Мит Ромни: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 100:
По неговите првични фискални акции спроведени во 2003 година, 61% од населението во јавните анкети го поддржувале гувернерот во својата работа, иако неговиот рејтинг подоцна опаднал, поради честото отсуство од државата. Во ноември 2006 година, поддршката изнесувала 34%, пласирајќи го на 48 место од 50 американски гувернери. Меѓу неколкуте фактори коишто биле причина Демократот Дивал Патрик со 20 поени да издвои победа над заменик-гувернерот на Ромни, Републиканецот Кери Хили, на гувернерските избори во 2006 година, биле незадоволството од администрацијата на Ромни и слабоста на Републиканската партија во државата.
На претпоследниот ден од неговиот мандат, Ромни побарал од Државната изборна комисија да се регистрира одбор за претседателската кампања. Неговиот мандат завршил на 4 јануари, 2007 година.
 
=== Претседателска кампања – 2008 година ===
 
На 13 февруари 2007 година во Мичиген, Ромни формално се претставил како кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во САД во 2008 година. Како политички аутсајдер, во говорите често се повикувал на неговиот татко и семејството и го нагласува неговото искуство во приватниот, јавниот и волонтерскиот сектор коишто придонесле за неговиот досегашен успех.
Во кампањата била изразена високата профитабилност на Ромни во светот на бизнисот и управувањето на Олимписките игри. Исто така имал и политичко искуство како гувернер благодарение на она што го наследил од неговиот татко ( како и поради многу други биографски паралели со него).