Густав Климт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава war:Gustav Klimt
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Redirect|Klimt|the film|Klimt (film)}}
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Infobox artist
'''[[Густав Климт]]''' ({{роден на|14|јули|1862}} - {{починат на|6|февруари|1918}}), [[Австрија|австриски]] [[сликар]] - [[симболизам|симболист]]. Неговата слика ''Портрет на Адел-Блох Бауер I'', продадена за 135 милиони долари, е третата најскапа слика во историјата.
| bgcolour = #6495ED
[[Податотека:Gustav Klimt 046.jpg|thumb|240px|"Портретот на Адел-Блох Бауер I" продадена за 135 милиони долари во 2006 год.]]
| name = Густав Климт
| image = Klimt.jpg
| caption = Фотографски портрет од 1914 г.
| birth_name = Густав Климт
| birth_date = 14 јули 1862
| birth_place = Баумгартен, Виена|Баумгартен, {{nowrap|[[Австриско царство]]}}
| death_date = {{death date and age|1918|2|6|1862|7|14}}
| death_place = [[Виена]], {{nowrap|[[Австро-Унгарија]]}}
| field = [[Painting|сликар]]
| movement = симболизам (arts)|симболизам, Арт Нову
| influenced by =
| influenced = Егон Шиле
| works = ''Џудит I'', ''Портретот на Адел Блох Бауер I'', ''Бакнежот |The Kiss'', ''Данае''
| awards =}}
<b>Густав Климт</b> е австриски сликар од симболизмот и еден од најпроминентните членови на движењето на Виенската сецесија(од герм. Wiener Sezession). Климт е познат по своите слики, мурали, скици и други уметнички дела. Основниот објект на Климт е женското тело, а во неговите дела се забележува директен еротицизам.
 
==Живот и дело==
===Детство и образование===
[[Image:Egon Schiele - Gustav Klimt im blauen Malerkittel - 1913.jpeg|thumb|right|Егон Шиле, '' Климт во светло сина руба,'' 1913]]
Густав Климт е роден во Баумгартен(герм.Baumgarten), во близината на Виена во Австро-Унгарија, второ од седум деца, три машки и четири девојчиња. Тројцата синови покажале уметнички наклоности уште од мали нозе. Неговите помали браќа се Ернст Климт и Георг Климт. Неговиот татко, Ернст Климт постариот, по потекло од Бохемија, бил гравер на злато. Ернст сè оженил за Ана Климт чии нереализирани амбиции биле да биде музички изведувач.
 
Климт живеел во сиромаштија додека студирал на Виенската школа за уметности и занаети (герм. Kunstgewerbeschule), каде што изучувал архитектонско сликање до 1883. Климт лесно ги прифатил принципите на конзервативното обучување, па неговите рани дела може да се класифицираат како академски. Во 1877 г. неговиот брат Ернст, кој исто како и татко си ќе стане гравер, се запишал на школата. Двата браќа и нивниот другар Франц Мач започнале да работат заедно и до 1880 г. добиле многу пофалби за нив како тим наречен „Друштвото на Уметници“ и му помогнале на нивниот професор во сликањето мурали во историско-уметничкиот музеј(Kunsthistorisches Museum) во Виена. Климт ја започнал својата професионална кариера со сликање внатрешни мурали и тавани на огромни јавни згради на улицата Ringstraße , вклучувајќи ја и успешната серија на „Алегории и амблеми“(Allegorien und Embleme).
 
Во 1888 г. Климт добил златен орден за заслуга од императорот Франц Јосиф I од Австрија, за неговите придонеси во муралите насликани во Бург театарот ( das Burgtheater ) во Виена. Тој исто така станал почесен член на Универзитетот во Минхен ( Universität München /LMU ) и Универзитетот во Виена(Die Universität Wien). Во 1892 г. умреле и братот Ернст, и таткото на Климт, по што тој требало да е финансиски одговорен за семејствата и на брат му, и татко му. Трагедиите исто така влијаеле и на неговата уметничка визија и наскоро тој ќе се стреми кон свој нов личен стил.
{{Никулец за биографија}}
 
Во раните деведесетти на 19 век, Климт ја запознал Емили Луиз Флоге која и покрај врските на уметникот со други жени, требала да биле негов доживотен сопатник. Дали неговата врска со Флоге била сексуална или не, е често дебатирано, но фактот е дека во тој период Климт имал најмалку 14 деца.
 
===Годините со Виенската сецесија===
Во 1897 тој стана еден од основачите и претседател на Виенската сецесија како и на периодичниот Ver Sacrum („света пролет“) на групата. Тој останал со сецесијата до 1908 г. Целите на групата биле да овозможат изложби за нови, млади сликари; да ги донесат најдобрите дела од странски сликари во Виена и да издадат весник кој ќе ги прикажува делата на членовите. Групата немала свој манифест и не поддржувала ни еден конкретен стил : натуралисти, реалисти и симболисти сите функционирале заедно. Владата ги поддржувала нивните напори и им дала закуп за да изградат сала за изложби. Симболот на групата била Атина Палада, грчката божица на правдата, мудроста и уметноста. Климт насликал радикална верзија на божицата во 1898 г.
 
Во 1894 г. Климт бил задолжен да наслика три слики со кои ќе се украси таванот на големата сала во универзитетот во Виена. Завршени кон крајот на векот, трите слики, „Филозофија“,„ Медицина“ и „Судство“(Philosophie, Medizin und Jurisprudenz) биле критикувани поради нивните радикални теми и содржина која била наречена порнографска. Климт ја трансформирал традиционалната алегорија и симболизам во нов јазик кој бил значително посексуален и со тоа и повеќе вознемирувачки. Јавното незадоволство било забележано од сите сфери, политичка, естетска и религиозна. Како резултат на тоа сликите не биле изложени на таванот на големата сала. Ова била последната јавна понуда за сликање што ја прифатил. Сите три слики биле уништени од СС силите во мај 1945 г. Неговата „Гола вистина“ ( Nuda Verita) од 1899 г. уште повеќе ќе го надразни традиционалното око. Голата , црвенокоса жена го држи огледалото на вистината а над неа стои цитат од Шилер во стилизирани букви- „Ако не можеш да ги задоволиш сите со своите дела и уметност, задоволи неколку. Да се задоволни многумина, е лошо.“.
 
[[File:Gustav Klimt 014.jpg|thumb|upright|Дел од сликата на зградата на Сецесијата во Виена
Во 1902 г. Климт ја завршил „Der Beethovenfries“ за 14 изложба на Виенската сецесија која била наменета за прославата за композиторот (Бетовен) и содржела монументална, полихромна скулптура од Макс Клингер. Бидејќи била наменета само за изложбата, сликата била насликана директно на ѕидот со лесни материјали. По изложбата, сликата била зачувана иако не била покажувана се до 1986 г. Лицето на портретот на Бетовен личело на композиторот , но и на директорот на виенската опера Густав Малер, со кој Климт имал блиска соработка.
 
Во почетокот на доцните деведесетти на 19 век тој одел секоја година на летни одмори со фамилијата Флоге на брегот на Атерското езеро каде насликал многу од неговите пејзажи. Климт бил многу заинтересиран за сликањето на предмети и тие дела го претставуваат единствениот жанр освен сликањето на (човечка) фигури за кој Климт сериозно се заинтересирал. Поради интензитетот на неговите слики локалното население го нарекувало "Waldschrat"(шумски демон). Сликите на Климт од Атерското езеро се во толкав број и квалитет што заслужуваат да бидат особено ценети. Формално, пејзажите се карактеризираат со истата префинетост на дизајнот и емфатичен модел како и делата со фигурите. За делата од Атерското езеро се смета дека Климт ги насликал додека гледал низ телескоп.
 
===Златната фаза===
[[File:Gustav Klimt 016.jpg|thumb|left|[[Бакнежот (Klimt painting)|''The Kiss'']] 1907–08. [[Австриска галерија- Белведере]], [[Виена]]]]
"Златната фаза" на Климт била обележана со позитивна критичка реакција и успех. Многу од неговите слики од овој период содржат златни листови; истакнатата употреба на злато може прво да се забележи кај „ Атина Палада“(Pallas Athene, 1898) и„ Џудит I“(Judith I, 1901), иако попопуларните дела поврзани со овој период се „Портретот на Адел Блох-Бауер I“ (Adele Bloch-Bauer I ,1907) и „Бакнежот “(der Kuss, 1907-1908). Климт не патувал многу, но патувањата до Венеција И Равена, и двата града познати по прекрасните мозаици, најверојатно ја инспирирале неговата златна техника и византиската визуелизација. Во 1904 година, тој соработувал со други уметници на раскошната „Palais Stoclet“, домот на богат белгиски индустријалист, која била еден од најзначајните споменици на ерата на Арт Нуво(Art Nouveau). Придонесот на Климт за трпезаријата на палатата, вклучувајќи ги и „Исполнување“(Erfüllung) и „Очекување“(Erwartung), биле едни од неговите најдобри декоративни дела, и како што и самиот јавно изјавил: „можеби и крајната фаза на мојот развој на орнамент“. Помеѓу 1907 и 1909 г. Климт насликал 5 слики на жени завиткани во крзно. Неговата очигледна љубов кон костимите е изразена и во многуте фотографии на кои Флоге позира во алишта кои тој ги дизајнирал.
 
Додека работел и одмарал дома, Климт обично носел сандали и долга наметка без долна облека. Неговиот едноставен живот бил помалку изолиран, живеејќи посветен на своето творештво и фамилија и скоро ништо друго освен движењето на сецесијата; ја избегнувал кафе културата и социјализирањето со други уметници. Славата на Климт обично ги носела покровителите до неговата врата така што тој можел да си дозволи да биде пребирлив. Неговиот метод на работа бил со конкретна цел, на моменти макотрпен и барал долги позирања од неговите модели. Иако бил многу сексуално активен, неговите афери биле дискретни и избегнувал скандали. Климт скоро воопшто и не пишувал за неговата визија и методи. Најчесто испраќал разгледници до Флоге и не пишувал дневник. Во еден од ретките записи наречен „ Коментар за непостоечки автопортрет“ тој вели :„Никогаш не сум насликал автопортрет. Помалку сум заинтересиран за себе како предмет на сликање, од други луѓе, особено жени...Нема ништо посебно за мене. Јас сум сликар кој слика ден по ден, од утро до мрак.....Оној што сака да знае нешто за мене.... треба внимателно да ги погледне моите слики“.
 
Во 1901 г. Херман Бар напишал во својот „Говор за Климт“( Rede für Klimt ): „Само љубовник може на човек да му открие што значи животот за него и да го развие неговото најсуштинско значење. Јас го чувствувам истото за овие слики. “
 
===Смрт и постхумен успех===
[[File:Gustav Klimt 046.jpg|thumb|''Адел Блох Бауер I''.]]
 
Во 1911 г. неговата слика „Живот и смрт“( Tod und Leben ) ја добила првата награда на светската изложба во Рим. Во 1915 г. починала неговата мајка Ана. Климт починал 3 години подоцна во Виена на 6 февруари 1918 г. откако добил мозочен удар и пневмонија поради епидемијата на грип која нападнала таа година. Бил погребан на Хитцингшките гробишта во Хитцинг, Виена. Голем број слики останале незавршени. Делата на Климт добиле едни од највисоките награди забележани за индивидуални уметнички дела. Во ноември 2003 г. „Селска куќа на Атерско езеро“(Landhaus am Attersee) на Климт била продадена за 29 128 000 долари, но таа била брзо занемарена од други (повисоки) цени кои биле платени за други дела на Климт. Во 2006 г. портретот од 1907 г., „Аделе Блох Бауер I“ бил купен од Роналд Лаудер за Новата галерија (Њу Јорк) за проценети 135 милиони американски долари преминувајќи ја „Момче со луле“(Garçon à la Pipe) на Пикасо од 1905 г., со што станала највисоката пријавена цена некогаш платена за слика. На 7 август 2006 г., аукциската куќа „Кристи“ објавила дека ја води продажба на преостанатите четири дела на Климт, кои ѝ биле вратени на Марија Алтман и другите наследници по долгата правна битка против Австрија. Портретот Адел Блох Бауер II бил продаден на аукција во ноември 2006 г. за 88 милиони долари што било третото највисоко проценето уметничко дело во тоа време. „Јаболково дрво I“(Apfelbaum I) , од околу 1912 г., продадено за 33 милиони, „Брезова шума“(Birkenwald, 1903 г.) за 40,3 милиони и „Куќи во Унтерах на Атерско езеро“ (Häuser in Unterach am Attersee 1916 г. ) за 31 милион долари. Како колекција, петте слики достигнале повеќе од 327 милиони долари. Обична, рутинска слика од Атерското езеро достигнала 40,4 милиони во Сотби, ноември 2011 г.
 
==„Das Werk Gustav Klimts“==
Единственото портфолио создадено додека бил жив е, Das Werk Gustav Klimts, првично објавено од страна на „HO Miethke“ (на „Gallerie Miethke“, галерија ексклузивно за дела на Климт во Виена) 1908-1914 г. и било надгледувано од самиот уметник. Педесет графики кои ги прикажуваат најважните слики на Климт (1893-1913) биле репродуцирани користејќи фототипна литографија, нанесена на тешка, кремаста, ватман хартија со мазни рабови. Триесет и една од сликите (десет од нив се во боја) се испечатени со „Chine-Colle“ техника, додека останатите деветнаесет се со високиот квалитет на “halftones“ техниката. Секое од делата е обележано со уникатен печат креиран од самиот Климт, кој бил втиснат на хартијата во златно-металик боја. Испечатените примероци биле издадени во групи од по десет до претплатниците, во црни папки на кои е врежано името на уметникот. Поради деликатната природа на фототипната литографија, како и потребата за печатени примероци во боја (нешто што тешко се остварува со фототип) и самата желба на Климт за совршенство, серијата што била објавена кон средината на 1908 г. не била завршена до 1914 година.
 
Секое од петте дела било вметнато во пет теми:
# Алегориски (ги вклучува примероците во повеќе бои на Златниот витез(1903 г.) и Девица (die Jungfrau), околу 1912 г.)
# Митски/библиски (Атина Палада(Pallas Athene), 1898 , Џудит I (Judith I), 1901 г., и Данае(Danaë), 1908
# Портрети (Емили Флоге (Emilie Flöge), 1902
# Еротско-симболистички (Водна змија I и II(Wasserschlangen) 1907-1908 и Бакнежот( der Kuss), 1908 г.)
# Пејзажи( Сончоглед (die Sonnenblume), 1906 г. )
 
Монохроматските фототипи како и делата во полутон биле печатени со разни обоени мастила како сепија, сина и зелена.
 
Австрискиот цар Франц Јозеф И бил првиот кој го купил сетот „Das Werk Gustav Klimts“ во 1908 г.
 
===Fünfundzwanzig Handzeichnungen (дваесет и пет цртежи)===
Колекцијата „Fünfundzwanzig Handzeichnungen“ била издадена една година по смртта на Климт и се состои од 25 цртежи, многу од кои се еротски по природа и исто толку контроверзни како и неговите сликани дела. Издадено во Виена во 1919 година од страна на „Gilhofer & Ranschburg“, изданието содржи дваесет и пет монохроматски и двобојни фототипни репродукции кои едвај се разликуваат од сликите од кои потекнуваат. Иако сетот бил издаден една година по смртта на Климт, некои историчари на уметноста сметаат дека тој работел на предпродукцијајата поради методолошката природата на графиката (Климт го надгледувал производство на плочите за„ Das Werk Густав Klimts“, осигурувајќи се дека секоја од нив е направена точно по неговите спецификации).Исто така првите десет изданија содржеале оригинален цртеж од самиот Климт. Голем дел од делата содржани во оваа книга отсликуваат еротски сцени од голи жени, некои како мастурбираат сами или во пар во сапфонски прегратки. Кога дел од оригиналните цртежи биле изложени за јавноста во галеријата „Miethke“ во 1910 година и на Меѓународната изложба на графики и цртежи во Виена во 1913 година, тие биле осудувани од критичарите и гледачите кои отворено го изразувале негодувањето кон современата перспектива на Климт. Но сепак постоела публика за еротските слики на Климт. 15 од нив биле избрани од виенскиот поет Франц Блеј за неговиот превод на „Dialogues of the Courteseans“ од грчкиот сатиричар Лукијан. Ограничена на 450 примероци, книгата му овозможила на Климт да ги прикаже своите сензуални претстави на жени и да избегне цензура благодарение на малата(најчесто содржана од мажи) публика.
 
===Gustav Klimt An Aftermath===
Составен во 1931 од уредникот Макс Ајслер и печатен од страна на австриската држава печатница, „Gustav Klimt An Aftermath“ бил наменет да го заврши животното портфолио „Das Werk Gustav Klimts“. Портфолиото содржи 30 обоени фототипи и следи сличен шаблон забележлив во„ Das Werk Gustav Klimts“. Сто и педесет комплети биле произведени на англиски јазик, од кои 20 биле претставени како "гала изданија" врзани со позлатени кожа. Сетот содржи детални слики од претходно објавен дела.
 
==Галерија==
<gallery widths="140px" heights="140px" perrow="4">
File:Philosophy-final-state-1907.jpg|''Филозофија'' 1899–1907.
 
File:Medicine-final-state-1907.jpg|''Медицина'' 1899–1907.
 
File:Jurisprudence-final-state-1907.jpg|''Судство'' 1899–1907.
 
Image:Gustav Klimt 039.jpg|''Џудит I'', 1901.
 
File:Gustav Klimt 053.jpg|''Портретот на Хермин Галија'', 1904.
 
Image:Gustav Klimt 010.jpg|''Данае''
 
File:Hope2-Klimt.jpg|''Надеж II,'' 1907–08,
Image:Gustav Klimt 068.jpg|''Авенија во паркот Шлос Камер''
Image:Klimt Mulher sentada.jpg|''Мастурбација'', 1916
Image:Gustav Klimt 021.jpg|''Девојки'' или ''Две другарки'', 1916–17
 
</gallery>
 
[[Категорија:Австриски сликари]]
[[Категорија:Австриски симболисти]]
 
[[ar:غوستاف كليمت]]
Ред 27 ⟶ 114:
[[et:Gustav Klimt]]
[[el:Γκούσταφ Κλιμτ]]
[[en:Gustav Klimt]]
[[es:Gustav Klimt]]
[[eo:Gustav Klimt]]
Ред 48 ⟶ 134:
[[lij:Gustav Klimt]]
[[hu:Gustav Klimt]]
[[mk:Густав Климт]]
[[mi:Gustav Klimt]]
[[mr:गुस्टाफ क्लिम्ट]]