Мехмед II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 53:
 
Во меѓувреме Османлиите и Унгарците започнале да се подготвуваат за нова војна. Мехмед во почетокот на јули ја ставил под опсада клучната гранична тврдина [[Белград]]. Кон градот било донесено големо количество артилерија, а во реката Дунав биле изградени бродови. Еден од најзначајните настани од оваа опсада било уништувањето на османлиската [[флота]] на [[14 јули]] [[1456]] година на реката Дунав. Согледувајќи дека градот нема да можат да го заземат преку [[Дунав]], Османлиите се решиле да нападнат со сите свои сили по копнен пат на [[21 јули]]. Опсадата на Белград, подоцна, била опишена како решавачка судбина за христијанството од страна на [[Папа Каликст III]].<ref>[http://www.ucalgary.ca/applied_history/tutor/endmiddle/bluedot/belgrade.html Pope Calixtus III account from 14 August 1456 to the Burgundian bishop talking about the saviour of Christianity at Belgrade]</ref>
 
== Србија, Пелопонез и Трапезунд ==
По повлекувањето на османлиските сили од Белград, папа Калист III кон крајот на 1456 година организирал поход на чие чело застанал Арагон и навлегол во Егејско Море со воена флота, зазимајќи ги островите Лемнос, Тасос и Самотраки. Како одговор на тоа Османлиите го ограбиле Лесбос и бил склучен договор според кој католичките острови и области требале да му плаќаат данок на султанот.
Во пролетта на 1458 година Мехмед започнал нов поход кон Пелопонеското деспотство. На 15 мај го опсадил Коринт и во август го зазел, а во исто време навлегле длабоко во Пелопонез и ги ограбиле градовите. Во есента османлиските сили се повлекле оставајќи ги двата деспота Тома и Димитар да војуваат меѓу нив.
Во пролетта 1457 година починал смедеревскиот деспот Ѓорги Бранковиќ и бил наследен од својот син Лазар Бранковиќ кој исто така починал неколку месеци подоцна. Во следните месеци помеѓу српската аристократија избил конфликт. Едната страна била проосманлиски ориентирана а другата проунгарски. Ова му дало шанса на Мехмед повторно да организира поход, но бидејќи бил на Пелопонез оваа задача му била доделена на големиот везир Махмуд Паша. Тој успеал да го заземе Смедерево, Голубац и Митровица а по ова заминал за Скопје каде се сретнал со султанот и армијата од Пелопонез. Во 1459 година Мехмед заминал кон Амасра, џеновска територија на Црно Море, кое се предало без војна.
 
== Успеси на Мехмед II ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мехмед_II