Мехмед II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 87:
 
Во [[1472]] година започнала решителната војна со емиратството Акојунлу. Емирот Узун Хасан имал претензии кон [[Трапезунд]] и сакал да ја врати [[Караманија]] под власта на Пир Ахмет. Неговите сили ги ограбиле [[Сивас]] и Токат и го зазел градот [[Кајсери]]. Локалните османлиски сили се повлекле на запад за да ја причекат османлиската армија на чело со султанот. Силите на Акојунлу во исто време биле во контакт во Венеција кои неуспешно ја нападнале [[Анталија]]. Малку подоцна бил ограбен градот Измир. Во есента на 1472 година [[Узун Хасан]] ги нападнал египетските градови [[Малатија]] и [[Халеб]] но без успех. Овој поход бил причина за создавање на сојуз меѓу Османлиите и Мамелуците во Египет.
 
Во пролетта на 1473 година, Мехмед заедно со околу 260.000 армија заминал кон источните делови на Анадолија за да се пресмета со Узун Хасан кој имал приближно ист број на војска. На 4 август Османлиите сакале да ја преминат реката Еуфрат но не успеале и доживеале голем пораз. Но Узун Хасан не го искористил тоа туку се задоволил со следење на османлиските сили кои продолжиле кон северните делови. На 11 август тој конечно се решил за напад кај Бајбурд но доживеал пораз и побегнал од бојното поле. Султанот Мехмед по ова ги зазел Бајбурд и Карахисар и се вратил во Константинопол. Следната година Османлиите конечно ја зазеле целата територија на Караманија.
Во текот на 1474 година османлиските војски на чело со румелискиот бејлербег Сулејман Паша го нападнал градот Шкодра, најважната тврдина на Венеција во Албанија. И покрај обидот прекинување на опсадата, таа продолжила до јули кога Османлиите се повлекле. Причина за ова повлекување била објавената војна на молдавскиот војвода Стефан. Така во јануари 1475 година Сулејман паша доживеал пораз во битката кај Баслуј.
Истата година во Крим избувнала војна меѓу ханот Менгли Гирај и двајцата претенденти за неговиот престол во џеновската колонија Кафа. Во текот на истата година Османлиите ги зазеле сите џеновски територии во регионот, а италијанското население било однесено во Константинопол. По овој поход Кримското ханство станала вазална земја на Османлиската Империја.
Оваа прикика била повторно искористена од Венеција која во 1476 година започнала повторно воена акција во Егејско Море, напаѓајќи го и анадолското крајбрежје. Во 1478 година започнала опсада на Шкодра, а по пат била опседната повторно Кроја која на крајот се предала на Османлиите. Во 1479 година бил склучен мир со венеција. Во следните месеци биле заземени островите Кефалонија, Левкада и Закинтос кои се наоѓале под власта на Леонардо III Токо како и Отранто.
 
== Успеси на Мехмед II ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мехмед_II