Шехзаде Бајазит (син на Сулејман I): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Шехзаде Бајазит''' (1525-1561) бил османлиски принц кој се борел за османлискиот трон.
 
Татко на Бајазит бил [[Сулејман I]], а мајка [[Рокселана]]. Тој бил владетел во Анадолија. Во текот на воената кампања на неговиот татко во денешен [[Азербејџан]] во 1553 година тој бил назначен да управува со [[Едрене]] во Румелија и тоа во отсуство на својот татко. Во текот на оваа кампања неговиот најстар брат [[Шехзаде Мустафа]] бил погубен. Веста за неговата егзекуција предизвикала немири во сите делови на империјата.
 
По смртта на Мустафа, Сулејман останал со своите два сина Бајазит и [[Селим I|Селим]]. Селим бил управител на Маниса а Бајазит на [[Ќутахија]]. дватаДвата града биле речиси еднакво оддалечени од [[Истанбул]]. Сулејман го видел ривалството меѓу своите два сина па затоа решил да ги смени од нивните должности. Така на Селим му била доделена [[Конија]] а на Бајазит [[Амасија]]. Но на ова се спротиставил Бајазит, а Селим со подршка на неговиот татко и на чело со [[Мехмет Паша Соколовиќ]] го поразил својот брат во близина на Конија на 31 мај 1559 година<ref>Prof. Dr. Yaşar Yücel-Prof. Dr. Ali Sevim: ''Türkiye Tarihi II'' (History of Turkey), AKDTYK yayınları, İstanbul,1990 p. 299-300</ref>.
 
На Бајазит не му останало ништо друго туку да се врати во Амасија, но успеал да побегне во Прсија заедно со неговите синови. Иако шахот во почетокот му посакал добредојде на младиот принц сепак подоцна по барање на Сулејман тој решил да ги предаде. Наместо тоа, на 25 септември 1561 година Бајазит заедно со неговите четири сина биле егзекутирани во Персија по налог на османлискиот султан<ref> Joseph von Hammer:Osmanlı Tarihi Vol II (condensation: Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. p 36-37</ref>.
== Наводи ==
{{наводи}}