Разлика помеѓу преработките на „Методија Андонов - Ченто“

Додадени се повеќе релевантни факти извадени од литератури од брвни Македонски историчари.
с (Бот: Поправа пренасочувања)
(Додадени се повеќе релевантни факти извадени од литератури од брвни Македонски историчари.)
== По смртта ==
Долги години по смртта, Методија Андонов - Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во [[1990]] година, на барање на неговиот син [[Илија Андонов - Ченто]], е обновен судскиот процес против него и на [[22 октомври]], по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од [[1946]] година. На 22 октомври, претседателот на Македонија постхумно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“, орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.<ref>[http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=58617 Ченто е постхумно одликуван]</ref>
 
== Завршен дел ==
* Методија Андонов - Ченто е личност со посебни особености, кои придонесуваат да се издигне на повисоко рамниште од околината и средината. Тој по природа беше мошне борбен и природно интелигентен, што му овозможуваше брзо да ги сфаќа исовладува состојбите. Решителен, самостоен, активен и чесен Македонец, смел борец за слободата на македонскиот народ. Тој беше доволно комуникативен со народот што му овозможи да ги познава неговите потреби, интереси и приликитево кои живее. Тој се одликуваше со трудољубивост, со чесност и искреност. Заради овие негови особини Ченто мошне бргу стана многу познат, ценет и почитуван не само од прилепската чаршија и граѓаните, туку и од целиот македонски народ. Методија Андонов - Ченто беше доследен на своите определби за реализирање на историските идеали на македонскиот народ за културно, економско, социјално и национално ослободување и конституирање на суверена национална држава рамноправна со останатите балкански држави. А што се однесува до напорите за практично реализирање на овие цели, Ченто беше бескомпромисен и решителен борец, подготвен да ги поднесе, издржи и помине и најтешките препреки кои излегуваа на патот на зацртаната цел и реализирање на крајната определба. Случајот Ченто е историја на современата македонска држава, историја на идеолошки пресврти и чистки, со кои се уништуваше понагласеното истакнување на националните идеи на македонскиот народ, во името на “класните” интереси и општојугословенското братство и единство. Најчест печат на тоа време му даваше исклучивоста на пормовираната идеја дека кој е за независна и обединета Македонија, или за било кое друго решение на македонското прашање надвор од авнојската формула, тој е против Југославија, државен непријател, рушител на братството и единството на јигословенските народи и народности итн. Ниту монтираниот судски процес нема да одземе ништо одвредностите на Методија Андонов - Ченто. Тој иако е осуден на 11 години најстрог затвор со тешка физичка работа и одземање на сите граѓански права, не го менува своето мислење ниту се повлекува од искажаните визионерски државнички ставови. Тогашната власт била безмилосна и не попуштила ниту пред молбите на фамилијата за скратување на казната и ослободување на Ченто. Историјата на секој народ и држава ја сочинуваат бројни настани и личности кои со својата појава и делување оставаат неизбришливи траги како сведоштво за едно време во кое човекот како индивидуа во најголем дел го посветувал својот живот на највисоките патриотски идеали, борбата за слобода на својот народ и стекнувањето на сопствена држава. Таква личност е секако и Методија Андонов - Ченто една од најсветлите фигури во историјата на Македонија и несомнено еден од најдоследните борци за социјална правда и национална слобода на македонскиот народ. Во историјата ќе најдеме многу големи и заслужни личности, но малкумина од нив го наосат онаа гандиевското кое несомнено го имаше Ченто: скромноста, искреноста, чесноста и пред се најважното: складот помеѓу зборовите и делата. Како што веќе кажавме за македонскиот револуционер и државник Методија Андонов - Ченто во досегашната македонска историографија многу малку е говорено од аспект на презентирање на вистинското место и улога на овој виден македонски деец во периодот меѓу двете светски војни, НОБ и особено за неговиот визионерски поглед за идното државно уредување на повоена Федерална Македонија. По 1990 година се поткрена прашањето за рехабилитација на Ченто. И без тоа Ченто беше рехабилитиран пред историјата. Но, беше потребно од него да се симнат сите анатеми. Истите личности кои беа главни актери во сценарието Ченто, некогашните членови на Политбирото на ЦК КПМ дадоа согласност за политичката рехалибитација на Методија Андонов – Ченто: Лазар Колишевски, Цветко Узуновски – Абаз, Борко Темелковски – Лилјакот, некои од сведоците, од иследниците, судиите и др . Конечно, целта на рехабилитирачкиот судски процес не беше да се осудат или пак да се казнат оние кои го казнија Ченто, напротив, судскиот процес на рехабилитација во 1991 година имаше за цел да ја покаже вистината и правдата која беше доказ за исправноста на Ченто и на неговата државничка улога во тоа бурно време. Токму затоа случајот Ченто, ќе стане силна поука од едно минато време и драгоцено искуство за посветла иднина на нашиот народ, на нашата татковина. Денес Методија Андонов - Ченто е рехабилитиран и формално ослободен од хипотеката на обвиненијата за дела кои тој никогаш не ги сторил. Останаа само одот по маките негови, на неговите најблиски и се она што тие го преживеаја и пропатија во текот на изминатите децении. Токму затоа неговиот лик и дело конечно си го добија местото на пиедесталот на плејадата светли личности кои оставија длабоки и неизбришливи траги на страниците во современата македонска историја. Ченто, бил, и ќе остане еден од битните втемелувачи на македонската независна и суверена држава. Неговото залагање за правото на самопределување до отецепување по повеќе децении навистина најде практична примена на 8 септември 1991 година. Така, денес ние можеме да зборуваме за независна Македонија и како конкретна реализација на визионерските идеи на големиот син на Македонија, Методија Андонов – Ченто.
*
 
==Споменици==
2

уредувања