Дефектолошка теорија и практика: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: == Дефектолошка теорија и практика == '''„Дефектолошка теорија и практика“''' е научн...
(нема разлика)

Преработка од 11:55, 5 јануари 2013

Дефектолошка теорија и практика

„Дефектолошка теорија и практика“ е научно списание за специјална едукација и рехабилитација на лицата со инвалидност чии што издавачи се Институт за дефектологија при Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија и Сојузот на дефектолози на Македонија. Списанието е тромесечно, но излегува два пати годишно како двоброј. „Дефектолошка теорија и практика“ (печатен: ISSN 1409-6099, електронски: ISSN 1857-663X) е рецензирано, академско списание со отворен пристап. Главен и одговорен уредник е Владимир Трајковски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ а заменик главен и одговорен уредник е Оливера Рашиќ-Цаневска Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Развој

Научното списание „Дефектолошка теорија и практика“, започнало да излегува четири пати годишно на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, во март 1997 година. Иницијативата потекнала од раководителот на Институтот професорот Љупчо Ајдински. Негов заменик главен и одговорен уредник бил дефектологот Величко Андреевски. Скромноста на редакцијата се гледала не само во определбата за локално списание, со прилично мал формат Б5, туку и во опфаќањето на автори претежно од Македонија и поранешните југословенски простори што многу брзо се покажало како недоволно. Изданието ги објавувало трудовите од областа на дефектологија, на македонски јазик со резиме на англиски јазик до 2004 година кога професорот Владимир Трајковски станува заменик главен и одговорен уредник и ја воведува двојазичноста на списанието.

Цел

„Дефектолошка теорија и практика“ објавува истражувачки рецензирани трудови од областа на специјалната едукација и рехабилитација на лица со лесна, умерена и тешка инвалидност. Во списанието можат да се објават оригинални и прегледни трудови, куси извештаи, писма до уредникот, резимеа од магистерски и докторски трудови, прикази на случаи, вести и информации и други придонеси од областа на дефектологијата, медицината, психологијата, педагогијата, социјалната работа и социјалната политика и други сродни научни дисциплини.

Апстрактирање и индексирање

Списанието е апстрактирано и индексирано во преку 60 бази на податоци од кои најзначајни се: EBSCO, Hinari, ProQuest, Index Copernicus, Directory of Open Access Journals и Scopus.

Видете исто така

Open Access Scholarly Publishers Association, каде што списанието е член

Надворешни врски