Монитор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Технологии на прикажување на сликата: Линкуван LCD до соодветна статија
→‎Екрани на катодна цевка: Проширен со градба
Ред 21:
[[Податотека:Belinea-monitor19crt.jpg|thumb|right|100px|Изглед на монитор со катодна цевка]]
 
Мониторите на база на катодна цевка се една од најстарите технологии за монитори. Како што и самото име кажува се состојат од една цевка која на крајот се проширува и завршува со екран кој е обложен со фосфорен материјал. На тесниот крај од цевката се состои електронски топ кој испукува сноп од негативно нелектризирани електрони, кој потоа се насочува кон екранот кој е составен од неколку илјади точки(пиксели)обложени со флуоресцентен материјал. Па во зависност од тоа кои точки се погодени тие светат и се добива сликата. Катодната цевка има задача електричниот сигнал да го претвори во визуелен сигнал видлив зачовечкото око. Елементите на катодната цевка се сместени во стаклен балон, во кој владее вакуум, и таа е аксијално симетрична. Првиот дел од катодната цевка се нарекува електронски топ. Тој е сместен во грлото на цевката и има задача да создаде млаз од брзи електрони. Првиот дел од електронскиот топ е триелектроден систем со влакно за жарење, катода, решетка наречена Венелтов цилиндар и анода. Зажарената катода емитира електрони што ги привлекува анодата која е на повисок потенцијал од катодата. Бројот на електроните што одат кон анодата се контролира со напонот на Венелтовиот цилиндар. Анодата во средината е шуплива, така што забрзаните електрони продолжуваат да се движат во вториот дел од електронскиот топ. Тука се сместени неколку цилиндрични аноди што се приклучени на различен потенцијал. Овие електроди дејствуваат како електростатски леќи и вршат фокусирање на млазот на забрзаните електрони што, на крајот, удираат во екранот. Млазот од брзите електрони што ги создава електронскиот топ поминува помеѓу два пара паралелни и меѓу себе нормално поставени отклонски плочки. Едниот пар се нарекува Y-плочки, а другиот Х-плочки.На нивните приклучници се донесуваат два напона <math>V_y.</math> и <math>V_x.</math>. Под влијаниена тие напони, помеѓу секој пар плочки се создава електростатско поле што дејствува на млазот електрони и нив ги отклонува. Отклонот од замислената оска на симетријата на цевката е пропорционален на големината на приклучениот напон и секогаш е во насока нормална на рамнината на плочките. Со ова, всушност, млазот електрони се отклонува независно во две нормални оски истовремено, наречени Y и Х-оска. Вака отклонетиот млаз дополнително се забрзува во подрачјето за дополнително забрзување, со помош на некој висо кконстантен напон од неколку киловолти. Притоа, електроните добиваат потребна енергија и удираат во екранот од катодната цевка. Екранот е премачкан со флуоресцентен материјал, обично наречен фосфор, а тоа всушност се соли на цинк, кадмиум или берилиум. Ако на ваков материјал удри електрон со доволна брзина, се јавува светла точка која, во зависност од материјалот на екранот, има зелена, сина, жолта или бела боја. За случајот опишан погоре, на екранот се добива светла точка што се отклонува во две насоки, под влијание на двата однадвор приклучени напона. Бидејќи светлата точка на екранот се задржува извесно време по престанувањето на дејствувањето на електронскиот млаз, нае кранот се добиваат криви што претставуваат зависност на две променливи големини. Цевката со маска за репродукција на слика во боја, својата работа ја заснова врз постоење на три вида флуоресцентни материјали што даваат црвена,зелена и сина светлина и кои прават мозаик на екранот во вид на посебни меѓусебе изолирани точки. Пред екранот е поставена метална маска што има околу 400.000 кружни отвори. Во цевката се сместени три електронски топа чии електронски млазови се фокусирани да паѓаат само во едно дупче од маската и секој млаз паѓа на ист вид флуоресцентен елемент од екранот. Ова се постигнува со помош на два помошни калема за конвергенција на млазот и за чиста боја. Бидејќи истовремено светат три точки на екранот, со промената наинтензитетот на светлината на овие елементи се добива визуелна претстава за другите бои од спектарот. Бидејќи голем број од електроните удираат на маската и не доаѓаат до екранот, за да се добие потребната светлина на сликата, за дополнително забрзување на млазот се користи напон од околу 24 kV. Постои друг тип катодна цевка за добивање слика во боја кај која флуоресцентниот материја за различни бои е нанесен во вид на вертикални линии, наречена цевка за боја во линии. Со неа се добива поголема ефикасност на електронскиот млаз, а електронските кола за добивање добра слика се поедноставни.
Мониторите на база на катодна цевка се една од најстарите технологии за монитори. Како што и самото име што кажува се состојат од една цевка која на крајот се проширува и завршува со екран кој е обложен со фосфорен материјал. На тесниот крај од цевката се состои електронски пиштол кој испукува сноп од негативно нелектризирани електрони, кој потоа се насочува кон екранот кој е составен од неколку илјади точки(пиксели) и како што рековме тие се обложени со флуоресцентен материјал. Па во зависност од тоа кои точки се погодени тие светат и се добива сликата.
<ref>{{
 
| title = Скрипта по електроника I дел
| publisher = Факултет за информатика
| page = 14-16
| url = http://www.scribd.com/doc/88147680/9/%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D1%86%D0%B5%D0%B2%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D1%98%D0%B0}}</ref>
Да напоменеме дека брзината на добивање на слики за овие монитори е од 50 до 100 слики во секунда. Проблемот кај овие монитори се јавува што ги заморува очите па затоа е потребно висока брзина на освежување на сликата поголема од 72Hz(слики во секунда).
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Монитор