Сојузни држави на Нигерија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''[[Нигерија]]''' се дели на '''36 сојузни држави''' и '''федералната престолнинска територија''' Абуџа. Државите потоа се делат на 774 месни управни подрачја.<ref>[http://www.usaid.gov/ng/admin_divisions.htm Административни единици на Нигерија] - Мисија на [[УСАИД]] во Нигерија (октомври 2004), пров. на 21 април 2010 {{en}}</ref>
 
Пред и по стекнувањето на независноста во 1960 г, Нигерија била федерација сочинета од три региони: Северен, Западен и Источен. Во [[Историја на Нигерија|колонијално време]] постоеле и покраини. Во 1963 г, од Западниот регион се одземени две покраини, кои потоа го образувале новиот Среднозападен регион. Во 1967 г, регионите се поделени и заменети со 12 сојузни држави. При поделбата, целовиден останал само Среднозападниот регион и добил статус на држава. Од 1967 до 1970 г. Среднозападниот и Источниот регион се направиле обид за отцепување од земјата и осамостојување под името [[Бијафра]]. Во 1976 г. се создадени уште седум држави, накачувајќи го бројот на 19;<ref name="Kraxberger">Kraxberger, Brennan (2005) "Strangers, Indigenes and Settlers: Contested Geographies of Citizenship in Nigeria" ''Space and Polity'' 9(1): стр. 9-27, стр 10, 11, 15</ref> Во 1991 г. е основана [[Федерална престолнинска територија (Нигерија)|Федералната престолнинска територија]] (денес наречена [[Абуџа]]). Во 1987 се воведени две нови држави, а во 1991 г. следувале уште девет, сочинувајќи вкупно 30.<ref name="Kraxberger"/> Со последната измена во 1996 г. земјата ги добила конечните 36 држави.