Разлика помеѓу преработките на „Ноќ на вештерките“

[[diq:Halloween]]
[[zh:万圣夜]]
<br />
'''Ноќ на вештерките'''
 
„Ноќта„'''Ноќта на вештерките“вештерките'''“, на англиски '''Halloween''' или '''Hallowe'en '''(скратено од "All Hallows' Evening" /"Вечерта на Сите Свети"/), исто така позната и како Ноќта спроти Сите Свети (All Hallows' Eve), во голем број земји се слави секоја година на 31 октомври, ноќта спроти западно-христијанскиот празник Сите Свети (или Сите Светци). Според многу научници, овој празник првобитно бил под влијание на западно европскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, особено келтскиот Саун (Samhain). Други сметаат дека овој празник независно произлегол од Саун и има христијански корени.
 
„Ноќта на вештерките“, на англиски Halloween или Hallowe'en (скратено од "All Hallows' Evening" /"Вечерта на Сите Свети"/), исто така позната и како Ноќта спроти Сите Свети (All Hallows' Eve), во голем број земји се слави секоја година на 31 октомври, ноќта спроти западно-христијанскиот празник Сите Свети (или Сите Светци). Според многу научници, овој празник првобитно бил под влијание на западно европскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, особено келтскиот Саун (Samhain). Други сметаат дека овој празник независно произлегол од Саун и има христијански корени.
Типични активности врзани за Ноќта на вештерките се прелажи-или-чести (trick-or-treating) (исто така познат и како "маскирање", костимирани забави, правење фенери со длабење тикви - овие фенери се нарекуваат jack-o'-lanterns, палење огнови, ”вадење јаболка” (apple bobbing), посетување ”опседнати атракции”, правење шеги, раскажување страшни приказни и гледање хорор филмови.
Contents
* • 1Етимологија
• 1 Етимологија
* • 2 Историја
* o 2.1 Келтско влијание
* o 2.2 Христијанско влијание
* o 2.3 Ширење во Северна Америка
* • 3 Симболи
* • 4 Прелажи-или-почести и маскирање
* o 4.1 Костими/маски
* o 4.2 UNICEF
* • 5 Игри и други активности
* • 6 Опседнати атракции
* • 7 Храна
* • 8 Низ светот
* • 9 Религиозни перспективи
* o 9.1 Христијанство
* o 9.2 Паганство
* • 10 Галерија
* • 11 Погледнете исто така
* • 12 Користена литература
* • 13 Дополнителна лектира
* • 14 Надворешни врски
<big>'''Етимологија'''</big>
Фенери од тиква (Jack-o'-lantern) со страшен
изглед, високи 3 стапки (91,44 cm)
Зборот Ноќ на вештерките (Halloween) за прв пат е употребен во 16-тиот век и претставува шкотска варијанта на целосниот назив Ноќта на Сите Свети (All Hallows' Even ('evening')), односно, ноќта пред Денот на Сите Свети. Иако фразата Сите Свети (All Hallows') се среќава и во Стариот англиски (ealra hālgena mæssedæg, ден на миса за сите светци), изразот Ноќта на Сите Свети се споменува дури во 1556 година.
'''Историја'''
'''Келтски влијанија'''
Иако изразот Ноќ на вештерките (Halloween) има христијанско потекло, генерално се смета дека празникот има пагански корени. Историчарот Nicholas Rogers, истражувајќи го потеклото на овој празник, забележува дека иако „некои фолклористи неговото потекло го лоцираат кај римскиот празник Помона, богињата на овошките и семињата, или кај денот на мртвите наречен Parentalia(периодични обреди во чест на мртвите родители и роднини), почесто се поврзува со, келтскиот празник Саун", што доаѓа од старо ирскиот израз за „крај на летото“ ("summer's end"). Саун бил првиот и најважен од четирите квартални денови (квартелен ден се нарекувал секој од четирите фиксни денови кои по обичај го означувале првиот ден на тромесечјето - денот кога се плаќала рента и сл.) во средновековниот галски (ирски, шкотски и мански/на островот Ман во Ирското море/) календар. Овој празник се славел на или околу 31 октомври - 1 ноември, а и во другите келтски земји во истиот период од годината се славеле сродни празници; на пример бритонскиот (бритскиот) Calan Gaeaf (во Wales), Kalan Gwav) (во Корнвол) и Kalan Goañv (во Бретања). Саун се споменува и во некои дела на најраната ирска литература како и во многу важни настани од ирската митологија кои се случувале или почнувале на Саун. Овој празник го одбележувал крајот на сезоната на жетвата и почетокот на зимата или „помрачната половина“ на годината. Во ова време се правел инвентар и подготовки за претстојната зима; стоката се враќала од летните пасишта, а она што било за колење се колело. Кај повеќето галски народи имало ритуали кои вклучувале и палење огнови. Некои од овие ритуали навестуваат дека тие можеби во одреден период вклучувале и поднесување човечки жртви. На Саун исто така се изведувале и ритуали или игри со гатање.
Саун (како и Белтеин (Beltane), (еден од кварталните денови - првиот ден во мај) се сметал време кога „вратата“ од другиот свет се отовара доволно да можат душите на мртвите и други суштества како на пример самовилите, да влеза во нашиот свет. Се сметало дека на Саун душите на мртвите ги посетувале своите домови. Се одржувале гозби на кои душите на мртвите роднини со гест со раката се поканувале да се придружат на гозбата, а на масата се поставувало место и за нив. Lewis Spence го опишува како „гозба за мртвите“ и „празник на самовилите“ . Но, исто така се сметало дека на Саун биле активни и лошите духови и самовили. Луѓето преземале мерки како да ги смират или да се одбранат од овие штетни духови/самовили, а ова се смета дека влијаело на денешните костими кои се носат на Ноќта на вештерките. Пред 20-тиот век, на Саун костими се носеле само во делови од Ирска, Ман, Шкотските планини и острови и Велс. Маскирањето можеби потекнува од потребата луѓето да се маскираат пред овие штетни духови/самовили, иако некои сметаат дека маските потекнуваат од христијанските или христијанизираните верувања (погледнете подолу). Во Ирска, луѓето оделе наоколу собирајќи храна за гозбата на Саун, а понекогаш додека го правеле тоа биле и маскирани, односно носеле различни костими. Во 19-тиот век на јужниот брег на Ирска, човек облечен како бела кобила ги водел младите од врата до врата да собираат храна; со тоа што им давале храна домаќините можеле да очекуваат добра среќа од 'Muck Olla'. Во Moray во текот на 18-тиот век, момчињата ги посетувале сите куќи во селото барајќи гориво за големиот оган што се палел на Саун. Модерниот обичај прелажи-или-чести можеби потекнува од овој стар обичај. Но може и да доаѓа од христијанскиот обичај наречен souling (погледнете подолу).
7

уредувања