во сезоната 2010 и втора еден-два победа на Мекларен. На Канадското гран при Хамилтон повторно ја освои пол позицијата и го продолжи сто процентниот учинок на патеката Жак Вилнев. По завршувањето на квалификацискиот круг, Хамилтон доби наредба од тимот да запре на патеката поради недостиг на гориво во неговиот автомобил, односно преостанатото гориво не би било доволно за да биде однесено на проверка кај ФИА (како што налагаат правилата). Хамилтон беше укорен за некомплетирање на кругот за одредено време, додека неговиот тим беше казнет во висина од 10.000 американски долари. Хамилтон на трката влезе со голема самодоверба, победи и се искачи на врвот во генералниот пласман на возачи. Тоа беше воедно и третата сезонска еден-два победа на Мекларен. На Гран прито во Валенсија, Алонсо преку радиото се пожали дека Хамилтон се стекнал со предност неследејќи го безбедносното возило. Тоа ги доведе стјуардите да му изречат казна на Хамилтон со возење низ боксот, меѓутоа Алонсо и тимот на Ферари беа гневни поради загубеното време за донесување на одлуката за казнување, бидејќи тоа не резултирало врз Хамилтон кој секако заврши втор. Хамилтон потоа го обвини Алонсо за „инаетење“, но двајцата возачи веќе пред следната трка се помирија.
Хамилтон на домашната трка во Силверстоун заврши втор, четврт на Германското гран при, додека покрај малото возење по песокот на Спа Франкоршамп, тој забележа победа и го врати водството во генералниот пласман. На јапонското Гран при тој заврши петти, во Јужна Кореја втор и четврт на Бразилското гран при. На финалната трка во Абу Даби, Хамилтон заврши втор зад Фетел, кој ја освои титулата и го сруши рекордот на Хамилтон како најмлад шампион во Формула 1 на сите времиња.
 
 
===2011===
 
Хамилтон ја започна сезоната со второто место на квалификациите за Австралиското гран при и второто место ден потоа, на трката. На Гран прито во Малезија тој се квалификуваше втор, но заврши на седмото место страдајќи од абење на пневматиците и беше поминат од Фернандо Алонсо во завршната фаза од трката. Хамилтон по завршувањето на трката беше казнет со време од дваесет секунди, поради потег повеќе при одбрана на позиција и тоа значеше пад на осмата позиција. Првата победа на сезоната Хамилтон ја оствари во Кина. Во Турција беше четврт, а втор во Шпанија. На Гран прито во Монако тој се квалификуваше десетти, откако третиот дел од квалификациите беше стопиран како резултат на тешкиот судар на Серхио Перез. За време на трката тој заработи казна со возење низ боксот поради удар во Маса кај делот хотел Харпин. Потоа Алгерзуари се удри во Хамилтон кршејќи му го предното крило од болидот. Трката се возеше под црвено знаме, а истовремно Петров имаше судар, па така механичарите на Хамилтон имаа време да ја санираат штетата. По рестартот на трката Хамилтон имаше колизија со Малдонадо кај Сент Дево, за што подоцна беше казнет со време од дваесет секунди кои не се одразија на неговата крајна позиција. На интервју со Би Би Си, Хамилтон изјавил дека бил на „посета“ кај стјуардите на пет од шест трки досега и дека се чувствува како нивна жртва. Кога бил запрашан зошто бил толку често кај стјуардите, Хамилтон одговорил: „Можеби бидејќи сум црн“. Тоа е истото што го вели Али Џ.“ Подоцна тој се вратил кај стјуардите објаснувајќи ја шегата и одбегнал додатна казна.
На Канадското Гран при Хамилтон се судри со Вебер во првиот свиок пред да се врати на втората позиција зад неговиот тимски колега. Неколку круга подоцна Хамилтон се обиде да надомести за направената грешка со поминување на Џенсон Батон, меѓутоа овој бранејќи се го истурка во заштитниот ѕид и Хамилтон беше принуден да се откаже поради скршена погонска осовина. Двајцата возачи се сложија дека тоа беше една од оние работи. Во Валенсија Хамилтон заврши четврт, во Силверстоун исто така, бранејќи се од Маса и успевајќи да ги надмине проблемите со абењето на пневматиците на почетокот и штедењето гориво на крајот од трката. На Германското гран при Хамилтон ја забележа неговата втора сезонска победа откако ги надвози Вебер и Алонсо. Во Унгарија Хамилтон заврши на чевртото место покрај петте посети на механичарите и казната возење низ боксот поради истерување на Пол Ди Риеста во тревникот. Во Монца тој заврши четврт по долготрајна борба со Михаел Шумахер и одби да го обвини Германецот за неговато агресивно возење. Во Сингапур Хамилтон предизвика инцидент со Фелипе Маса кој заврши со променување на предното крило на болидот и казна возење низ боксот. За време на интервјуто по трката, Маса го обвини Хамилтон дека „незнае да го користи својот мозок“ и потоа го тапна по рамото велејќи „Добро сторено човеку, браво“, за што Хамилтон возврати да го остави на мира. Пред Гран прито во Јапонија, Хамилтон инсистираше дека не сторил ништо погрешно во тековната сезона. За време на трката Хамилтон доживеа проблем со пукнат пневматик пред повторно да се „сплетка“ со Маса. Покрај обидите на Ферари, Хамилтон да биде казнет, тој избегна казна и заврши петти. Хамилтон подоцна му посочи на Маса да „созрее“, иако призна дека неговата Формула 1 кариера е во пад. Во Кореја Хамилтон се квалификуваше на првото место и ја прекина серијата од шеснаесет последователни пол позиции на Ред Бул. Тој водеше на трката до четвртиот свиок каде беше престигнат од Себастијан Фетел и трката ја заврши на второто место. На новововедената трка во Индија, Хамилтон го забележа второто најбрзо време на квалификациите, но беше казнет со три места наназад поради игнорирање на жолтото знаме на петочниот тренинг. На трката Хамилтон заврши на седмото место по уште еден инцидент со Фелипе Маса, за што беше казнет, додека Британецот мораше да го замени предното крило. Во Абу Даби Хамилтон се квалификуваше како втор, додека на трката забележа победа. Во Бразил, Хамилтон и Маса ја завршија „расправијата“, Хамилтон се откажа, а шампионатот го заврши на петото место.
 
 
===2012===
 
Хамилтон сезоната 2012 ја продолжи во Мекларен заедно со Џенсон Батон. Тој на воведната трка во Австралија се квалификуваше на пол позицијата, меѓутоа трката ја заврши како третопласиран откако беше претекнат од Џенсон Батон на стартот и Себастијан Фетел по излезот од боксот. Хамилтон повторно беше најбрз на квалификациите на Гран прито во Малезија, но на трката беше одново претекнат, овој пат од Фернандо Алонсо и Серхио Перез за на крајот да заврши трет. Британецот во Кина го забележа третото последователно трето место, завршувајќи зад Нико Розберг и тимскиот колега Џенсон Батон. Во Бахраин тој се квалификуваше како втор, но по серија слаби резултати на механичарите во боксот, тој полека го губеше темпото во трката и заврши на осмата позиција. Хамилтон на овој натпревар меѓудругото беше вмешан во инцидент со Нико Розберг, кој во обид да ја одбрани својата позиција го истурка Хамилтон надвор од патеката. Луис Хамилтон беше најбрз и на квалификациите за Шпанското гран при, но потоа мораше да го запре возилото на самата патека поради недостиг од гориво, потребно за рутинска проверка. Стјуардите одлучија Хамилтон да биде дисквалификуван поради прекршување на правилата, па тој следниот ден трката ја стартуваше од последниот ред. Ова беше идентична грешка како онаа од 2010 година, на Канадското гран при. Иако стартуваше последен, Хамилтон успеа да се искачи до осмата позција и да заврши пред Батон, кој стартуваше десети.
Хамилтон ја постигна својата прва сезонска победа на Канадското гран при, победувајќи по трет пат на оваа патека и претекнувајќи го Алонсо во завршната фаза од трката.
На 29 Јули 2012 година, на Унгарското гран при Луис Хамилтон ја забележа својата втора сезонска победа. Тој, заедно со лидерот на шампионатот Фернандо Алонсо, Белгиското гран при го заврши уште по првиот свиок каде беше дел од судар со повеќе возила. Предизвикувач на инцидентот беше Роман Грожан, кому беше забрането настап на следната трка. Хамилтон имаше вистински повраток на патеката со уште една пол позиција, овој пат на Италијанското гран при. Тој имаше водство во поголемиот дел од трката и ја забележа третата сезонска победа со надеж за одвојување на шампионатот. Хамилтон повторно беше најбрз на квалификациите. Стартуваше прв на трката во Сингапур, но поради проблеми со менувачот додека водеше на тракта, сепак тој мораше да се повлече. Слична судбина имаше и во Абу Даби пред да забележи победа на Американското гран при во Аустин. Сезоната на Луис Хамилтон заврши со уште една пол позиција на Бразилското гран при и откажување поради колизија со Нико Хулкенберг во време кога тој водеше на трката.
 
 
===Мерцедес АМГ (2013)===
 
На 28 Септември 2012 година, после толку шпекулации, беше потврдено дека Луис Хамилтон го напушта Мекларен по завршувањето на сезоната и со тригодишен договор му се приклучува на Мерцедес, каде негов совозач ќе биде Нико Розберг.
 
 
===Стил на возење===
 
Луис Хамилтон е познат по неговиот агресивен стил на возење. Тој најчесто користи нагло вртење при влез во кривините и ја контролира промената на насоката на автомобилот. Високата самодоверба при контролата на автомобилот му овозможува на Хамилтон да профитира при влажни услови, како што демонстрираше во настапот на Бразилското гран при од 2008. Тој исто така демонстрира самодоверба при претекнување, а како доказ за тоа се триесет и двете претекнувања на четири трки во сезоната 2010.
Неговиот агресивен стил на возење најчесто привлекува критики. За пример може да се земе начинот на кој го блокирше Витали Петров, во обид да ја одбрани својата позиција на Гран прито во Малезија во 2010 година. Тогаш Хамилтон беше брз во својата самоодбрана, меѓутоа директорот на трката Чарли Вајтинг по трката појасни дека ваквите грешки во иднина ќе бидат казниви. На истото Гран при следната сезона Луис Хамилтон ја повтори грешката и притоа беше казнет.