Лидија Неделкова: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
'''Лидија Неделкова''' (родена [[17 февруари]], [[1961]] во [[Скопје]]) е позната [[Македонија|македонска правничка]], поранешен кривичен судија, актуелна претседателка на [[Врховен Суд на Македонија|Врховниот Суд на Република Македонија]].
==Биографија и образование==
Родена е во [[Скопје]], каде што го завршила своето основно и средно образование во училиштето [[ОУ „Димитар Миладинов“ - Центар|„Димитар Миладинов“]] (тогашно „Браќа Рибар“) и познатата скопска гимназија [[СУ „Раде Јовчевски Корчагин“ - Скопје|„Раде Јовчевски - Корчагин“]]. Во својата младост и средношколски денови, активно се занимавала со спорт, тренирајќи ракомет. Високото образование го завршила, дипломирајќи со одличен успех и висок просек 9,5, на [[Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје|Правниот факултет во Скопје]] во [[1983]] година. Мајка е на еден син. Одлично го говори [[Англиски јазик|англискиот јазик]].
 
==Работно искуство==
Веднаш по завршувањето на своето образование, се вработува во судството, каде што има 26 години стаж и работно искуство<ref>[http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=27D7853FA05B3045A89A8B8442FD45CC Портрет - Амбициозна жена на врвот на судската власт - „Утрински весник“, 05.12.2012]</ref>. Својата професионална кариера ја започнала како стручен соработник во Основниот Суд Скопје 2. Во [[1996]] година, од страна на [[Собрание на Република Македонија|Собранието на Република Македонија]] е избрана за судија во Основниот Суд Скопје 2, каде судела предмети во кривична постапка. Со основањето на одделот за организиран криминал во рамки на Основниот Суд Скопје 1, Лидија Неделкова ја продолжува својата професионална судиска кариера како кривичен судија, судејќи ги едни од најзначајните, најтешките и најважните судски процеси и постапки во историјата на [[Република Македонија]]. Како кривичен судија во одделот за организиран криминал при Основниот Суд Скопје 1, Лидија Неделкова ги водела судските процеси и донела пресуди по случаите „Пепел“, „Бродец“, „Агим Красниќи“, „Јака Табак“, „Изгрев“ и др<ref>[http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=27D7853FA05B3045A89A8B8442FD45CC Портрет - Амбициозна жена на врвот на судската власт - „Утрински весник“, 05.12.2012]</ref>. Во [[јули]] [[2009]], од страна на Републичкиот судски совет е избрана за претседателка на Кривичниот суд Скопје 1, со кој раководела 3 години се до [[15 март]] [[2012]] година, кога е избрана за судија во [[Врховен Суд на Македонија|Врховниот суд на Македонија]]. На [[4 декември]] [[2012]], едногласно со 13 гласови за, судскиот совет ја избра за претседател на [[Врховен Суд на Македонија|Врховниот суд на Македонија]], со што станала првата жена претседател на Врховниот Суд во историјата на [[Македонија]]<ref>[http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=59379 Лидија Неделкова е избрана за претседател на Врховниот суд - „Алфа ТВ“, 04.12.2012]</ref>.