Мит Ромни: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Американскиот бизнисмен '''Вилард Мит Ромни''' беше седумдесеттиот гувернер на Маса...
 
Ред 98:
Во 2004 година, Ромни значително се трудел да ја зајакне Републиканската партија во државата, но таа година не успеал да обезбеди ниедно место на државните парламентарни избори. Оценет како топ-лик на Републиканската нацилана конвенција во 2004 година, политичарите почнале да го гледаат како потенцијален кандидат за претседателските избори во 2008 година. Кон средината на неговиот мандат, Ромни се одлучил за потполна кандидатура за претседател и на 14 декември, 2005 година, изјавил дека нема да бара реизбор за втор мандат како гувернер.
Како претседател на Асоцијацијата на Републиканските гувернери, патувајќи низ државата, ромни се среќавал со истакнати Републиканци изградувајќи национална политичка мрежа; во подготовките на својата кандидатура, во 2006 година, поминал повеќе од 200 денови надвор од државата.
По неговите првични фискални акции спроведени во 2003 година, во јавните анкети 61% од населението во јавните анкети го поддржувале гувернерот во својата работа, иако неговиот рејтинрејтинг подоцна опаднал, поради честото отсуство од државата. Во ноември, 2006 година, поддршката изнесувала 34%, пласирајќи го на 48 место од 50 американски гувернери. Меѓу неколкуте фактори коишто биле причина Демократот Дивал Патрик со 20 поени да издвои победа над заменик-гувернерот на Ромни, Републиканецот Кери Хили, на гувернерските избори во 2006 година, биле незадоволството од администрацијата на Ромни и слабоста на Републиканската партија во државата.
На претпоследниот ден од неговиот мандат, Ромни побарал од Државната изборна комисија да се регистрира одбор за претседателската кампања. Неговиот мандат завршил на 4 јануари, 2007 година.