Етапна трка: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Во спортот, '''етапата''' е единица од трка, која е поделена на неколку дена поради д...
(нема разлика)

Преработка од 20:55, 28 декември 2012

Во спортот, етапата е единица од трка, која е поделена на неколку дена поради должината на растојание кое треба да се покрие, како во повеќедневните настани. Обично, таквата трка се состои од „вообичаени“ етапи, но понекогаш етапите се одржуваат како индивидуален хронометар или екипен хронометар. Долгите трки како Тур де Франс или Џиро д’Италија се познати по нивните етапи во секој ден, додека едриличарската трка VELUX 5 Oceans Race е поделена обично на четири етапи во траење од неколку недели на секоја етапа, каде натпреварувачите се тркаат ден и ноќ. Во велосипедизмот и другите настани, трка со етапи е позната како етапна трка.

Велосипедска етапна трка

На обична етапа во друмскиот велосипедизам, сите возачи почнуваат истовремено и ги делат патиштата. На возачите им е дозволено допирање и заштитување на едни од други. Возењето во заветрина е многу важна за тактиката на трката: сам возач има мали шанси за надминување на мала група на возачи, кои можат да имаат смени во напорната положба на чело на групата. Мнозинството на возачи создаваат една голема група, „кутија“ (на француски: peloton), со одредени групи во напад пред нив и повремени отпаѓања од самата група позади. На планинските етапи, групата е многукратно поделена, додека на рамните етапи тоа е поретко.

Кога група на возачи пристигнуваат на целта заедно, тие не се борат еден против друг за неколку секунди подобар резултат во нивните времиња. Постои правило дека доколку еден возач заврши во помалку од една секунда позади друг возач, тогаш тој го добива истото завршно време како првиот. Ова функционира преносно, па така кога групата завршува заедно секој возач во нејзе го добива времето на возачот на чело на групата, иако времетраењето на поминување на групата може да трае десетици секунди, па дури и неколку минути.

Возачите кои доживеале пад во рамките на последниот километар на етапата го добиваат завршното време на групата со која тие биле кога паднале, ако тоа е подобро отколку времето во кое тие завршиле. Ова спречува спринтерите да бидат казнети за инцидентите кои влијаат на нивниот резултат на целата етапа, иако падот се случил во последниот километар. Паднатиот спринтер во последниот километар нема да победи во спринтот, но ќе спречи да биде казнет и во генералниот пласман.

Етапи на рамен терен

Обичните етапи може да биде групирани како „спринтерски етапи“ или „планински етапи“. Возењето на релативно рамен терен ги прави бегствата на малите групи или поединците скоро невозможни, не постојат големи ридови кои ќе ја забават групата. Повеќе или помалку на овие етапи се случува групата етапата да ја заврши во целина. Некои екипи се организирани околу еден специјализиран спринтер и во последните километри на спринтерската етапа, овие екипи обезбедуваат место на чело на групата. Во последните неколку стотина метри, групата го доведува нивниот спринтер напред, возејќи многу силни, додека тој останува во заветрина. На само 200 метри пред целта, спринтерот излегува самиот околу последниот преостанат член на екипата. Брзините често достигнуваат до 72 км/на час. Спринтерските етапи ретко завршуваат со големи временски разлики помеѓу возачите, но кандидатите за генерален пласман често остануваат близу челото на групата со цел избегнување на падови.

Планински етапи

Умерено-планински етапи

Етапи за „бегства“

Специјални правила

На повеќедневните големи настани, како Тур и Џиро, постои и натпреварување за најдобар спринтер. Спринтерите собираат бодови преку завршување на првите места на крајот на етапата и исто така преку мерните точки на етапата. Спринтерите исто така можат да добијат временски бонуси, со што добрите спринтери може да бидат први во генералниот пласман во текот на првите неколку етапи на повеќедневна трка.

Наводи