Бајазит I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 45:
 
Бајазит во голема мера ја искористил династичката војна во Византија и направил сè за да се вмеша во нејзината внатрешна политика. Византија во негово време била сведена на престолнината Константинопол и крајбрежјето на Црно Море како и Мореја на Пелопонез. Во Константинопол управувал Јован V Палеолог (1341—1391), додека неговиот внук Јован VII Палеолог владеел со областите од Месемврија до Цариград. Со подршка на Џенова и Османлиите, Јован VII успеал да зазеде неколку градови и да се појави пред ѕидините на Константинопол. На стариот император Јован како на помош му дошол [[Мануел II Палеолог]], но и покрај тоа на 14 април 1390 година во градот влегол Јован VII. Јован V со своите приврзаници бил затворен во [[Златна порта (Константинопол)|Златната порта]], додека неговиот син Мануел успеал да побегне од градот. На Венецијанската република и била позната бајазитовата подршка на Јован VII. Мануел II успеал да собере помош од егејските острови и во август се нашол пред Константинополските ѕидини. Со помош на Џенова, на 17 септември 1390 година Јован V повторно ја зазел власта а Јован VII побегнал кај Бајазит како османлиски вазал.
 
Бајазит со помош на вазалот ја зазеле последната христијанска населба во Анадолија, [[Падот на Филаделфија|Филаделфија]]. Поради стравот од Бајазит, Јован V започнал со поправка на ѕидините на престолнината на кое Бајазит му се заканил со опсада на градот. Поради ова византискиот император го повлекол проектот а како награда го добил Мануел II. Во 1391 година починал Јован, а на негово место застанал Мануел II, кој бил вазал на Бајазит и кој му порачал дека територијата на Византија се наоѓа единствено зад Константинополските ѕидини. Покрај тоа, Мануел морал да се согласи да Бајазит именува кадија кој во Константинопол ќе им суди на муслиманското население.
 
== Освојување на Балканот ==