Мит Ромни: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
{{внимание}}
{{без извори}}
Американскиот бизнисмен '''Вилард Мит Ромни''' (анг. Willard Mitt Romney; роден на 12 март, 1947 година) беше седумдесеттиот гувернер на Масачусетс од 2003 до 2007 година. Тој беше избран кандидат на [[Републиканска партија (САД)|Републиканската партија]] на претседателските избори на Соединетите Американски Држави во 2012 година.
 
Израснат во Блумфилд Хилс, Мичиген, од страна на неговите родители Ленор и Џорџ В. Ромни, почнувајќи од 1966 година Мит Ромни поминал две и пол години во Франција како Мормонски мисионер. Во 1969 година, се омажил за Ен Дејвис со којашто има пет деца. Во 1971 година, Ромни учествувал во политичките кампањи на двајцата родители. Истата таа година, дипломирал на Универзитетот „Бригам Јанг”, а во 1975 година со диплома за Мастер по бизнис и администрација и доктор по правни науки на Харвард. Тогаш Ромни влегол во индустријата на менаџмент консалтинг и во 1977 година си обезбедил место во „Бејн енд Компани”. Подоцна, работејќи како извршен директор, помогнал да се изведе компанијата надвор од финансиска криза. Во 1984 година, ја соосновал и водич е на компанијата со неочекуван профит „Бејн Капитал”, високо профитабилна фирма за инвестиции со приватни капитални акции којашто стана една од најголемите по својот вид во земјата. Неговиот значителен нето капитал, којшто во 2012 година е проценет во износ од 190-250 милиони американски долари, му помогнал при финансирањето на неговите претходни политички кампањи.