Разлика помеѓу преработките на „Микеланџело Буонароти“

с
Бришење на "Michelangelo_Crucifix.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на [[commons:User:INeverCry|I...
с (r2.7.1) (Робот: Додава ie:Michelangelo)
с (Бришење на "Michelangelo_Crucifix.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на [[commons:User:INeverCry|I...)
Како младо момче, неговиот татко го пратил Микеланџело на јазични студии во Фиренца заедно со хуманистот Франческо да Урбино. Младиот уметник не покажал голем интерес за школувањето. Повеќе сакал да ги прецртува сликите од црквите и да трага по друштво на уметници. На само 13 години, Микеланџело станал ученик на сликарот Доменико Гирландо. А кога наполнил 14 години , неговиот татко го наговорил Гирландо дури и му плаќа на Микеланџело, што тој ја посетува неговата школа, што било многу необично за тоа време. Во 1489 година, владетелот на Фиренца, Лоренцо де Медичи побарал од Гирландо да му ги прати неговите двајца најдобри ученици, се разбира тоа бил Микеланџело, заедно со Франческо Граначи. Од 1490 година до 1492 година, Микеланџело ја посетувал Академијата на Медичи, основана напоредно со неоплатонските погледи, во која учел за хуманизмот. Го изучувал вајарството под диригентска палка на Бертолдо ди Џовани. Низ академијата, не само на надворешниот изглед, туку и на самите негови дела можеле да се забележат влијанија од многу прочуени филозофи и писатели до тоа време, како што се Марсиљо Фиконо, Пико дела Мирандола и Поличиано. Во тоа време Микеланџело ги вајал делата „Богородица во карпите“ (1490 – 1492 година ) и „Битката на кентаурите“ (1491 – 1492 година ). Второто било поттикнато од тема на Поличиано, а било правено по нарачка на Лоренцо де Медичи. На 17 годишна возраст, Микеланџело се здобил со удар во носот од неговиот соученик во вајарската школа на Бертолдо ди Џовани, Пјетро Ториџиано. Тоа оставило трајна деформација на неговото лице, видлива на сите негови портрети.
=== Полнолетство ===
 
[[File:Michelangelo Crucifix.jpg|thumb|right|200пкс|Распетие, 1492]]
Смртта на Лоренцо де Медичи, на 8 април 1942 година, донела пресврт во животот на Микеланџело. Тој го напушта покривот на школата на Медичи и се враќа во домот на неговиот татко. Во следните месеци на дрво го изрезбарил „Исусовото распетие“ (1493 година) како подарок за игуменот на фиренската црква Санто Спирито (Светиот дух), кој за возврат му дозволил да изведува анатомски истражувања врз труповите во црковната болница. Помеѓу 1493 година и 1494 година, Микеланџело купил блок од мермер на кој сакал да изработи многу поголема од веќе постоечката статуа на Херкул, која била испратена во Франција, а потоа случајно исчезнала некаде околу 18 век. На 20 јануари 1949 година по обилните снежни врнежи, наследникот на Лоренцо, Пјеро де Медичи, нарачал изработка на снежна статуа, и Микеланџело повторно се нашол во редовите на школата.