Маричка битка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 34:
Христијанските војски биле распоредени во камп кај [[Черномен]] на реката Марица. Бидејќи христијаните биле уверени во својата големина, тие не земале доволно претпазливост, а сигурно и не очекувале напада пред да пристигне султанот со анадолската војска. Сето ова станало една од причините за станало причина лошата дисциплина меѓу христијанската војска и нејзиниот пораз.
 
Румелиската војска на чело со Шахин Паша била распоредена во околината на Едрене во очекување на султанот. Лала Шахин го свикал воениот совет, на кој била донесена одлука Хаџ Илбеги заедно со неговиот одред од 4.500 војници да го започне нападот. Вечерта на 25 и 26 септември 1371 година согледувајќи го кампот на христијанската војска, Илбеги забележал дека таа е многу голема, но според изворите христијанската армија тонела во ноќното пијанство и ваквата состојба била многу добра за напад. Според Халкондил, обезбедувањето на кампот не било организирано<ref>Лаоник Халкондил, „Историја”</ref>.
 
Илбеги ги разделил своите сили на четири делови и ги испратил да нападнат во четири различни насоки. Нападот од сите четири страни создал паника и впечаток кај христијаните дека се опкружени од голема муслиманска војска. Изворите раскажуваат дека во паниката тие почнале да се убиваат меѓусебно. Благодарение на добрата и организирана муслиманска тактика, реката наместо заштитен ѕид се претворила во сериозна пречка за прегрупирање на христијанскитње сили. Христијанската војска била целосно разбиена:
Ред 40:
{{quote|Тие не само што не ги истераа Турците, туку и самите тие настрадаа бидејќи беа убиени и коските таму си ги оставија непогребени; Други пак загинаа од сечилото на мечот или пак беа одведени во ропство; Трети пак, малкумина, добија можност да се спасат и да побегнат}}
 
[[Мавро Орбини]] пак битката ја опишал малку поразлично за разлика од Лаоник Халкондил. Според него првично Турците се сокриле во планините, а христијанската армија ги опустошила новите турски земји. Сепак, кога христијанската армија се враќала назад, тие ги нападнале силите на Углеша.<ref>Мавро Орбини, „Краљлевство Словена”, Београд, 1986, стр.118</ref>.
 
Во борба загинале и двајцата претставители на походот - браќата Волкашин и Углеша. Околностите околу нивната смрт не е позната и нивната смрт е станала легенда. Според Мавро Орбини деспотот Углеша се удавил во обид да побегне преку реката Марица. Волкашин успеал да ја премине реката, но додека пиел вода бил задавен од страна на неговиот војсководец Никола Хрсојевиќ. Подоцна неговите останки биле однесени во манастирот Свети Димитар кај Сушица.