Историја на Пиринска Македонија (1913 - 2005): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
''Види [[Прва балканска војна]]''
 
По завршувањето на Балканските војни, [[Пиринска Македонија|Пиринскиот дел на Македонија]] заедно со [[Струмичко|Струмичката област]] влегуваат во составот на царството [[Бугарија]]. Во рамки на Париската мировна конференција по завршетокот на Првата светска војна, со Нејскиот мировен договор од [[1919]] година, [[Бугарија]] го отстапува [[Струмичко]] на кралството [[Југославија]], при што Пиринскиот дел на Македонија ги добива границите во кои е определен се до денешни дни. Во периодот по Балканските и меѓу двете светски војни, врз основа на договорите за размена на население помеѓу [[Бугарија]] и [[Грција]], значаен број на [[Македонци]] од [[Егејска Македонија]] се доселува во овие краишта. Исто така, во овој период [[ВМРО]] на [[Тодор Александров]], а подоцна и [[Ванчо Михајлов]], ја користат [[Пиринска Македонија]] како база и засолниште од каде често се уфрлуваат во [[Вардарска Македонија]] извршувајќи вооружени напади врз српската (југословенската) жандармерија, војска како и врз населбите со српски доселеници - колонисти. Дејноста и организираноста на [[ВМРО]] на [[Тодор Александров]] и [[Ванчо Михајлов]] ќе бидат толку големи, што тие во [[Пиринска Македонија]] ќе воспостават своја неазвисна власт, за што на крај ќе мора да интервенираат и официјалните бугарски власти под наредба на бугарскиот цар за нејзино отстранување.
 
== Пиринска Македонија во Втората светска војна ==