'''Орово''' ([[грчки јазик|грчки]]: ''ΠίξοςΠυξός'') е село во крајниот северозападен дел на [[Егејска Македонија]] во реонот на [[Општина Преспа (Грција)|Општина Преспа]] во [[Грција]]. До [[1949]] година селото било населено исклучиво со [[Македонци]]. По граѓанската војна во [[Грција]] селото е целосно раселено и уништено. Денес е останата само селската црква „Свети Никола“. Денес некогашните жители на Орово и нивните потомци се населени во [[Скопје]], [[Битола]], битолското село [[Кравари]], [[Тетово]], [[Гостивар]], [[Полска]], [[Австралија]], [[Америка]], [[Канада]] итн. Пред извесно време неколкумина поранешни жители на Орово издадоа монографија посветена на селото.