Мит Ромни: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 35:
 
Во 1984 година, Ромни ја напуштил „Бејн„[http://en.wikipedia.org/wiki/Bain_and_Company Бејн енд Компани“Компани]“ за да ја формира фирмата за приватни капитални инвестиции „Бејн„[http://en.wikipedia.org/wiki/Bain_Capital Бејн Капитал“Капитал]“. Првично се воздржал од понудата на Бил Бејн да го предводи новиот потфат се додека Бејн ги среди условите во комплицирана структура за партнерство во која не би постоел финансиски или професионален ризик за Ромни. Бејн и Ромни подигнале 37 милиони долари во средства потребни да се започне новата работа којашто имала 7 вработени. Ромни бил именуван како претседател и генерален партнер за управување. Како единствен акционер на фирмата, во публикациите тој важел и за управен директор или главен извршен директор.
Првично, „Бејн Капитал“ се насочува кон потфати за капитални инвестиции. Ромни воспоставил систем во којшто секој партнер може да стави вето на една од овие потенцијални можности и лично забележал толку многу слабости што неколку капитално инвестициски потфати биле одобрени во првите две години. Првиот најзначаен успех на фирмата била инвестиција во 1986 година Staples Inc да започне со работа откако основачот [http://en.wikipedia.org/wiki/Thomas_Stemberg Томас Г. Стемберг] го убедил Ромни за големината на пазарот за канцелариски материјали, и потоа Ромни ги убедил другите; на Bain Capital речиси седумкратно им се вратила инвестицијата, а Ромни повеќе од една декада бил во одборот на директори на [http://en.wikipedia.org/wiki/Staples_Inc. Стејплс].
Наскоро, Ромни ја смени насоченоста на „Бејн Капитал“ кон нов вид на бизнис: купување на постоечки компании со пари позајмени од банките користејќи ги средствата на новокупените компании како гаранција, потоа преземање на чекори за подобрување на вредноста на компаниите, и конечно продажба на компаниите откако ќе го достигнат врвот на нивната вредност што обично се случува за неколку години. „Бејн Капитал“ при купувањето на компании неколку пати изгубил пари но потоа склучувајќи нови договори успеал да врати големи суми од изгубените пари. Фирмата инвестирала или ги освоила „Акјурајд“„[http://en.wikipedia.org/wiki/Accuride Акјурајд]“, „Брукстоун“„[http://en.wikipedia.org/wiki/Brookstone Брукстоун]“, „Доминос„[http://en.wikipedia.org/wiki/Domino%27s_Pizza Пица“Доминос Пица]“, „Сили„[http://en.wikipedia.org/wiki/Sealy_Corporation Корпорејшн“Сили Корпорејшн]“, „Спортс„[http://en.wikipedia.org/wiki/Sports_Authority Ауторити“Спортс Ауторити]“ и „Артисан„[http://en.wikipedia.org/wiki/Artisan_Entertainment Артисан Ентертејнмент“Ентертејнмент]“ како и некои помалку познати компании во секторот на индустријата или медицината. Поголемиот дел од профитот на фирмата бил заработен од релативно мал број на зделки; генерално односот успех-неуспех останал речиси ист.
Ромни открил неколку можости за инвестиции (и оние кои ги открил често не успеале да придонесат за заработка на фирмата). Наместо тоа, тој се насочил кон анализирање на можните зделки од други личности и вклучување на инвеститорите да учествуваат во нив по нивното одобрување. Во рамките на „Бејн Капитал“, со цел да ја одржува мотивацијата меѓу вработените, Ромни го делел профитот од зделките во фирмата, често задржувајќи за себе помалку од 10%. Често ја играл улогата на адвокат на ѓаволот за време на исцрпните анализи или при одлуката да се продолжи со зделката или не. Сакал да го намали инвестицискиот фонд на „Бејн Капитал“ поради првично изгубените пари, но другите партнери не се согласувале со него и фирмата заработила билиони долари. Избрал да не учествува во зделката со „Артисан Ентертејнмент“ не сакајќи да профитира од студио кое произведува филмови забранети за публика под 17 години и за која е потребен надзор од родител. Ромни бил во одборот на директори на „Демон Корпорејшн“, компанија за медицинско тестирање која подоцна е прогласена за виновна да измама на владата. „Бејн Капитал“ трипати ја зголемил инвестицијата пред да се продаде компанијата, а измамата била откриена од новите сопственици. (Ромни никогаш не бил вмешан) Во некои случаи, малку бил вмешан кога се преземала компанија.
Откупувањето на компании на „Бејн Капитал“ некогаш водело до паузирање, некогаш набрзо по купувањето а некогаш по завршувањето на уделот на компанијата. Непознато е колку точно компании презеде „Бејн Капитал“ во споредба со тоа колку изгуби поради овие инвестициски откупувања, благодарение на недостигот од извештаи и наклонетоста на „Бејн Капитал“ кон приватност во името на инвеститорите и на самата себе си. Фундаменталната цел на компанијата била максимизирање на вредноста на преземените компании и придобивките на оние кои инвестирале во „Бејн Капитал“, а не создавање на работни места. Преземањето на „Ампад“„[http://en.wikipedia.org/wiki/Ampad Ампад]“ од страна на „Бејн Капитал“ илустрирало зделка во којашто „Бејн Капитал“ убаво профитирал од рани исплати и менаџмент даноци и покрај тоа што самата преземена компанија завршила банкротирајќи. „Дејд„[http://en.wikipedia.org/wiki/Dade_Behring Дејд Беринг“Беринг]“ e уште еден случај во којшто „Бејн Капитал“ осумкратно ја зголеми својата добивка од инвестицијата, но компанијата била оптоварена со долг и отпуштила повеќе од илјада вработени пред излезот на „Бејн Капитал“.(компанијата дополнително банкротирала, со уште повеќе отпуштања пред процесот на заживување и просперитет). Во врска со отпуштањата, Ромни во 2007 година рекол:„некогаш лекот е малку горчлив, но потребен е за да се спаси животот на пациентот, мојата работа беше да се обидам и да го направам претпријатието успешно и според мене најдобра гаранција што едно семејство може да ја има е бизнисот за којшто работи да биде силен“.
Соочивајќи се со финансиски колапс во 1990 година „Бејн енд Компани“ го побарале Ромни да се врати. Назначен за новиот главен извршен директор во јануари 1991 година, Ромни добил симболична плата од еден долар (останувајќи истовремено генерален партнер во управувањето во „Бејн Капитал“). Тој надгледувал напор да се реуреди планот за поседување на акции од вработените и зделките со недвижнини на „Бејн енд Компани“ додека се обединуваат 1000-те вработени на компанијата, наметнувајќи нова владеачка структура која ја исклучува контролата од Бејн и други основачки партнери, и ја зголемува фискалната транспарентност. На Бејн и на други првични сопственици коишто отстраниле прекумерни парични суми од компанијата им наложил да вратат суштински суми и ги обедил кредиторите, вклучувајќи ја „Федерал Депозит Иншуранс Корпорејшн“, да прифатат помалку од целосна исплата. За време од скоро една година, ја водел „Бејн енд Компани“ низ престврт и ја вратил до профитабилност. Ја довел „Бејн енд Компани“ до ново лидерство и во 1992 година, во декември се вратил во „Бејн Капитал“.
Од ноември 1993 година до ноември 1994 година, Ромни отсуствува од „Бејн Капитал“ за да се кандидира за сенатор на САД. За тоа време, вработените во „Ампад“ започнале да штрајкуваат барајќи ја интервенцијата на ромни. Спритивно од советите на адвокатите на „Бејн Капитал“, Ромни се сретнал со штрајкувачите кажувајќи им дека не е активен авторитет во случајот.
До 1999 година, „Бејн Капитал“ е на пат кон станување на една од водечките фирми во државата, со покачен број на партнерства од 5 на 18, со севкупно 115 вработени и 4 билиони долари под нејзино управување. Просечната годишна внатрешна стапка на добивка од реализираните инвестиции на компанијата изнесувала 113 проценти, а просечниот годишен профит на инвеститорите изнесувал околу 50-80 проценти.
Во февруари 1999 година, Ромни зел платен одмор од „Бејн Капитал“ за да биде претседател и главен извршен директор на организацискиот комитет на олимписките игри во Солт Лејк Сити во 2002 година. Оптужен во некои јави изјави за водење на двојна улога, Ромни останал единствениот акционер на фирмата, управен директор, главен извршен директор и претседател, потпишувајќи ги корпоративните и правните документи, негувајќи ги своите интереси во фирмата и извршувајќи пролонгирани преговори за времето додека е отсутен. Не се мешал во секојдневното работење на фирмата или одлуки поврзани со инвестиции на „Бејн Капитал“ за нови приватни капитални средства. За ова време, ја задржал својата позиција во неколку одбори на директори и често се враќал во Масачусетс да присуствува на митинзи.
Во август, 2001 година, Ромни најавил дека нема да се врати во „Бејн Капитал“. Почетокот на 2002 година го означи неговото заклучно разделување од компанијата; својата сопственост ја поделил на другите партнери и посредил договор кој ќе му овозможи да прима пасивен профит како на пензиониран партнер на „Бејн Капитал“, вклучувајќи ги откупот и инвестициските средства. Приватниот капитален бизнис продолжил да напредува, овозможувајќи му заработка од милиони долари годишен приход.
 
==== Лично богатство ====