Разлика помеѓу преработките на „Методија Андонов - Ченто“

с
Бот: Поправа пренасочувања
с (r2.7.2) (Робот: Додава hr:Metodija Andonov Čento)
с (Бот: Поправа пренасочувања)
|починал-дата = {{починал на|24|јули|1957}}
|починал-место = {{починал во|Прилеп|НР Македонија}} {{flagicon|Yugoslavia}}</small>
}}'''Методија Андонов - Ченто''' (познат и како Методи) ([[17 август]] [[1902]] – [[24 јули]] [[1957]])<ref>[http://www.mn.mk/aktuelno/398-metodija-andonov-cento Методија Андонов - Ченто]</ref> бил [[Македонци|македонски]] национален борец, деец и политичар и прв претседател на [[Президиум на АСНОМ|Президиумот на АСНОМ]]. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв [[Претседател на Република Македонија|Претседател на Македонија]].
 
== Биографија ==
[[Податотека:Ченто како момче.jpg|мини|десно|Ченто како младо момче]]
Роден е на 17 август 1902 година во [[Прилеп]]<ref>[http://www.mn.mk/aktuelno/398-metodija-andonov-cento Методија Андонов - Ченто]</ref> во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село [[Лениште|Леништа]], и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село [[Плетвар]]. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња{{факт}}. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во [[1926]] година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На [[25 март]] [[1930]] година, во [[Нови Сад]], склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на [[5 мај]] тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, [[Илија Андонов - Ченто]], во 1990-те има напишано биографија за својот татко.
 
== Политичка активност пред Втората светска војна ==
Ченто бил еден од организаторите на [[Илинденски демонстрации во Прилеп|Илинденските демонстрации во Прилеп]] ([[1940]]), за што бил затворен во затворот во [[Велика Кикинда]]. Во [[1940]] година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во [[Баина Башта]], при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на [[15 април]] [[1941]] година.
 
Пред [[Втора светска војна|Втората светска војна]] повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот [[1935]] - [[1940]] е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во [[Скопје]], каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. Неколкуте вакви негови изјави, биле рапортирани во Белград и биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.
 
== Антифашизам ==
Уште на почетокот на бугарската окупација, на [[26 април]], Ченто добива покана да соработува со [[Бугарија|бугарските]] окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во [[Прилеп]] станува свртилиште на [[Комунизам|комунистите]] од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „[[Чучулигово]]“, [[Петрич|Петричко]] ([[Пиринска Македонија]]).
 
По неговото ослободување од интернација, [[Главен штаб на НОВНародноослободителната војска и ПОМпартизанските одреди на Македонија|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]] на [[21 август]] [[1943]] година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на [[Македонија во Втората светска војна|НОБ]]. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин [[Кузман Јосифовски - Питу|Кузман Јосифоски - Питу]], кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.
 
== Основање на нова македонска држава ==
[[Податотека:cento-govor.jpg|thumb|десно|230px|Ченто држи говор на главниот плоштад во ослободено [[Скопје]], 1944 год.]]
На слободната територија во [[Дебарца]], Охридско, Ченто преминува во октомври [[1943]] година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на [[Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ|Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ]] станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај [[1944]] година тој, [[Емануел Чучков]] и [[Кирил Петрушев]] заминуваат за [[Вис]] на средба со [[Народен комитет за ослободување на Југославија|Народниот комитет за ослободување на Југославија]] на чело со [[Јосип Броз - Тито|Јосип Броз Тито]]. Средбата се одржува на [[24 јуни]] при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.
 
По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу [[Антифашистичко Собрание за Народно Ослободување на Македонија|АСНОМ]] и на [[2 август]] се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на [[Президиум на АСНОМ|Президиумот на АСНОМ]] на ова највисоко државно тело на [[Социјалистичка Република Македонија|Демократска Федерална Македонија]] (подоцна НР Македонија).
 
За време на извршување на својата фукнција, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, [[Јосип Броз - Тито|Јосип Броз Тито]]{{факт}}, кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).
 
== Судирот со новата комунистичка власт ==
Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на [[14 јули]] е уапсен од полицијата пред својата куќа во [[Прилеп]], а на [[31 јули]] Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во [[Грција]]. На [[8 август]] против него е покренат обвинителен акт, а на [[19 ноември]] е изведен пред суд во состав: [[Панта Марина]] (претседател) и [[Лазар Мојсов]] и [[Коле Чашуле]], членови. Судењето трае доста кратко и по два дена, на [[21 ноември]] првиот македонски претседател Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.
 
Пуштен е условно на [[4 септември]] [[1955]] година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од [[Јосип Броз - Тито|Тито]] да му дадат пасош за да отиде да се лечи во [[Швајцарија]], но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на [[24 јули]] [[1957]] умира од рак на желудникот, во својот дом во [[Прилеп]]. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.
 
== По смртта ==
758

уредувања