Бајазит I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 38:
== Анадолија ==
 
Во првите години од своето владеење Бајазит лично го предводел походот против малите емирати во Анадолија. Во времето на Косовската битка, владетелот на Гермијан си ги вратил териториите кои претходно морал да ги предаде на Мурат. Така во 1389 и 1390 година Бајазит ги зазел Сарухан, Ајдин и Гермијан. Единствено Смирна останала надвор од османлиско управување. Како нов владетел на Ефес и Милет, Бајазит започнал да војува со еден од своите главни противници Алаудин. Тој успеал да навлезе во неговата територија и да го опседне главниот град Конија. На ова одговориле останатите емирства на чело со Кастамонија и Сивас, додека Караманија останала неутрална. И покрај антиосманлискиот сојуз, Бајазит ги задржал сите освоени територии а Алаудин ги задржал територииите источно од градот Чаршамбе на брегот од Црно Море.
Доколку Бајазит станал султан во [[1389]] година, тогаш изворите дека тој го наследил неговиот татко уште по крајот на Косовската битка се неточни. Некои сметаат пак дека овој период бил потребен на Бајазит да се ослободи од силите на неговиот брат. Во меѓувреме, во [[Анадолија]] се случиле големи конфликти предизвикани од страна на Караманите и Монголците. Во тоа време бил повторно вратен градот Бајшехир, а поранешниот гермијански бег се обидел повторно да си ги поврати своите области. Овие конфликти меѓу браќата завршиле кон крајот на 1389 година. На 26 октомври управителот на Галата го ратифицирал договорот со османлиите за самата област<ref>Michel BALARD, La Romanie Génoise, Vol. 1, Roma (1978), 97.</ref>, која денеска е дел од Истанбул. Кон крајот на годината, Бајазит ги повел своите војски во Анадолија.
 
Според [[Азиз бин Ардашир]], кон почетокот на воената кампања, кон султанската армија се присоединил и Сулејман Паша, владетел на Кастамону. Сулејман најверојатно бил вазал на Бајазит, а односите меѓу двете земји се зајакниле по склучениот брак меѓу отоманската принцеза и близок роднина на Сулејман<ref>Yaşar YÜCEL, „Kastamonu'nun ilk fethine kadar Osmanlı-Candar Münasebetleri", Tarih Arastirmalari Dergisi, 1/1 (1963).</ref>. Во текот на оваа воена кампања, Бајазит постигнал успех, притоа биле заземани Сарухан и земјите на Ајдин, а по ова бил предаден и Бејшехир, како и југозападна Анадолија. Точните дати за овие победи не се сигурни. Венеција на 6 март 1390 година го испратила својот амбасадор кај султанот за потпишување на договори со владетелите на Ајдан у Ментеше во југозападна Анадолија<ref>4Elizabeth A. ZACHARIADOU, Trade and Crusade: Venetian Crete and the Emirates of Menteshe and Aydìn, Venice (1983), 77.</ref>. Во целина, се смета дека Бајазит и неговата кампања била соста кратка и усупешна.