Боливуд: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Формално, под Боливуд се мисли на Хинди кинематографијата. Расте бројот на индиско-англиски дијалози и песни. Многу често се среќаваат филмови каде дијалозите се на англиски јазик (се нарекува и Хинглиски), па дури и фразите и цели реченици.
Етимологија
 
Името „Боливуд“ се добива од Бомбај (поранешен назив за Мумбаи) и Холивуд, центарот на американската кинематографија. Сепак, за разлика од Холивуд, Боливуд не постои како физичко место, го нема на карта. Иако сите го сожалуваат името, велејќи дека е посиромашниот роднина на Холивуд, сепак истото име се наоѓа и во речникот на Оксфорд.
Името „Боливуд“ е инспирирано од „Толивуд“ , име употребувано за да се означи кинематографијата на Западен Бенгал. Датирајќи од 1932 година, Толивуд е првото име инспирирано од Холивуд за означување на Бенгалската филмска индустрија, сместена во Толигунг, Калкута, чие име потсетува на Холивуд, а во тоа време бил центар на индиската кинематографија. Името Толивуд продолжува да се користи како прекар за бенгалската филмска индустрија од страна на Јуниор Статесман магазинот, по што предизвика и другите индустрии да применуваат вакви имиња со слично звучење, што доведе до терминот „Боливуд“. Во денешно време, Толивуд се применува за посочување на Телугу филмската индустрија во Андра Прадеш. Самиот терин Боливуд своите корени ги влече од 70-те години кога Индија ја престигна Америка како најголем кинематографски центар. Многу луѓе се спомуваат за заслужни за името, меѓу кои и текстописецот, режисер и учител Амит Кана, како и новинарот Бевинда Колако.
Историјат
 
“Раџа Харишчандра” (1913) од Дасаеб Фалке е првиот нем филм снимен во Индија. До 30-те години, филмската индустрија прави по повеќе и од двесте филмови годишно. Првиот звучен филм, Алапм Ара (1931), е голем финансиски успех. Набрзо, Боливуд и останатите филмски индустрии почнуваат да снимаат звучни филмови.
Во 1937, Ардешир Ирани, од славата на Алам Ара , го направи и првиот филм во боја на Хинди, Кисан Канја . Следната година, нарпави и уште еден филм во боја, некаква верзија на Мајка Индија. Сепак, колор филмовите не стануваат популарни се до 50-те години. До тогаш, романтичните мјузикли и мелодрами беа најпопуларни во киносалите.
 
Златната ера
 
По осамостојувањето на Индија, периодот помеѓу 40-те и 60-те години се смета за златната ера на хинди кинематографијата. Некои од најдобро оценетите филмови во историјата на Индија се создадени токму во тој период. Тука се филмовите на “Гуру Дут “ “Пјаса” (1957) и “Кагаз ке Фол “ (1959) и филмовите на Раџ Капор , “Авара” (1951) и “Shree 420” (1955). Овие филмови најчесто говорат за урбаниот живот на работничката класа во Индија; Авара го претставува градот како кошмар, но и како сон, додека Пјаса ја критикува нереалноста на гратскиот живот. Некои од најпознатите епски филмови се направени во тој период,исто така, како на пример,”Мајка Индија” на Мехбоб Кан (1957), кој е номиниран и за Оскар за најдобар странски филм и “Мугал-е-Азам” на К.Асиф (1960) “Мадхуматиi” (1958), режиран од Бимал Рој и напишан од Ритвик Гатак , ја популаризира темата за реинкарнација во западната поп-култура. Други познати режисери од тоа време се Камал Амрои и Виџеј Бат . Познати актери и актерки од тоа време се: Дев Андад , Дилип Кумар, Рај Капор и Гуру Дут, Наргис, Виџејантимала, Мена Кумари, Нутан , Матхубала, Ваеда Реман и Мала Шина.
Додека комерцијалната хинди кинематографија е успешна, во 50-те години се појавува и ново движење за паралелна кинематографија. Иако ова движење во голем дел го спроведува бенгалската кинематографија, тоа се пробива и во хинди кинематографијата. Првите примери за хинди филмови од ова движење се “Neecha Nagar” на Четан Ананд (1946)http://en.wikipedia.org/wiki/Bollywood - cite_note-Hindu-22 и “Do Bigha Zamin” (1953) на Бимал Рој . Позитивната критика и подоцнежниот комерцијален успех, ги отвара портите за индискиот неореализам и Новиот индиски бран. Некои од попознатите светски признати хинди режисери се: Мани Каул ,Кумар Шани ,Кетан Мета ,Говинд Ниалани ,Сјам Бенегал и Виџаја Мета Откако социјал реалистичкиот филм “Neecha Nagar” ја доби Гран При наградата на Канскот филмски фестивал, хинди филмовите во 50-те и 60-те години секогаш се меѓу конкурентите за првата награда на Канскиот филмски фестивал, каде некои дури и ги освојуваат истите. Гуру Дут се смета за еден од најдобрите режисери од Азија на сите времиња, рамо до рамо со бенгалскиот режисер Сатјаџит Реј. Анкетата на режисери и критичари во изданието на “Sight & Sound” од 2002 година, го рангираат Дут на 73 место на листата на најдобри режисери на светот. Некои од неговите филмови се сметаат за едни од најдобрите на сите времиња, каде “Pyaasa” (1957) е дел од 100-те најдобри на магазинот Тајмс, а “Pyaasa” и “ Kaagaz Ke Phool “ (1959) се на 160 место на листата на “Sight & Sound” од 2002 година. И други филмови се наоѓаат на истата листа, меѓу кои и : “Awaara” (1951) на Раџ Капор , “ Baiju Bawra “ (1952) на Виџеј Бат , “Мајка Индија “(1957) на Мехбоб Кан и “Mughel-e-Azam” (1960) на K. Аси кои се наоѓаат на место број 346 на истата листа.
Модерна кинематографија
 
 
Кон крајот на 60-те и почетокот на 70-те, актери и актерки како Раџеш Кана, Дармендра, Сањев Кумар и Шаши Капор и актерките Шармила Тагор, Мумтаз, и Аша Парек, ги имаат главните улоги во романтични филмови и акциони филмови. Во средината на 70-те романтичните филмови беа заменети со тешки, насилни филмови за мафијаши и бандити. Амитаб Бачачан, ѕвездата позната по улогите на „бесен млад човек“, глумеше заедно со актери како Митун Чакраборти и Анил Капор кои траеја до почетокот на 90-те години. Од актерките од ова ера најпознати се Хема Малини, Јаџа Бачачан и Река .
Ред 23 ⟶ 27:
 
Влијанија за Боливуд
 
 
Гокулсинг и Дисанјаке идентификуваат седум најважни влијанија за оформување на индиската популарна кинематографија
 Древните индиски епски Махабхарата и Рамајана кои изразуваат голем влијание за смислата и имагинацијата на индиската популарна кинематографија, особено приказните. Пример за ова влијание се техниките за споредна приказна, приказна од позадина и приказна во приказна. Индиските популарни филмови често имаат залети кои се разгрануваат на други подзаплети, а такви може да се видат во филмовите од 1993 година Калнајак и Гардиш
Ред 31 ⟶ 37:
 Западната музичка телевизија, особено МТВ кој има големо влијание од 90-те, како што може да се види во брзината, аголот на камерата, деловите каде има играње и музиката во индиските филмови од новиот милениум. Најран пример за овој пристап може да се види во филмот Бомбај (1995) на Мани Ратнам .
 Влијанието на Боливуд
 
 
Во 2000-те години, Боливуд започна да влијае на мјузиклите ширум западниот свет, каде играат значајна улога во оживување на жанрот на американските музички филмов. Баз Лурман вели дека неговиот мјузикл Мулен Руж (2001), е директно инспириран од боливудските мјузикли. Филмот е претстава со индиска тема, заснована на древната санскрит дарама “Mṛcchakatika “ и танцување во боливудски стил со песна од филмот Кинеска капија. Критичкиот и финансискиот успех на Мулен Руж го обнови интересот за тогаш подзаборавениот западен музички жанр, а подоцнежните филмови како : “Chicago”,” The Producers”, “Rent”, “Dreamgirls”, “Hairspray”,” Sweeney Todd”,” Across the Universe”, “The Phantom of the Opera”, “Enchanted” и” Mamma Mia !” се режирани, создавајќи една ренесанса на овој жанр.
А.Р. Раман , еден индиски композитор, ја направи музиката за филмот” Bombay Dreams”,на Андреј Лојд Вебер и музичката верзија на “Hum Aapke Hain Koun” се играше во лондонскиот Вест енд. Боливудскиот мјузикл “Лаган “(2001) беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, а филмовите “Девдас ” (2002) и Ранг де Башанти (2006) беа номинирани за БАФТА наградата за најдобар странски филм. Сиромавиот милионер(2008) на Дени Бојл, кој освои четири Златни глобуси и осум оскари, е директно инсипириран од боливудските филмови и се смета дека е омаж на хинди комерцијалната кинематографија. Преку боливудските филмови, темата на реинкарнација се оживува во западната поп култура, каде филм како Мадхумати (1958) го инсипирираше холивудскиот Реинкарнацијата на Петер Проуд (1975) кој пак го инспирира боливудскиот Карц (1980), кој пак го инспирира холивудскиот филм Шансите се (1989). Филмот од 1975 година Чоти се Бат се верува дека го инспирира Хитч (2005), кој пак во обратна насока го инспирира боливудскиот филм Партнер (2007).
Ред 37 ⟶ 45:
 
Жанровски конвенции
 
 
Види: Masala (филмски жанр) и паралелен филм
Боливудските филмови се најчесто мјузикли и од нив се очекува да се состојат од интересна музика во форма на песни и танцување скроено во едно сценарио. Успехот на еден филм најчесто зависи од квалитетот на таквите музички борјки. Навистина, филмската музика најлесно се пушта пред самиот филм и на тој начин помага при зголемување на бројката на публиката.
Ред 46 ⟶ 56:
 
Aктери и екипаж
 
 
Боливуд ангажира луѓе од сите делови на Индија.Привлекува илјадници надежни актери и актерки, со надеж дека ќе се пробијат во индустријата. Модели и учесници на натпревари за убавина, телевизиски актери, театарски актери, па дури и најобични луѓе доаѓаат во Мумбаи со надеж и сон дека ќе им се оствари сонот да станат ѕвезди. Но, исто како и во Холивуд, ретко кој успева во тоа. Со оглед на фактот дека многу од боливудските филмови се снимаат во странство, се вработуваат и многу луѓе од страна.
Славата во забавната индустрија е многу променлива, така што и Боливуд не е исклучок. Славата на ѕвездите може брзо да се појави и уште побрзо да исчезне. Режисерите се натпреваруваат да ги ангажираат најпознатите ѕвезди на денешницата, за кои се верува дека ќе го загарантираат успехот на филмот (иако ова верување не секогаш е поддржано од резултатите во кино благајните). На овој начин многу од ѕвездите така ја здобиваат славата, штом станат славни, со тоа што ќе направат повеќе филмови во исто време.
Ред 51 ⟶ 63:
Во Боливуд постојат многу кланови и многу често роднините и пријателите на луѓе кои работат во филмската индустрија ги добиваат улогите во филмовите или се дел од екипажот. Врските не се гаранција за успешна кариера: конкуренцијата е огромна, па ако изданоците на филмсската индустрија на успеат во кино благајните, нивните кариери ќе пропаднат. Некои од најголемите ѕвезди, како Дармендра,Амитаб Бачачан и Шарук Кан успеаа и покрај тоа што немаа никакви врски во шоу бизнисот. За филмски кланови, види ја Листата на боливудски филмски кланови.
Звук
 
 
Звукот во боливудските филмови ретко се снима на локација (уште се нарекува и синхронизиран звук). Затоа, звукот најчесто се создава целосно во студио, каде актерите ги цитираат нивните реченици додека се појавуваа сликите на екранот во студиото, процес познат како сврзување со звукот или АДР- каде звучните ефекти се додаваат подоцна. Ова создава голем број проблеми, бидејќи звукот во овие филмови се појавува една или две рамки подоцна по гестикулацијата или отворањето на устата. Актерите треба двапати да одглумат; еднаш на самото место, после во студиото— а нивото на емоција на сцената не може баш секогаш да се одглуми по вторпат. Индиските комерцијални филмови се познати по тоа дека им фали амбиентален звук, па постои тишина која е како подлога наместо звуците во позадина и ефектите кои се појавуваат во филмовите со цел да се создаде повоочлива длабочина и средина.
Сеприсутноста на АДР во Боливуд почнува да преовладува во 60-те години со пристигнувањето на камерата Arriflex 3 , за која беше потребен капак за да се заштити звукот на камерата, па заради тоа беше непожелна за снимање на локација. Комерцијалните индиски режисери, познати по нивната брзина, никогаш не ја заштитуваа камерата, па претераниот звук ги тераше на повторно одигрување на сцените во студио. Но тоа стана некој стандард во индиските филмови.
Трендот се губи по 2001 година по цели триесет години синхронизиран звук, по филмот “Lagaan,” каде продуцентот-актер Амир Кан инсистираше звукот да се сними на самата локација. Ова отвори жестока дебата за примената и економската издржливост на звукот на локација, па оттогаш голем број филмови се снимаат на тој начин.
Боливудските песни и танци
 
 
Боливуската филмска музика се нарекува филми музика (на хинди тоа значи "од филмови"). Песните од филмовите најчесто се снимаат претходно на плејбек од страна на професионални пејачи, каде потоа актерите само ги синхронизираат зборовите со сликите на екранот обично додека танцуваат. Додека во денешно време голем дел од актерите се добри танчери, некои од нив имаат се и добри пејачи. Еден добар исклучок е Кишоре Кумар , кој има играно во голем број филмови во 50-те, каде освен актер бил и добар плејбек пејач.К.Л Саигал , Сураија, и Нор Џехан беа и актери и пејачи. Некои актери во последните триесетина години самите си ги пеат песните, а за листа види Актери и актерки во индиска кинематографија.
Плејбек пејачите го имаат својот удел на почетокот на филмот, дури имаат и свои фанови кои одат на филмовите чисто само да ги слушнат нивните идоли. Ако одиме според квалитетот и кванитетот на песните кои ги испеале најпознати пејачи во Боливуд се: Лата Манџешакар, Аша Босле,Гета Дут,Шамшад Бегум и Алка Јагник помеѓу женските изведувачи; и К.Л Саигал, Талат Махмуд, Мукеш, Мухамед Рафи,Мана Деј, Хемант Кумар, Кишоре Кумар, Кумар Сану, Удит Нарајан и Сону Нигам. помеѓу машките изведувачи. Мухамед Рафи се смета за најдобриот пејач кој некогаш го позајмил својот глас, а по него следи Лата Манџешкар , кој, во текот на неговата шеесет годишна кариера има снимено илјадници песни за индиски филмови. Композиторите на филмска музика, наречени филмски продуценти, се исто така познати. Нивните песни може да вивнат или да уништат филм, а тоа и се случува. Ремиксувањето на филмски песни со модерни битови е сосем вообичаено во денешно време, па продуцентите може да извадат верзии на ремикси од нивните песни од филмовите заедно со албумите на регуларните песни од филмовите.
Ред 63 ⟶ 79:
Последните декади боливудските режисери песните од филмовите ги пуштаа на касети или компакт дискови, пред да излезе самиот филм, со надеж дека музиката ќе привлече поголем број а публика. Многу често самата песна е попопуларна од филмот. Во последните неколку години, некои режисери пуштаат и музички спотови, најчесто од песните од филмот. Сепак, некои промотивни спотови не ги вклучуваат и песните кои се дел од филмот.
Дијалози и музички текстови
 
 
Дијалозите најчесто се пишуваат на едноставен Хинди за да може целата популација да ги разбере истите. Сепак, некои од филмовите употребуваат регионални дијалекти со цел да пробудат филмови со селско сценарио, старомодни, историски Урду филмови под влијание на Мугхал ерата. Џјотика Вирди, во нејзината книга Кинематска имагинација, пишува за присуството на Урду во Хинди филмовите: "Урду често се применува во насловите, сценаријата, лириките, јазикот на љубовта, војната и мачеништвото". Понатаму пишува и за падот во текот на годините: "Степенот на примена на Урду во комерцијалните филмови не е баш стабилен... хинди филмовите го отсликуваат падот на Урду... Точно е дека многу Урду зборови преживеаја и станаа дел од популарниот речник на Хинди филмовите. Но само толку, ништо повеќе". Современите филмови многу го користат англискиот јазик. Според пупликата во Боливуд , "Англискиот ја предизвикува идеолошката работа завршена од Урду" Некои сценарија најпрво се пишуваат на латиница. Карактерите се менуваат од еден во друг јазик со цел да прикажат одредена атмосфера (на пример, Англиски во деловно опкружување, а Хинди во секојдневно).
Филмскиот јазик, без разлика дали во дијалозите или лириката, најчесто е мелодраматичен и го споменува Господ, семејството, мајката, должноста и саможртвувањето. Песните најчесто се љубовни, особено во старите филмови, употребуваат Урду вокабулар, со многу зборови позајмени од персискиот јазик. Друг извор за музичките љубовни текстови се долагат Хинди традиција на поезијата за љубовта кон Кришна, Радха, и Гопис, како што е прикажано во филмови како Џанак , Џанак Пајал Баје и Лаган.
Музичките режисери многу често претпочитаат да работат со одредени текстописци, до тој степен што текстописците и композиторите претставуваат еден тим. Овој феномен се споредува со тимовите на американски композитори и текстописци кои ги создавале старите бродвејски мјузикли.
Финансиски средства
 
 
Боливудските филмови се мултимилионски филмски продукции, каде трошоците достигнуваат и до 20 милиони долари. Последниот научно фантастичен филм “Ra.One” е направен со неверојатен буџет од речиси 27 милиони долари,со што стана најскапиот филм на сите времиња во Боливуд. Сетовите, костимите, специјалните ефекти и кинематографијата не биле баш на ниво се до крајот на 80-те и почетокот на 90-те, со ретки исклучоци. Како што се зголемува дистрибуцијата на западни филмови и телевизија во Индија, постои и притисок за Боливуд да го достигне истото ниво на продукција, особено во доменот на акцијата и специјалните ефекти. Во поново време боливудските филмови ангажираат меѓународни техничари за подобрување на тие сфери, како на пример “Krrish” (2006) каде акционен кореограф беше Тони Чинг од Хонг Конг. Зголемената пристапност до професионалната акција и специјани ефекти, заедно со добриот буџет, направи бум во жанрот на научната фантастика и акцијата.
Секвенците снимени надвор од границите ги полнат киносалите, па така екипажите од Мумбаи снимаат во Австралија, Нов Зеланд, Канада, Обедиетот Кралство, САД и низ Европа. Во денешно време индиските продуценти добиваат се поголеми буџети за филмови снимени и во Индија, како на пример Лаган, Девдасанд и др.
Ред 74 ⟶ 94:
Како споредба на финансиските средства за холивудски и боливудски филмови, види го дијаграмот. Покажува продадени билети во 2002 година и вкупниот приход. Боливуд продал 3.6 милијарди билети и заработил вкупно1.3 милијарди долари, додека холивудските филмови продале 2,6 милијарди билети, а заработиле 51 милијарда.
Рекламирање
 
 
Многу индиски уметници заработувале за живот со рачно цртање на постери и билборди за филмови. (Познатиот уметник М.Ф.Хусеин цртал филмски постери во текот на неговата кариера). Така било затоа што човечкиот труд бил многу поевтин отколку печатење и дистрибуција на рекламен материјал. Во денешно време, најголемиот дел од билбордите се направени со компјутерски испечатен винил. Старите рачно изработени постери, порано познати како ефемера, стануваат фолклорна уметност.
Пуштањето на филмска музика или музички спот пред самиот филм да излезе, може да се смета за еден вид реклама. Популарноста на една песна с верува дека ја привлекува публиката.
Ред 80 ⟶ 102:
Боливудските ѕвезди се појавуваат во тв и печатени реклами за други производи, како на пример, часовници и сапуни (види заработките на славните). Рекламните компании велат дека со тоа што ќе потпишат со некоја славна личност, тоа им помага во продажбата.
Награди
 
 
Филмфер наградите церемонијата е еден од најпроминентните филмски настани за Хинди филмови во Индија. Индискиот магазин “Filmfare “ ги започна првите “Филмфер наградите ” во 1954, каде награди добиваа филмовите од 1953. Церемонијата се нарекувала наградите Клер по уредникот на магазинот. Моделиран според форматот на Академијата за филмска уметност и наука, поединците може да гласаат за различни категории. Во 1956 воведен е систем за двојно гласање. Исто како и Оскарите, Филмфер наградите одат повеќе на комерцијален успех отколку на успех на уметничко ниво.
Националните филмски награди, исто како и Филмфер беа воведедни во 1954. Од 1973, индиската Влада го спонзорира настанот, под покровителство на Директоратот за филмски фестивали (ДФФ). ДФФ не снима само боливудски филмови, туку филмови од сите регионални филмски индустрии и независни/уметнички филмови. Овие награди се доделуваат на годишна церемонија пртеседавани од Престедателот на Индија. Со овој систем, наспроти Националните филмски награди, каде гласаат жири назначено од Владата, на Филмфер наградите гласаат публиката и комитетот на експерти.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Боливуд