Разлика помеѓу преработките на „Брак“

Додадени 43.608 бајти ,  пред 9 години
нема опис на уредувањето
'''Брак'''
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Бракот''' претставува заедница на две или повеќе лица од различен [[пол]] и како таква претставува основа за градење на [[семејство]]. Мажите во бракот уште се нарекуваат и '''сопруг''', а жените '''сопруга'''.
 
Брак (исто така наречен брачен живот или брачна заедница) е општествена заедница или правен договор меѓу луѓето наречени сопружници коишто создаваат сродство. Дефиницијата за бракот варира во зависност од различните култури, но вообичаено е институција во која меѓучовечките односи, обично интимните и сексуалните се признаени. Таквата заедница често се официјализира преку свадбена церемонија. Што се однесува до законското признавање, повеќето суверени држави и други јурисдикции, го ограничуваат бракот на две личности коишто се од различен пол или род во родовата бинарност а некои од овие дозволуваат полигамен брак. Од 2000 година неколку земји и некои други јурисдикции ги легализираа [[истополни бракови]]. Во некои култури бракот се препорачува или е задолжителен пред извршување на било каква сексуална активност.
'''Бракот''' може да биде доброволен - кога брачните партнери сами, по своја волја се решаваат да ја формираат заедницата, или договорен - по налог на други лица, најчесто родителите на брачните партнери или поширокиот семеен круг, семејниот старешина, племенскиот старешина и тн.
* Луѓето стапуваат во брак од најразлични причини меѓу кои: легални, социјални, поради тоа што се заљубиле, либидални, емоционални, финансиски, духовни и религиозни. Браковите можат да се склучат со лаичка граѓанска церемонија или во религиозна средина. Чинот на свадбата обично создава нормативни и правни обврски помеѓу вклучените поединци. Некои култури дозволуваат раскинување на бракот преку [[развод]] или поништување. Полигамните бракови можат да се склучат и покрај националните закони.
* Бракот може да биде признат од [[држава]], од [[организација, од верска власт, од племенска група, од локална заедница или врсници. Често, на бракот се гледа како на договор. Граѓански брак е правен концепт на бракот како владина институција, без оглед на верската припадност, во согласност со законите за брак на надлежноста. Во некои јурисдикции присилените бракови се нелегални.
== Дефиниции==
Антрополозите предложија неколку компетентни дефиниции за бракот , со цел да опфати широкиот спектар на брачните практики забележани низ културите. Во својата книга ,,The History of Human Marriage” (1921), Едвард Вестермарк го дефинира бракот како „врска помеѓу мажот и жената којашто, надвор од самиот чин на размножување па сè до после раѓањето на подмладокот, трае повеќе или помалку”. Во ,,The Future of Marriage in Western Civilization” (1936), тој ја отфрла неговата претходна дефиниција и наместо тоа приверемено го дефинира бракот како „однос на еден или повеќе мажи со една или повеќе жени којшто е признаен од страна на обичаите или законот”.
Во антрополошкиот прирачник „ Notes and Queries” (1951), бракот е дефиниран како „заедница меѓу маж и жена, во којашто децата родени од жената се признати како легитимни потомци на двајцата партнери”. Како признание на искуството, од страна на Нуер од Судан, којшто им дозволува на жените во одредени околности да ги вршат функциите на сопругот, Кетлин Гоф предложи да се смени ова во „ една жена и едно или повеќе други лица.”
Едмунд Лич, дефиницијата на Гоф ја оцени како премногу рестриктивна во однос на признатите легитимни потомци и предложи на бракот да се гледа како однос на различните видови права коишто служат за негово воспоставување. Лич ја прошири дефиницијата којашто гласеше : „ бракот е врска воспоставена помеѓу една жена и едно или повеќе други лица, која предвидува дека дете родено од жената под околностите коишто ги дозволуваат правилата на една врска, ги ужива сите права по раѓањето, коишто се заеднички за сите вообичаени членови на неговото општество и општествени слоеви ”. Лич тврдеше дека не постои една дефиниција за бракот којашто е заедничка за сите култури. Тој понуди листа со десет права коишто важат за бракот, меѓу кои сексуалниот монопол, права коишто се однесуваат на децата и за одредени права коишто се разликуваат во различни култури.
Дуран Бел, исто така, ја критикуваше дефиницијата заснована врз легалност, како резултат на тоа што некои општества не бараат легалност на бракот тврдејќи дека во општествата каде незаконитоста значи само дека мајката не е во брак и нема други правни заплеткувања, дефиницијата за бракот заснована врз легалноста е кружна. Тој предложи дефинирање на бракот во однос на сексуалните права на пристап.
== Етимологија==
Зборот ,,marriage”доаѓа од средноанглискиот јазик ,,mariage”, којшто првпат се појавува во 1250-1300 година од нашата ера. Ова наизменично е изведено од старофранцуското marier (to marry) и на крајот од латинското marītāre што значи да си најдеш сопруг или сопруга и marītāri со значење да се омажиш. Придавката Marit-us-а-um со значење брачен или брак, исто така, може да се користи во машки род како именка за ,,[[маж]]” и во женски род за ,,[[жена]]”. Сродниот збор ,,matrimony” потекнува од страофранцускиот збор ,,matremoine” кој се појавува околу 1300 година од нашата ера и на крајот на краиштата потекнува од латинскиот,, mātrimōnium” која е комбинација на два концепти matermeaning ,,[[мајка]]” и суфиксот-monium означува ,,акција, држава, или состојба. ”
== Историјата на бракот по култури==
Иако бракот и претходи на веродостојната пишана историја, многу култури имаат легенди во врска со неговото потеклото. Начинот на којшто бракот се одвива, неговите правила и последици се менуваа со текот на времето, како и самата институција во зависност од тогашната културата и демографија. Различни култури имаат свои теории за потеклото на бракот. Пример за тоа може да е уверувањето во татковството на своите деца. Поради тоа, тој би можел да биде подготвен да плати цена за невестата, или да се грижи за една жена во замена за ексклузивен сексуален пристап. Наместо неговата мотивација легалноста е последица на оваа спогодба. Во општеството Comanche, мажените жени работат понапорно, ја губат сексуалната слобода и не изгледа како да имаат било каква корист од бракот. Но жените стасани за мажачка се извор на завист и неслога во племето, па затоа тие немаат многу голем избор, освен да се омажат. ,, Со цел да се намали напнатоста на овој натпревар, во речиси сите општества пристапот до жените е регулиран на некој начин,”. Во историјата постоеле форми на групен брак коишто вклучуваат повеќе од еден член од секој пол, и поради тоа ниту се полигамични ниту полиандрични. Меѓутоа овие форми на бракови се многу ретки. Американскиот антрополог Џорџ П. Мурдок во 1949 година пријавил 250 општества од коишто само во Caingang во Бразил била присутна секоја група на бракови, воопшто.
Постојат најразлични обичаи во бракот ширум светот. Во некои општества поединецот е ограничен да биде само во еден брак ([[моногамија]]), додека пак други култури дозволуваат мажот да има повеќе од една жена ([[полигамија]]), или поретко, жените да имаат повеќе од еден сопруг ([[полиандрија]]). Некои општества дозволуваат склопување на брак помеѓу двајца мажи или две жени. Општества често го ограничуваат бракот на други начини какошто се, возраста на учесниците, постоечко сродство, и членство во верски или други општествени групи.
== Древниот Израел==
На жената се гледало како на скапоцено битие и затоа, внимателно се водело грижа за неа. Раните номадски заедници практикувале форма на бракот познат како Beena, кадешто жената поседува сопствен шатор, во кој имала целосна независност од својот сопруг. Изгледа дека овој принцип се уште постои кај делови од примитивното израелско општество, како што е опишано во некои од почетните пасуси од Библијата, кадешто се прикажани одредени жени коишто поседуваат шатор како личен имот (конкретно, Џаел, Сара, и жените на Јаков). Во подоцнежни времиња, опишува Библијата дека на жените им се дадени највнатершните соба/и од куќата на мажот како нивна сопствена територија, којашто е забранета за мажот, додека пак богатите мажи им доделувале на секоја од нивните жени по една цела куќа за таа намена.
Сепак, тоа не бил живот каде што имале целосна слобода. Опишувањата од [[Библијата]] кажуваат дека од жената се очекува да извршува одредени задачи во домаќинството: предење, шиење, ткаење, производство на облека, донесување на вода, печење на леб, и сточарството. Книгата ,,Соломонови изреки” содржи цел акростих за задачите коишто би требало да ги извршува достоинствена сопруга. Мажот исто така, е индиректно имплициран во поседувањето некакви одговорности кон својата жена. ,, [[Ковчегот на Заветот]]” го обврзува мажот којшто има две жени (полигамично) да не ја лиши првата сопруга од храна, облека, ниту од сексуална активност. Доколку мажот не и ги обезбеди овие работи на жената, таа ќе биде разведена без притоа да има трошоци. Талмудот ова го толкува како барање од еден човек да обезбеди храна и облека, и да има секс со секоја од неговите сопруги, дури и ако тој има само една. Како полигамично општество, Израелците немале никаков закон којшто наметнува брачна верност кон мажот. Според библиските закони сепак како предмет на [[смртна казна]] биле мажените и свршените жени коишто биле неверни, како и нивните машки соучесници. Според Свештеничкиот законик од Четвртата книга Мојсеева(броеви), доколку една бремена жена е осомничена за неверство, таа треба да се стави на искушение наречено ,,пелин вода”, вид тешко искушение, но за кое е потребно чудо за да се прогласи за виновна. Библиските фигури коишто пишуваат сопствени пророштва, укажуваат на тоа дека прељубата е честа појава и покрај нивните силни протести и правни строгости против истата.
== Европа==
Во [[Античка Грција]], не била потребна конкретна граѓанска церемонија за стапување во брак- само меѓусебен договор и фактот дека двојката мора да се почитува меѓусебно како сопруг и сопруга, соодветно. Мажите обично стапувале во брак во нивните 20-ти, а жените во своите тинејџерски години. Се смета дека овие возрасти им биле прифатливи на Грците, бидејќи мажите генерално во своите доцни 20-ти, го отслужиле својот воен рок и се финансиски стабилни, како и бракот со млада девојка, со којшто се обезбедувало доволно време за таа да раѓа деца, бидејќи животниот век во тој период бил значително понизок. Мажените Грчки жени имале малку права во античкото грчко општество, од нив се очекувало да се грижат за куќата и децата. Времето било важен фактор во грчкиот брак. На пример, постоеле суеверија дека ако стапиш во брак на полна месечина ќе имаш среќа и според Роберт Флацелиер, [[Грците]] стапувале во брак во зима. Наследството било многу поважно од чувствата, жена чијшто татко умира а нема машки наследници, може да ја принудат да се омажи за својот најблизок роднина, дури и ако таа мора првин да се разведе од нејзиниот сопруг.
Постојат неколку видови на бракови во античките римски општества. Традиционалниот ("конвенционален") вид, наречен conventio in manum имплицирал церемонија со сведоци, и на истиот тој начин му се ставало крај. Кај овој вид на брак, жената ги губи правата над семејното наследство од нејзиното претходно семејство, а се здобива со истите тие права во новото семејство. Таа сега е под власта на својот маж.
Во тоа време постоел и слободен брак познат како sine manu. Со оваа спогодба жената си останува член на нејзиното оригинално семејството, под надлежност на нејзиниот татко, ги задржува правата над семејното наследсвто а ги губи од нејзиното ново семејство. Минималната возраст за мажење на девојки била 12 години. Меѓу античките германски племиња, невестата и младоженецот биле приближно на иста возраст и обично се постари од своите римски колеги, според Тацит: Со стапувањето покасно во брак, младите момчиња си ја задржуваат енергијата. Девојките исто така не се принудени да побрзаат со мажењето. Како возрасни и целосно дораснати, мажите им одговараат на нивните пријатели на возраст и сила, а нивните деца ја репродуцираат моќта на родителите.
Онаму каде што [[Аристотел]] го постави премиерот на животот на 37 години за мажи и 18 за жени, Визиготскиот кодекс на законот во 7-миот век го стави премиерот на животот на дваесет години и за мажи и за жени, период после кој најверојатно двајцата би стапиле во брак. Може да се претпостави дека повеќето од античките германски жени имале најмалку дваесет години кога се венчале и биле приближно на иста возраст со нивните сопрузи. Од почетокот на [[христијанската ера]] (30-325 н.е), бракот првенствено се сметал како приватна работа, без притоа да е задолжителна постојаната верска или друга церемонија. Сепак, епископот [[Игнатиј Антиохиски]] во писмото упатено до Епископот [[Поликарп Смирнски]], околу 110 година, поттикнува дека: ,, мажите и жените коишто стапуваат во брак доликува да формираат сојуз со одобрение на Епископот, дека нивниот брак може да биде во согласност со Бога, но не после нивната страст.”
Во 12-тиот век жените се обврзани да го земат името на нивните сопрузи и почнувајќи од втората половина на 16-тиот век, за баркот да се реализира потребна е согласноста од родителите заедно со согласноста на црквата.
До 1545 годиина, со неколку општи исклучоци, христијанските бракови во Европа се склучувале со взаемна согласност, изјава со намера за стапување во брак и за понатамошна природна заедница на страните. Двојката би си ветила вербално дека тие ќе стапат во брак, а присуството на свештеник или сведоци не било задолжително. Ова ветување е познато како ,,verbum”. Ако одговорот е слободен и во сегашно време (на пр. ,, јас се мажам за тебе”), тоа е несомнено обединување, за разлика од одговорот во идно време (,,јас ќе се омажам за тебе”) , којшто би претставувало [[свршувачка]]. Една од функциите на црквите во средниот век била регистирањето на браковите, коешто не било задолжително. Државата не била вмешана во бракот и личниот углед, бидејќи овие прашања се надминати со црковните судови. За време на [[средниот век]], браковите биле договарани, во некои случаеви уште од раѓање и раното давање на збор служело за обезбедување на договори помеѓу различни кралски семејства, благородници и наследници на феудални имоти. Црквата не ги одобрувала овие наметнати сојузи и го зголемила бројот на причини за поништување на ваквите спогодби. Со ширењето на христијанството во римскиот период и во средниот век, се зголемува и проширува и идеата за слободен избор на брачните другари.
Просечната возраст за стапување во брак кај луѓето од Северозападна Европа од крајот на 14-тиот век до 19-тиот век била околу 25 години.Според одредбите на црквата за стапување во брак без согласност на родителите, двајцата партнери мора да имаат најмалку 21 година. Невестата и младоженецот биле приближно на иста возраст, во повеќето случаеви невестите биле во нивните рани дваесетти, додека пак младоженците биле две или три години постари. Особено во урбаните средини, значителен број на жени се омажиле за прв пат во нивните триесети и четириесети години.Зголемувањето и намалувањето на просечната возраст за стапување во првиот брак, се менува според околностите. Во подобри времиња, луѓето би можеле да си дозволат да стапат во брак порано и на тој начин да ја зголемат плодноста и обратно кога времињата биле лоши браковите биле одложени и предодредени а со тоа се ограничувала и големината на семејството. По Црната смрт, поголемата достапност на профитабилни работи им овозможила на луѓето млади да стапуваат во брак и да имаат повеќе деца, но стабилизирањето на населението во 16-тиот век само по себе носело помалку можности за работа а со тоа и поголем број на одложени бракови.
== Кина==
Од митолошки аспект, кинескиот брак потекнува од приказната за Нува и Фу Кси, коишто по нивното стапување во брак измислиле соодветни процедури за негово реализирање. Во древното кинеско општеството, луѓе со исто презиме би требало да се консултираат со своите семејни стебла пред бракот со цел да се намали потенцијалниот ризик од ненамерен инцест. Стапувањето во брак со некој од роднините на мајката генерално не се сметало за инцест, понекогаш семејствата стапувале во мешан брак од една генерација на друга. Со текот на времето, кинескиот народ станал повеќе географски подвижен. Поединци останале членови на нивните биолошки семејства. Кога брачната двојка ќе умре, мажот и жената биле закопани посебно, секој во гробиштата на соодветните кланови. Доколку мажот стапи во брак со роднина од страна на мајката тој е зет, којшто живее во домот на сопругата.
Новиот закон за брак донесен во 1950 година, радикално ги измени кинеските традиции во однос на бракот, со наметнување на моногамија, еднаквост на мажите и жените и избор на брак. До тогаш, во Кина најчест вид на брак бил договорениот брак.
== Истополови бракови==
Постоеле различни типови на истополови бракови, почнувајќи од неформални, незаконски врски до високо ритуални заедници. Иако е релативно нова практиката за доделување на двојките од ист пол иста форма на законско признавање на бракот, какошто е вообичаено доделено на мешаните двојки, евидентираните истополови заедници датираат од поодамна ширум светот. Се мисли дека истополовите заедници биле прочуени во [[Античка Грција]] и [[Рим]], некои региони во Кина, како што е Фуџен и во одредени периоди од античката европска историја. Законот од кодексот на Теодосиј (В ч. 9.7.3), усвоен во 342 година н.е. наметна тешки казни или смрт за оние коишто склучуваат истополови бракови во стариот Рим, но што се крие зад овој закон и неговата поврзаност со општествената практика не е јасно, бидејќи во таа култура се присутни само неколку примери на истополови бракови.
== Граѓански заедници==
Граѓанската заедница, исто така позната и како граѓанско партнерство, е правно призната форма на партнерство, слично на бракот. Почнувајќи од [[Данска]] во 1989 година, граѓанските заедници под едно или под друго име биле утврдени со закон во неколку земји, со цел да им се обезбеди на двојките од ист пол права, придобивки, и одговорности слични (во некои земји, идентични) со граѓанскиот брак склопен помеѓу различни полови. Во некои јурисдикции, како што се [[Бразил]], [[Нов Зеланд]], [[Уругвај]], [[Франција]] и [[САД]] членки на [[Хаваи]] и Илиноис, граѓански заедници, исто така, се отворени за двојки од спротивниот пол.
== Групен брак==
Групниот брак истотака познат како мулти-латерален брак е форма на полиамори во кој повеќе од две лица формираат [[семејство]]. Се смета дека сите членови на групниот брак треба да склучат брак со останатите членови од истиот тој брак и сите членови на бракот делат родителска одговорност за децата коишто произлегуваат од од тој брак. Ниту една држава не ги признава законски групните бракови, ниту според законот, ниту како граѓански брак. Но историски гледано тие се практикуваат во некои култури во Полинезија, Азија, Папуа Нова Гвинеја и Америка како и во некои намерни заедници и алтернативни субкултури.
== Сексуалност и создавање потомство==
Многу од водечките религии ширум светот се немилосрдни кон [[сексуалните односи]] реализирани надвор од бракот. Многу нелаички држави санкционираат кривични казни за сексуални односи пред брак. Сексуалните односи со женето/ мажено лице, со некој којшто не е неговиот / нејзиниот брачен другар се познати како прељуба, којашто исто така не е одобрена од водечките религии ширум светот (некои ја нарекуваат грев). Во многу јурисдикции прељубата се смета за кривично дело и како повод за развод.
Во некои земји, како [[Саудиска Арабија]], [[Пакистан]], [[Авганистан]], [[Иран]], [[Кувајт]], [[Малдиви]], [[Мароко]], [[Оман]], [[Мавританија]], [[Обединетите Арапски Емирати]], [[Судан]], Јемен, било каква форма на сексуална активност надвор од бракот е нелегална.
Историски гледано, се уште, во многу земји вонбрачните деца го носеле жигот на општеството и се дискриминирани. Во Англија и Велс ваквите го носеле прекарот копилиња или деца на курви.
Во европските земји, како и во Латинска Америка, ситуацијата се промени. Случаеви со вонбрачни деца стануваат се почести, а во некои земји, дури и мнозинството. Неодамнешните податоци од Латинска Америка покажуваат процентуално колку е застапено раѓањето на вонбрачни деца и тоа, 74%- Колумбија, 69% - Перу, 68%- Чиле, 58% - Аргентина, 55% - Мексико. Раѓањето на вонбрачни деца во 2011 година, на ниво на Европа, најмногу било застапено во Северна Европа и некои земји од поранешниот комунистички блок: Исланд (65%), Естонија (59,7%), Словенија (56,8%), Бугарија (56,1%), Норвешка (55%), Шведска (54,2%). Податоците од 2009 година покажа дека во таа година, во Европската унија, 37,3% од жените што се породиле не биле мажени. Во САД, раѓањето деца надвор од бракот, не е прифатено на ниво на општество, како што е во другите земји но сепак распространетоста е зголемена. Општествените ставови почнаа се повеќе да се прифаќаат. Во 1992 година, Националниот центар за здравствена статистика објави дека 30,1% од жените што се породиле не биле мажени. Во 2010 година, 40,8% од родените деца се вонбрачни.
Некои брачни парови одлучуваат да немаат деца. Други пак не се во можност да имаат деца поради неплодност или други фактори коишто го оневозможуваат зачнувањето или носењето на деца. Во некои култури, бракот ја наметнува обврската на жените да раѓаат деца.
== Закони за бракот==
Законите за бракот се однесуваат на законските барања со кои се утврдува валидноста на бракот, коишто значително се разликуваат помеѓу земјите.
== Див брак==
Во мал број на јурисдикции брачните односи можат да се создадат со функционирањето на самиот закон. За разлика од типичните брачни церемонии со правен договор, свадбена церемонија и други детали, еден див брак може да се нарече ,,брак по навика и углед” (соживот). Де факто, дивиот брак без дозвола или церемонија е правно обврзувачки во некои јурисдикции,но во други нема законска последица.
Брачни ограничувања
Бракот е институција којашто е историски исполнета со ограничувања. Почнувајќи од возраста, расата, социјалниот статус па се до крвното сродство и полот, општеството го ограничува бракот со цел децата да имаат полза, пренесување на здрави гени, одржување на културни вредности, или поради предрасуди и страв. Речиси сите култури коишто го признаваат бракот исто така ја признаваат и прељубата како услов за брак.
== Возраст==
Повеќето јурисдикции поставуваат минимална возраст за брак, односно личноста мора да има одредена возраст за да и биде законски дозволено да стапи во брак. Оваа возраст може да зависи од околностите, на пример, дозволени се исклучоци од општото правило, доколку родителите на младата единка се согласни и / или ако судот одлучи дека споменатиот брак е во интерес на младата единка (најчесто ова се однесува на случаи кога девојката е бремена). Иако повеќето ограничувања на возраста се со цел да се спречи децата да бидат принудени на брак, особено од многу постари партнери коишто сексуално ги злоупотребуваат. Ваквите детски бракови се вообичаени за некои делови од светот.
== Крвно сродство==
Општества често често го ограничуваа бракот меѓу роднини, иако степенот на недозволени врски, широко варира. Со неколку исклучоци, бракови помеѓу родители и деца или помеѓу браќа и сестри се сметаат за [[инцест]] и забранети. Сепак, браковите меѓу подалечните роднини биле многу почести, се проценува дека 80% од сите бракови во историјата биле меѓу втори братучеди или поблиски. Овој процент опадна драстично, но сепак, се верува дека повеќе од 10% од сите бракови се помеѓу први и втори братучеди. Во САД, таквите бракови сега се осудуваат јавно. Во 30 држави повеќето или сите бракови помеѓу први братучеди се забранети со закон. Подробностите се разликуваат, на пример во Јужна Кореја, од историска гледна точка, било нелегално да се омажиш за некој со истото презиме.
== Раса, етничка припадност, племе, каста и општествената класа==
Соединетите Држави имале историја за законите за ограничување на бракот. Многу држави донеле закони за расно мешање коишто стапиле на сила во доцниот 17-ти век, во робовладетелските колонии на [[Вирџинија]] (1691) и Мериленд (1692 ) и траеше до 1967 година (додека не се поништија преку Ловинг против Вирџинија). Многу од овие држави ограничија неколку малцинства да не стапат во брак со белци. На пример, Алабама, Арканзас, и Оклахома посебно ги забранија браковите со cрнци. Држави како што се Мисисипи и Мисури го забранија бракот со Црнци и Азијати. Држави како што се [[Северна Каролина]] и [[Јужна Каролина]] ги забранија бракот со Црнци и Индијанци, и некои држави како што се Грузија, Јужна Каролина, и Вирџинија ги забранија сите бракови освен оние помеѓу белци. Меѓу антрополозите ендогамијата е позната како ситуација кога луѓето склучуваат брак во рамките на своите општествени групи. Пример за такви ограничувања би било барањето да се стапи во брак со некој од истото племе.
== Будизмот==
Будизмот гледа на бракот како секуларна врска и како таква не се смета за [[света тајна]]. Од Будистите се очекува да ги следат државните закони што се однесуваат на бракот, поставени од нивните влади.
Признавање од страна на државата
Во многу јурисдикции граѓанскиот брак може да биде дел од церемонијата на религиозниот брак иако тие две се теоретски различни. Некои јурисдикции дозволуваат бракови коишто имено не се дозволени од страна на одредени религии како што се истополовите бракови или граѓански здруженија.
== Критики==
Многу луѓе имаат дадено аргументи против бракот поради различни причини. Меѓу нив спаѓаат: политички, филозофски и религиозни критики; загриженост за стапката на разводи, индивидуалната слобода и еднаквост на половите и преиспитување на потребата да се има личен однос санкциониран од страна на владата или верските власти, или реклама за ергенство за верски или филозофски причини.
 
Во денешно време бракот често се поистоветува со неофицијалните заедници на истополови единки, но таквите заедници неможат да се наречат '''брак''' поради [[биологија|биолошката]] спреченост да изградат [[семејство]] (заедница на [[родител]] и [[потомство]]). '''Брак''' и '''хомосексуална заедница''' се заедници кои се различни по цел и смисла, поради што и се користат два термина.
 
Бракот, освен [[социологија|социолошка]], има и [[религија|религиозна]] природа.
 
== Бракот во христијанството ==
10

уредувања