Ѓавато (Битолско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 158:
 
* [[Трајан Белев-Гоце]] '''(Македонски првоборец од втората светска војна)'''.
Трајан е роден во село Ѓавато, во [[1903]] година. Трајан уште од рано детство бил принуден да работи за издржување на фамилијата. Кога имал 18 години, заминал на печалба во [[Франција]], а потоа и во [[САД]]. Трајан Белев бил редовен на сите митинзи каде се манифестирала солидарноста со [[Советскиот Сојуз]]. Трајан сакал илегално да замине за Советскиот Сојуз, меѓутоа бил откриен и како непожелен протеран од САД. Белев не само во Ѓавато туку и во соседните села агитирал против профашистичкиот режим на Стојадиновиќ. За време на окупацијата станал и секретар на Реонскиот комитет на Први реон, потоа и илегалец но во реонот секаде се чувствувало неговото присуство. Активноста на Трајан го истакнала до тоа да биде член на Оперативниот штаб на Втората Оперативна зона и комесар по снабдување. По формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“, Белев ја имал должноста заменик комесар на батаљонот. Во една од многубројните акции Трајан Белев-Гоце загинал на [[8 Ноември]] [[1943]] година.
 
* [[Андоновски Митрев Михајло]] ''' ( Македонски борец – учесник од втората светска војна)'''.
Роден е во ноември 1918 година во село Ѓавато, Битолско. Уште во раното детство нивната фамилија се преселила во село Гопеш. Конкретно Андоновски Михајло потекнува од сиромашна фамилија, која претежно се занимавала со сточарство, а и со земјоделие. Поради слабата материјална положба Михајло како и неговите браќа биле принудени да се глават како момоци кај имотните селани во разни места. Окупацијата Михајло го затекна,ла во Мариово каде што бил да работи како момок. Преку партиската организација се поврзал во село Рапеш со партизаните кои ги помагал на сите можни илегални начини, а во август 1944 и самиот се приклучил кон НОВЈ. Како борец зел учество во повеќе акции, меѓу кои попознати се оние на Ѓавато, за ослободување на Прилеп и други. Во борбите за ослободување на Охрид од Германците, Михајло го изгубил својот живот на 7 ноември 1944 година
 
* [[Џодовски Ѓорѓиев Борис ]] '''( Македонски борец – учесник од втората светска војна)'''.
Борис е роден во село Ѓавато 1924 година во бедна фамилија. Уште како малечок Борис му помагал, а и подоцна често и самиот вршел препродавање на јаболка, дрва, риби исл. за да ја издржува фамилијата. За време на окупацијата Џидовски со група прогресивни младинци ја помага НОБ, а кога во Ѓавото дошла до Седмата бригада и се приклучил. Подоцна, на Сремскиот фронт, и припаѓа на Втората македонска бригада каде зел учество во повеќе борби. Во една таква борба за Врпоље, Џодовски бил тешко ранет, а нешто подоцна подлегнал на истите. Починал на 5 април 1945 година.
 
* [[Буџевски Пасков Борис]] ''' ( Македонски борец – учесник од втората светска војна)'''.
Буџевски произлегува од сиромашна земјоделска печалбарска фамилија од село Ѓавато. Роден е 1923 година. Уште како мало дете ја почувствувал сета сиромаштија, бидејќи морал да работи за да се прехранува.Подоцна бил овчар. За време на окупацијата Буџевски се дружел со прогресивните младинци од селото. Од нив добивал летки но не ги покажувал на власта. Во август 1944 година Буџевски и се приклучил на НОВЈ. како борец на Втората македонска бригада зел учество во сите борби што ги водела неговата единица на Сремскиот фронт. Во една жестока борба кај Стриживојно, митролезецот Буџевски, на 17 април 1945 година загинал.
Ред 178 ⟶ 179:
* [[Димитар Башевски]] (р. [[27 јуни]] [[1943]]) - македонски романсиер, поет и преведувач.
 
* [[Илија Алушевски]] (1928 - 2004) - македонски фолклорист, етнолог, просветен деец, публицист, кореограф и запишувач на усната литература во битолскиот крај и пошироко, поттикнувач и организатор на јавни манифестации исполнети со фолклорен жанр, учесник во развојот на аматеризмот во [[Македонија]], меѓу македонските иселеници во[[Германија]], [[Шведска]] и на други места.<ref name="значајни">{{цитирана книга|last=Андоновска,|first=Ленче|coauthors=Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска|title=Значајни личности за Битола|editor=Науме Ѓорѓиески|publisher=Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“,|location=Битола|date=2007|pages=20-21|isbn=978-9989-2783-0-3|language=македонски}}</ref>
 
== Култура и спорт ==