Голема турска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
 
Битката кај [[Виена]] се одржила на [[12 септември]] [[1683]] година, откако [[Османлиска империја|Османлиската империја]] го опсадила градот [[Виена]] во период од два месеци. Битката го сопрела повторниот обид на Османликсата империја да ја зазеде престолнината на [[Австрија]]. Предходниот обид бил во [[Опсада на Виена (1529)|1529 година]]. Оваа битка го означил почетокот на хегемонијата на Хабсбуршката династија во [[Централна Европа]]. Полскиот крал [[Јан III Собиески]] бил на чело на обединетите полско-австриско-германски сили против османлиската армија под команда на големиот везир [[Кара Мустафа Паша]]. Опсадата започнала на [[14 јули]] [[1683]] година од околу 90 000 војници, меѓу кои и 12 000 јаничари. На [[12 септември]] пристигнала европска армија од околу 84 000 војници и се соочила против [[Османлии]]те. Во годините по битката, Хабсбуршката династија ја ослободила [[јужна Унгарија]] и [[Трансилванија]] од османлиска власт.
 
== По опсадата==
 
По крајот на опсадата, војната продолжила да се води на три фронта, во Унгарија, Хрватска, Далмација и Славонија. За прв пат во Светата лига се приклучила и Царство Русија, по кое следувале серијата од [[Руско-турски војни]].
 
== Карловачки мир ==
 
Според гоговорот, Хабсбуршката монархија ја добила цела Унгарија без Банат, Хрватска, Славонија освен Срем заедно со Земун и Митровица. Освен тоа, Османлиите ги загубиле и Книн, Сињ и Вргорац, Обровац и Дрниш до реката Неретва. Освен тоа Османлиите се обврзиле да им обезбедат пријатен престој на аџиите во Палестина.