Голема турска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Големата турска војна била војна која се водела меѓу Османлиската Империја и европските сојузници обединети во т.н. Света лига. Оваа војна траела од 1683 до 1699 година, а како резултат на неа биле ослободени голем дел од Централна Европа од Османлиите.
 
== Опсада на Виена (1683) ==
 
Битката кај [[Виена]] се одржила на [[12 септември]] [[1683]] година, откако [[Османлиска империја|Османлиската империја]] го опсадила градот [[Виена]] во период од два месеци. Битката го сопрела повторниот обид на Османликсата империја да ја зазеде престолнината на [[Австрија]]. Предходниот обид бил во [[Опсада на Виена (1529)|1529 година]]. Оваа битка го означил почетокот на хегемонијата на Хабсбуршката династија во [[Централна Европа]]. Полскиот крал [[Јан III Собиески]] бил на чело на обединетите полско-австриско-германски сили против османлиската армија под команда на големиот везир [[Кара Мустафа Паша]]. Опсадата започнала на [[14 јули]] [[1683]] година од околу 90 000 војници, меѓу кои и 12 000 јаничари. На [[12 септември]] пристигнала европска армија од околу 84 000 војници и се соочила против [[Османлии]]те. Во годините по битката, Хабсбуршката династија ја ослободила [[јужна Унгарија]] и [[Трансилванија]] од османлиска власт.