Чарлс II: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 61:
=== Обновување на монархијата ===
 
По смртта на Кромвел во [[1658]] година, шансите на Чарлс за повторно добивање на круната отпрвен изгледале слаби бидејќи [[Ричард Кромвел]] го наследил својот татко како [[лорд протектор]]. Сепак, новиот лорд протектор немал моќ во Парламентот или Новата армија, бил принуден да абдицира во [[1659]] година и протекторатот бил укинат. За време на граѓанските и воените немири кои следеле, Џорџ Монк, гувернерот на Шкотска, бил загрижен дека земјата ќе премине во [[анархија]].<ref>Fraser, pp.160–165</ref> Монк и неговата војска марширале во градот Лондон и го принудиле Рамп парламентот ([[Англиски јазик|англ]]. rump – задница, преостанат дел) повторно да ги признае членовите на Долгиот парламент ([[Англиски јазик|англ]]. long – долг) кои биле исклучени во декември, [[1648]] година за време на [[Чистката на Прајд]]. Долгиот парламент се распуштил самиот и за првпат по речиси 20 години, имало општи избори.<ref>Diary of Samuel Pepys, 16 March 1660</ref> Претходниот парламент создал изборни квалификации за да се обезбеди, како што тие мислеле, враќање на мнозинството презвитеранци.<ref>Miller, Charles II pp.24–25</ref>
 
Ограничувањата против ројалистичките кандидати и гласачи биле нашироко игнорирани, а резултатот од изборите бил прилично еднаква поделба на политичка основа меѓу ројалисти и парламентарци и на религиска основа меѓу англиканци и презвитеранци во [[Долен Дом|Долниот Дом]]. Таканаречениот нов Конвенциски парламент се собрал на [[25 април]], [[1660]] година, а набргу потоа ја примил веста за [[Декларацијата од Бреда]], со која Чарлс се согласил, меѓу другото, да ги помилува повеќето непријатели на татко му. Англискиот парламент решил да го прогласи Чарлс за крал и да го покани да се врати; оваа порака Чарлс ја добил во Бреда на [[8 мај]], 1660 година.<ref>Hutton, p.131</ref> Во Ирска, порано истата година била свикана конвенција, а на [[14 мај]], Чарлс бил прогласен за крал.<ref>Seaward, Paul (2004), "Charles II (1630–1685)", Oxford Dictionary of National Biography (Oxford University Press), doi:10.1093/ref:odnb/5144, retrieved 2010-04-19</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Чарлс_II