Боливуд: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
== Наводи ==
{{наводи}}{{без извори}}
{{викифицирање}}
{{внимание}}
Ред 6 ⟶ 7:
Формално, под Боливуд се мисли на Хинди кинематографијата. Расте бројот на индиско-англиски дијалози и песни. Многу често се среќаваат филмови каде дијалозите се на англиски јазик (се нарекува и Хинглиски), па дури и фразите и цели реченици.
Етимологија
== Наводи ==
{{наводи}}
 
Името „Боливуд“ се добива од Бомбај (поранешен назив за Мумбаи) и Холивуд, центарот на американската кинематографија. Сепак, за разлика од Холивуд, Боливуд не постои како физичко место, го нема на карта. Иако сите го сожалуваат името, велејќи дека е посиромашниот роднина на Холивуд, сепак истото име се наоѓа и во речникот на Оксфорд.
Името „Боливуд“ е инспирирано од „Толивуд“ , име употребувано за да се означи кинематографијата на Западен Бенгал. Датирајќи од 1932 година, Толивуд е првото име инспирирано од Холивуд за означување на Бенгалската филмска индустрија, сместена во Толигунг, Калкута, чие име потсетува на Холивуд, а во тоа време бил центар на индиската кинематографија. Името Толивуд продолжува да се користи како прекар за бенгалската филмска индустрија од страна на Јуниор Статесман магазинот, по што предизвика и другите индустрии да применуваат вакви имиња со слично звучење, што доведе до терминот „Боливуд“. Во денешно време, Толивуд се применува за посочување на Телугу филмската индустрија во Андра Прадеш. Самиот терин Боливуд своите корени ги влече од 70-те години кога Индија ја престигна Америка како најголем кинематографски центар. Многу луѓе се спомуваат за заслужни за името, меѓу кои и текстописецот, режисер и учител Амит Кана, како и новинарот Бевинда Колако.
Историјат
== Наводи ==
{{наводи}}
 
“Раџа Харишчандра” (1913) од Дасаеб Фалке е првиот нем филм снимен во Индија. До 30-те години, филмската индустрија прави по повеќе и од двесте филмови годишно. Првиот звучен филм, Алапм Ара (1931), е голем финансиски успех. Набрзо, Боливуд и останатите филмски индустрии почнуваат да снимаат звучни филмови.
Ред 28 ⟶ 33:
 
Влијанија за Боливуд
== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
Ред 37 ⟶ 44:
 Холивуд, каде мјузиклите биле познати од 20-те до 50-те години, иако индиските режисери се разликуваат од американските на повеќе начини. На пример, холивудските мјузикли за дејствие го имале целиот свет на забавата. Додека индиските режисери, додека ги возвишуваат елементите на фантазија кои биле толку популарни во индиските филмови, употребувале музика како природен начин за артикулација во одредена ситуација во нивните филмови. Постои силна индиска традиција на наративна митологија, историја преку музиката и танцот. Згора на тоа, додека холивудските режисери се обидуваат да ја сокријат конструктивната природа на нивните дела со цел да предоминира реалистичната сторија, индиските не се обидувале да го сокријат фактот дека она што се прикажува на екранот е креација, илузија, фикција. Сепак, укажуваат на тоа колку секојдневниот живот на луѓето , на многу комплексни и интересни начини, потсетуваат на оваа креација.
 Западната музичка телевизија, особено МТВ кој има големо влијание од 90-те, како што може да се види во брзината, аголот на камерата, деловите каде има играње и музиката во индиските филмови од новиот милениум. Најран пример за овој пристап може да се види во филмот Бомбај (1995) на Мани Ратнам .
 Влијанието на Боливуд== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
Ред 46 ⟶ 54:
 
Жанровски конвенции
== Наводи ==
 
{{наводи}}
 
Види: Masala (филмски жанр) и паралелен филм
Ред 57 ⟶ 66:
 
Aктери и екипаж
== Наводи ==
 
{{наводи}}
 
Боливуд ангажира луѓе од сите делови на Индија.Привлекува илјадници надежни актери и актерки, со надеж дека ќе се пробијат во индустријата. Модели и учесници на натпревари за убавина, телевизиски актери, театарски актери, па дури и најобични луѓе доаѓаат во Мумбаи со надеж и сон дека ќе им се оствари сонот да станат ѕвезди. Но, исто како и во Холивуд, ретко кој успева во тоа. Со оглед на фактот дека многу од боливудските филмови се снимаат во странство, се вработуваат и многу луѓе од страна.
Ред 64 ⟶ 74:
Во Боливуд постојат многу кланови и многу често роднините и пријателите на луѓе кои работат во филмската индустрија ги добиваат улогите во филмовите или се дел од екипажот. Врските не се гаранција за успешна кариера: конкуренцијата е огромна, па ако изданоците на филмсската индустрија на успеат во кино благајните, нивните кариери ќе пропаднат. Некои од најголемите ѕвезди, како Дармендра,Амитаб Бачачан и Шарук Кан успеаа и покрај тоа што немаа никакви врски во шоу бизнисот. За филмски кланови, види ја Листата на боливудски филмски кланови.
Звук
== Наводи ==
 
{{наводи}}
 
Звукот во боливудските филмови ретко се снима на локација (уште се нарекува и синхронизиран звук). Затоа, звукот најчесто се создава целосно во студио, каде актерите ги цитираат нивните реченици додека се појавуваа сликите на екранот во студиото, процес познат како сврзување со звукот или АДР- каде звучните ефекти се додаваат подоцна. Ова создава голем број проблеми, бидејќи звукот во овие филмови се појавува една или две рамки подоцна по гестикулацијата или отворањето на устата. Актерите треба двапати да одглумат; еднаш на самото место, после во студиото— а нивото на емоција на сцената не може баш секогаш да се одглуми по вторпат. Индиските комерцијални филмови се познати по тоа дека им фали амбиентален звук, па постои тишина која е како подлога наместо звуците во позадина и ефектите кои се појавуваат во филмовите со цел да се создаде повоочлива длабочина и средина.
Сеприсутноста на АДР во Боливуд почнува да преовладува во 60-те години со пристигнувањето на камерата Arriflex 3 , за која беше потребен капак за да се заштити звукот на камерата, па заради тоа беше непожелна за снимање на локација. Комерцијалните индиски режисери, познати по нивната брзина, никогаш не ја заштитуваа камерата, па претераниот звук ги тераше на повторно одигрување на сцените во студио. Но тоа стана некој стандард во индиските филмови.
Трендот се губи по 2001 година по цели триесет години синхронизиран звук, по филмот “Lagaan,” каде продуцентот-актер Амир Кан инсистираше звукот да се сними на самата локација. Ова отвори жестока дебата за примената и економската издржливост на звукот на локација, па оттогаш голем број филмови се снимаат на тој начин.
Боливудските песни и танци== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
Ред 80 ⟶ 92:
Последните декади боливудските режисери песните од филмовите ги пуштаа на касети или компакт дискови, пред да излезе самиот филм, со надеж дека музиката ќе привлече поголем број а публика. Многу често самата песна е попопуларна од филмот. Во последните неколку години, некои режисери пуштаат и музички спотови, најчесто од песните од филмот. Сепак, некои промотивни спотови не ги вклучуваат и песните кои се дел од филмот.
Дијалози и музички текстови
== Наводи ==
 
{{наводи}}
 
Дијалозите најчесто се пишуваат на едноставен Хинди за да може целата популација да ги разбере истите. Сепак, некои од филмовите употребуваат регионални дијалекти со цел да пробудат филмови со селско сценарио, старомодни, историски Урду филмови под влијание на Мугхал ерата. Џјотика Вирди, во нејзината книга Кинематска имагинација, пишува за присуството на Урду во Хинди филмовите: "Урду често се применува во насловите, сценаријата, лириките, јазикот на љубовта, војната и мачеништвото". Понатаму пишува и за падот во текот на годините: "Степенот на примена на Урду во комерцијалните филмови не е баш стабилен... хинди филмовите го отсликуваат падот на Урду... Точно е дека многу Урду зборови преживеаја и станаа дел од популарниот речник на Хинди филмовите. Но само толку, ништо повеќе". Современите филмови многу го користат англискиот јазик. Според пупликата во Боливуд , "Англискиот ја предизвикува идеолошката работа завршена од Урду" Некои сценарија најпрво се пишуваат на латиница. Карактерите се менуваат од еден во друг јазик со цел да прикажат одредена атмосфера (на пример, Англиски во деловно опкружување, а Хинди во секојдневно).
Ред 95 ⟶ 108:
Како споредба на финансиските средства за холивудски и боливудски филмови, види го дијаграмот. Покажува продадени билети во 2002 година и вкупниот приход. Боливуд продал 3.6 милијарди билети и заработил вкупно1.3 милијарди долари, додека холивудските филмови продале 2,6 милијарди билети, а заработиле 51 милијарда.
Рекламирање
== Наводи ==
 
{{наводи}}
 
Многу индиски уметници заработувале за живот со рачно цртање на постери и билборди за филмови. (Познатиот уметник М.Ф.Хусеин цртал филмски постери во текот на неговата кариера). Така било затоа што човечкиот труд бил многу поевтин отколку печатење и дистрибуција на рекламен материјал. Во денешно време, најголемиот дел од билбордите се направени со компјутерски испечатен винил. Старите рачно изработени постери, порано познати како ефемера, стануваат фолклорна уметност.
Ред 102 ⟶ 116:
Боливуд рекламира и други производи. Рекламирањето на производи, како што е во Холивуд, на широк се применува и во Боливуд.
Боливудските ѕвезди се појавуваат во тв и печатени реклами за други производи, како на пример, часовници и сапуни (види заработките на славните). Рекламните компании велат дека со тоа што ќе потпишат со некоја славна личност, тоа им помага во продажбата.
Награди== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Боливуд