Бранислав Нушиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Додава tr:Branislav Nušić
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
Бранислав Нушиќ се школувал во [[Смедерево]], [[Белград]], а една година поминал и во [[Грац]]. Како ученик започнал да пишува под псевдонимот Алкибијад Нушиќ, студирал право, но најмногу од се го привлекувала драмската уметност. Рано го заинтересирале негативните страни на извесни појави во општеството, на кој реагирал од позицијата на опозиција на тогашниот Обреновиќевски режим, за што почувствувал извесни консеквенции: за сатиричната песна „Два раба“ бил изведен пред суд, одлежувајќи една година во затворот во [[Пожаревац]]. А за да биде парадоксот поголем - веднаш по издржувањето на казната бил испратен во дипломатска служба од оние што го беа фрлиле в затвор.
 
Поставен е за писар во конзулатот а потоа и за конзул во [[Битола]] (каде и се оженил во [[1893]] година). Работи и во [[Солун]] и [[СересСер]], учествувајќи и самиот во подготовките за ширење на [[Српска пропаганда во Македонија|српската пропаганда во Македонија]]. На југот на Србија и во Македонија поминува цела деценија. Во [[1900]] година е поставен за секретар на Министерството за просвета на Србија. Во [[1912]] година се враќа во Битола и во периодот 1912-1913 година е околиски началник. Учествува во формирањето на Народното позориште во Битола. Во [[1913]] година го основа и театарот во [[Скопје]], каде живее до [[1915]] година. Ја напушта државата заедно со српската војска во текот на [[Првата светска војна]] и живее во [[Италија]], [[Швајцарија]] и [[Франција]] до крајот на војната.
 
По завршувањето на [[Првата светска војна]] се вратил во [[Белград]] на работа во Министерството за просвета.