Црна Река: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Додадов подетално објаснивање на користењето на водите од црна река во општина Кавадарци и Неготино
Ред 17:
[[Податотека:Bogorodica Železnec 01.JPG|мини|лево|Црквата „Св. Богородица“ во [[Железнец]] и Црна Река (лево)]]
 
Извира од изворот [[Црна Дупка]] во близина на селото [[Железнец]] на надморска височина од 760м. Од изворот до селото [[Бучин]], Црна Река тече низ Демирхисарско, а оттука до селото [[Скочивир]] низ нашата најголема котлина [[Пелагонија]]. Низ Пелагонија таа има правец на течење север-југ, а од атарот на селото [[Брод]] прави лак и свртува кон исток и североисток. Од селото Скочивир таа влегува во [[Скочивирска Клисура|Скочивирската Клисура]], најдолга клисура во Македонија, долга 104м, како и во највисоката област [[Мариово]]. Низ Мариово Црна Река има карактер на планинска река, бидејќи е брза, со тесно корито, со високи страни со изглед на кањон. Навлегувајќи во атарот на селото [[Галиште]], Црна Река започнува да се заезерува во должина од 30 км, бидејќи пред излезот од клисурата е подигната брана висока 105м. Така Црна Река го полни [[Tиквешко Eзеро|Тиквешкото езеро]]. Водите од Црна Река се користат (главно) за наводнување на посевите и лозовите насади насадиво општина [[Kавадарци]]и општина [[Неготино]], а потоа и за добивање на електрична енергија. Од браната во близина на селото Возарци, па до утоката во Вардар кај античкиот локалитет [[Стоби]], Црна река има особини на рамничарска река.
 
Црна Река има дваесет притоки подолги од 10 km и тоа: [[Боишка Река]], [[Стара Река]], [[Шемница]], [[Драгор]], [[Краешка Река]], [[Река Вир]], [[Лажечка Река]], [[Јелашка Река]], [[Коњарска Река]], [[Река Трновчица]], [[Градешка Река]], [[Бутурица]], [[Блашица]], [[Каменица]], [[Река Жаба]], [[Журешница]], [[Блато]], [[Крушеичка Река]], [[Дуњска Река]] и [[Река Раец]].