Конкуренција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: ==Конкуренција== Конкуренцијата во биологија, екологија и социологија е натпревар м...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{без наводи}}
{{викифицирање}}
{{внимание}}
==Конкуренција==
Конкуренцијата во биологија, екологија и социологија е натпревар меѓу организми, животни, индивидуи, групи, итн., за територија, живеалиште, за ресурси и материјални добра, за углед, почит, награди, пријатели, статус во групата или општеството, за моќ; она што е спротивно од соработка. Произлегува секогаш кога најмалку две страни тежнеат кон една цел која неможе да се дели или која е посакувана само индивидуално а не заеднички и со соработка. Конкуренцијата настанува по природен пат помеѓу живи организми кои имаат соживот во иста животна средина. На пример, животните се натпреваруваат меѓу себе за залихи на вода, храна, партнери или други биолошки ресурси. Луѓето најчесто се натпреваруваат меѓу себе заради храна и партнери, иако кога овие потреби се задоволени, длабоко соперништво произлегува од потрагата по богатство, углед и слава. Конкуренцијата е исто така и важно начело во пазарната економија, и бизнисот е честопати поврзуван со конкуренцијата бидејќи повеќето компании се во натпревар со најмалку една друга компанија за истата група на потрошувачи, а конкуренцијата во една компанија најчесто се поттикнува и за да се задоволат и постигнат услуги и производи од повисок квалитет што самата компанија ги произведува или развива.