Канцелар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Додава: kk:Канцлер
с Бот: Поправа пренасочувања
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Извршна власт}}
'''Канцелар''' ([[латински јазик|латински]]: cancellarius) е официјална [[титула]] користена од повеќето народи чија [[цивилизација]] се издигнала директно или индиректно од [[РимскоРимска царствоимперија|Римското царство]]. Во различни периоди и во различни земји, поимот означувал разни должности и бил носен од [[офицер]]и со разни ранкови. Многу [[влада|влади]] имаат канцелар кој служи како некој вид на министер. Во разни влади, канцеларот има различна функција. Оригиналните канцелари биле оние во римските судови на правда - функционери кои седеле на „''канцелите''“ во [[базилика]] или судница, коишто ги одделувале судијата и поротата од гледачите.
 
== Австрија ==
Ред 13:
== Кина ==
 
Канцелар на [[Народна Република Кина|Кина]] бил втор највисок ранк по Царот на Кина.
 
== Колумбија ==
Ред 41:
== Франција ==
 
Со векови [[крал]]от на [[Франција]] назначувал канцелар (Chancelier de France, канцелар на Франција, Голем гралски офицер), како титула со функција чувар на печатите. Канцеларот бил одговорен и за некои судски постапки. За време на владеењето на [[Луј XVIII]], [[Шарл X]] и [[Луј-Филип|Луј Филип]], канцеларот на Франција бил претседател на Комората на перови, горниот дом и кралскиот француски парламент.
 
== Германија ==
Ред 47:
Како и во Австрија, канцеларот на [[Германија]] (Bundeskanzler, Бундесканцелар; женска форма - Bundeskanzlerin) е титулата на претседателот на владата на Германија. Во германската политика, позицијата на канцеларот е речиси иста со онаа на премиерот и е бирана од [[Бундестаг]]от (германскиот парламент) на секои четири години.
 
По обединувањето на Германија, во [[1871]] година, канцеларот на царството (Reichskanzler) служел не само како претседател на владата, туку и како претседател на [[Бундесрат]]от, горниот дом на германскиот царски парламент. По оставката на царот [[Вилхелм II (Германија)|Вилхелм II]] во [[1918]], германскиот канцелар повеќе не претседателствувал со горниот дом, но бил претседател на владата на републиката.
 
[[Адолф Хитлер]] бил назначен за канцелар во [[1933]] од страна на претседателот [[Паул фон Хинденбург|Хинденбург]]. На [[23 март]], [[1933]], по [[пожарот во Рајхстагот]], парламентот го одобрил „[[Овластувачки акт|овластувачкиот акт]]“ којшто му дал на Хитлер легално право да донесува закони без одобрение и знаење на парламентот: станал легален диктатор. Хитлер бил канцелар и претседател на Германија и се викал [[Фирер]] и Рајхканцелар (Führer und Reichskanzler, лидер и царски канцелар) по смртта на Хинденбург во [[1934]].
Ред 75:
== Шпанија ==
 
Шпанскиот збор „''кансиљер''“ (canciller) е соодветен збор за канцелар. Но во [[Шпанија]] овој израз се однесува на граѓански службеник одговорен за технички проблеми во врска со надворешните работи. Канцеларите работат во амбасадите и козулатите на Шпанија. Во другите земји каде што се зборува на [[шпански јазик|шпански]] се користи изразот кансиљер за министер за надворешни работи.
 
== Шведска ==
Ред 89:
Во [[Обединето Кралство|Обединетото Кралство]], неколку министри држат места коишто во името го содржат зборот канцелар.
 
* Главниот канцелар држи една од најстарите функции во државата, којашто датира од [[Кралство Англија|Кралството Англија]], постара од самиот парламент. Теоретски, главниот канцелар е канцеларот на [[Обединето Кралство|Велика Британија]]; порано постоело канцеларство на [[Ирска]] коешто било укинато во [[1922]], кога цела Ирска освен [[Северна Ирска]] го напуштила Обединетото Кралство. Главниот канцелар, втората највисока некралска функција има повеќечлена улога:
** Главниот канцелар бил глава на [[Англија|англиското]], но не и [[Шкотска|шкотското]], судство. Пред тоа, главниот канцелар бил единствениот судија во канцеларскиот суд. Бидејќи тој суд бил комбиниран со други за да се формира Високиот суд, главниот канцелар служел како глава на канцеларството, но таа улога била префрлена на вице-канцеларот. Главниот канцелар исто така можел да учествува на судски седници. Моментален главен канцелар е [[Лорд Фалконер од Торотон]].
** Министер за правда.
Ред 99:
== САД ==
 
Во [[Соединети Американски Држави|САД]], единствениот канцелар наименуван од федералната влада е канцеларот на Смитстонскиот Институт, незначајна функција држена од шефот на правдата на САД.
 
[[Категорија:Канцелари]]