Мехмед II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 73:
 
Венеција стапла во дипломатски контакт со Папаската држава, Унгарија, Бургундија и Караманија за заеднички поход против Османлиите. Уште во 1463 година, унгарскиот крал и син на Јанош, [[Матјаш Корвин]] навлегол во Босна и ги зазел тврдините Јајце и Звечаи. Но во следните месеци поголемиоит дел од сојузниците се откажале од походот по најразлични причини.
 
Во 1464 година Венеција го зазела островот Лемнос и го опсадила Митилини.Во август 1464 година дуждот Кристофоро Моро и папа Пије II се состаниле во Анкона каде се планирало нов крстоносен поход против Османлиите во Пелопонез, но планот не успеал поради смртта на папата. Во 1464 година исто така починал и емирот на Караманија и земјата била воведена во граѓанска војна започната од неговите синови за превласт. Најголемиот негов син Исак бил поткрепен од страна на емирот на Акојунлу Узун Хасан а помалиот од Османлиската империја. Во почетокот силите на Узун Хасан навлегле во Караманија и го поставиле на Исак на тронот по кое бил склучен сојуз со Венеција но во пролетта на 1465 година Мехмед ги испратил своите сили во Караманија и Исак побегнал а по неколку месеци и починал.
Истата година Мехмед се обидел да го искористи Скендербег како посредник за склучување на мир со Венеција на кое тој не се согласил. Најверојатно ова била причината следната пролет султанот со огромна војска да замине кон територијата на денешна Албанија. Во текот на овие походи врз населението било извршено масакар а во истиот период била изградена и тврдината Елбасан, по кое османлиските сили се повлекле. Кон крајот на 1466 година Скендербег пристигнал во Рим за да побара помош која не му била одобрена. По враќањето во Кроја, Скендербег успеал да ги победи османлиските сили кои се наоѓале во околината на Кроја и започнал со опсада на Елбасан. Следната година османлиите успеале да ја заземат Албанија со исклучок на градовите Шкодра, Дрищ, Леш, Кроја и Драч кои останале под контрола на Венеција. Самиот Скендербег починал во Леш по една година.
Во 1467 година во Тракија имало епидемија од чума. Поради тоа султанот овој период ги поминал во Видин и Никопол.
 
== Успеси на Мехмед II ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мехмед_II