Набуко: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова статија
(нема разлика)

Преработка од 03:02, 8 јануари 2013

Набуко (анг.Nabucco) е опера во четири дела од Џузепе Верди,врз основа на библиска приказна и драма на Огист –Анисје Буржоаза и Франсис Корнуе од 1836 година.Тоа е трета опера на Верди која што се смета дека трајно ја воспостави неговата репутација како композитор.


Набуко ни ја преставува состојбата на Евреите ,како се нападнати,покорени,а потоа протерани од нивната татковина од вавилонскиот цар Набуко (анг. Nebuchadnezzar).Историските настани се искористени како позадина на романтичен и политички заплет. Неговата прва изведба се одржала на 9 март 1894 година во Театро ала Скала (анг.Teatro alla Scala),Милано под нејзиното оргинално име Nebuchadnezzar.Дефинитивното име ,Набуко , за операта (и нејзиниот протоганист ) прв пат се користи во изведба на Сан Џакомо Театарот ( анг. San Giacomo Theatre) на Крф во септември, 1844 година.


Историско достигнување

 
Изведба на Nabucco во Eberswalde од Silesian National Opera, август 2004

Најпознатиот дел од операта е “Хорот на Хебрејски робови” Va, pensiero, sull'ali dorate / “ Летај на златести крилја” (анг. "Fly, thought, on golden wings”),рефрен којшто редовно се повторува до ден денес .Сопрано улогата на Абигаиле (анг. Abigaille) е сфатена како пропаст на голем број на пејачи. Елена Соулитиос и Анита Чергвети го пееја пред тие бидат подготвени и неговата тежина веројатно ги оштети нивните гласови.Секако ,нивните кариери не траеја долго. Марија Калас го пеела само три пати, а само една изведба е снимена во живо во 1949 . Интересно е да се слушне дека "Vа pensiero" била прекината поради многу викање, но хорот се справил.Кога била повторена публиката молчела и на крајот тие слушнале ентузијастички аплауз.Леонтин Прајс и Џоан Сатерленд се одбиле да ја пеат .Кристина Деутеком,Мариса Галвани,Гена Димитрова ,Дуња Вејзович,Хилда Холзл и Јадранка Јовановиќ биле последните преставници на таа улога.


Иако не толку често изведувана како некои опери на Верди ,Набуко е сеуште слушана насекаде низ светот.Таа била на репертоарот на Операта Метрополитен (анг. Metropolitan Opera's) од моментот кога била првпат преставена за време на 1960/61 сезона. Тоа е само една од оперите на Верди , покрај Ернани и Луиза Милер , кој има добиени редовни настапи во Метрополитен , откако била претставена во 2001, 2003, 2004, и 2005 година. Набуко исто така редовно се изведува во Арена ди Верона (анг. Arena di Verona), каде што беше претставена во 2002, 2003, 2005, 2007, 2008 и 2011 година. Настапи зачувани на DVD се оние на Арена ди Верона (1981 и 2007).; Скала (1987), Опера Австралија (1996), Виенската државна опера (2001), Метрополитен опера (2002), Џенова Театро Карло Феличе (2004), Театро Муниципал ди Пјаченца (2004), и во Австрија Св.Маргарет Оперски фестивал (2007 ).

Многу други опери исто така ја изведуваа вклучувајќи ја Сан Франциско Операта во 1982 година, Сарасота опера (анг. Sarasota Opera) во 1995 година, Лондонската Кралската опера (анг. London's Royal Opera House) во 1996 година, новиот народен театар Токио (анг. the New National Theatre Tokyo)во 1998 година, Театро Колон (анг. Teatro Colón) во 2000, Балтимор опера во 2006 година, и Театро Регио ди Парма (анг. Teatro Regio di Parma) во 2008 година како дел во "Фестивал Верди" (анг. "Festival Verdi").Набуко била презентирана од страна на Мичиген оперскиот театар (анг. Michigan Opera Theatre ) и Сан Диего операта (анг.The san Diego opera ) како дел од нивната 2009-2010 сезона. Израелската Опера ја прослави својата 25-годишнина во 2010 година со Набуко во Масада.


Критички реакции

Верди коментирал дека "ова е операта со која мојата уметничка кариера навистина почна . И иако имав многу тешкотии да се борам против, сигурен сум дека Набуко беше роден под среќна ѕвезда". Операта беше инстантен успех, со доминација на изведбите на оперите на Доницети и Џовани Пацини . Додека јавноста полуде со ентузијазам, критичарите тешко ја одобруваа операта.


Критичар кој го одбива Набуко е Ото Николај ,композиторот на кој либрето му беше прво понудено.Николај чуствувал судир со емоционалната италијанска оперска додека тој живеел во близина на Милано. По одбивањето да го прифати либрето предлогот од Мерели , Николај почнал да работи на друга понуда наречена Ил Проскрито. Нејзината катастрофална премиера во март 1841 година го принуди Николај да ги прекине контактите со Мерели и да се врати во Виена. Од таму слушнало за успехот на Набуко и тој бил гневен. Тој напишал "Оперите на Верди се навистина ужасни ". "Тој се прикажува како будала - технички тој не е дури ни професионален - и тој мора да има срце на магаре и во мојот очи тој е беден, одвратен композитор ..." Покрај тоа, тој го опиша Набуко како ништо друго, освен "бес, пцости, крвопролевање и убиство."


Мислењата на Николај беа во малцинство , сепак, и тоа станува релативно непознато. Набуко обезбеди успех на Верди до неговото пензионирање од театарот, дваесет и девет опери (подоцна вклучувајќи и некои ревидирани и ажурирани верзии) .


Музичките историчари долго време го овековечуваа моќниот мит за познатиот Va pensiero хорот го пее во третиот чин од страна на хебрејски робови. Научниците долго време верувале дека публиката го доживувала со националистички занес за моќната химна на робови " копнеж за својата татковина, барајќи повторување на делото . Иако повторувањата биле експлицитно забранети од страна на владата во тоа време, но како гест биле исклучително значајни. Иако публиката навистина барале повторување , тоа не беше за "Vа, pensiero", туку за химната "Immenso Jehova", испеана од страна на хебрејски робови да му се заблагодарат на Бога за заштита на својот народ. Во светлината на овие нови откритија, позицијата на Верди како музичка фигура на Рисогименто ( анг.Risorgimento) се намалувала.