Чарлс II: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 106:
[[Податотека:CharlesII1667Medal.jpg|thumb|left|250px|Профил на Чарлс II на метална паричка во 1667 година од Џон Ротиерс за да се одбележи Втората Холандска Војна]]
 
Пред обновувањето на монархијата на Чарлс, [[Навигациони акти|Навигационите акти]] од [[1650]] година ја оштетиле холандската трговија давајќи им монопол на англиските бродови и ја започнале [[Првата Холандска војна]] ([[1652]]-[[1654]]). За да се постават темелите за нов почеток, дипломатските претставници на генералот на државата се појавиле во ноември, 1660 година со [[холандски подарок|холандскиот подарок]].<ref>Israel, J.I., The Dutch Republic; Its rise, greatness, and fall 1477–1806 (Oxford 1998), p. 749-750.</ref> [[Втора Холандска војна|Втората Холандска војна]] ([[1665]]-[[1667]]) била започната со англиските обиди насилно да влезат во Холандските области во [[Африка]] и [[Северна Америка]]. Конфликтот започнал добро за Англичаните, со освојувањето на Њу Амстердам (преименуван каково [[Њу Јорк]] во чест на братот на Чарлс, војводата од Јорк) и победа во [[Битка кај Лоустофт|Битката кај Лоустофт]], но во [[1667]] година Холанѓаните започнале изненадувачки напад на Англичаните ( [[Нападот на Медвеј]]) кога тие пловеле до реката [[Темза]] каде голем дел од англиската флота бил закотвен. Речиси сите бродови биле потопени освен адмиралскиот брод, ''Ројал Чарлс'', кој бил однесен во Холандија како трофеј. Втората Холандска војна завршила со потпишувањето на [[Бредскиот договор]] (1667).
 
Како последица на Втората Холандска војна, Чарлс го разрешил лордот Кларендон, кој го искористил како жртвено јагне за војната.<ref>Hutton, pp.250–251</ref> Кларендон побегнал во Франција кога бил обвинет за [[велепредавство]] (кое се казнувало со смртна казна). Моќта преминала во рацете на петте политичари заедно познати под чудниот акроним како Кабал – Клифорд, Арлингтон, Бакингем, Ешли (подоцна гроф од Шефтсбери) и Лодердејл. Всушност, Кабал ретко дејствувале заедно, а дворот често бил поделен на две фракции предводени од Арлингтон и Бакингем, од кои Арлингтон бил поуспешен.<ref>Hutton, p.254 and Miller, Charles II p.175–176</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Чарлс_II