Голема турска војна: Разлика помеѓу преработките

нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Големата турска војна била војна која се водела меѓу Османлиската Империја и европските сојузници обединети во т.н. Света лига. Оваа војна траела од 1683 до 1699 година, а како резултат на неа биле ослободени голем дел од Централна Европа од Османлиите.
 
== Позадина ==
 
По бунтот на [[Богдан Хмељницки]] и присоединувањето на источните делови од Украина кон Царство Русија, дел од Козаците сакале од остатокот од украинската територија да го поврзат со Османлиската Империја. Мехмед IV знаел дека Полско-литванската унија е соочена со внетрешни проблеми па го нападнал пограничниот град [[Каменец Подолски]]. По две недели следувало зазимање на градот. Полската армија била премногу мала за да се спротистави на османлиската инвазија. По три месеци Полјаците биле принудени да потпишат договор според кој го предале градот и се обврзале да му оддадат почит на султанот.
 
Кога веста за поразот и потпишувањето на договорот стигнала во Варшава, [[Јан III Собиески]] одбил да плаќа данок на Османлиите и тргнал во поход по кое ја добил [[Битка кај Хотин (1673)|битката кај Хотин]]. Истата година Јан III Собиески станал крал на Полска. Во следните години се воделе повеќе војни со Османлиите, но истите немале голем успех. Во 1676 година бил потпишан договор според кој Османлиите повторно ја вратиле контролата над Каменец Подолски. Овој напад довел и до започнување на Руско-турските војни.
 
== Опсада на Виена (1683) ==