Александар Амфитеатров: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
EvLa (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
EvLa (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
Амфитеатров бил близок со врвната интелигенција на царска Русија. Другарувал и бил личен пријател со [[Горки]], [[Бунин]], [[Чехов]]. Неговите либерални ставови, кои биле неприфатливи за цврстиот политички режим во Русија, често му носеле и непријатности. По објавувањето на сатиричниот роман „Господата Обманови“, во кој го прикажува царското семејство, во 1902 година заработил неколкугодишно прогонство во [[Сибир]].
 
По Октомвриската револуција не ги прифатил ни новонастанатите општествени односи поради што во [[1920]] г. ја напуштил Русија засекогаш. Емигрирал во [[Италија]], каде што имал често престојувано и порано, а таму го дочекал и крајот на животот. Умрел во 1938 год. во [[ЛевантЛеванто]].
 
Уште за време на животот, од страна на недобронамерните критичари бил омаловажуван како автор кој пишува многу, но без висок квалитет на неговите дела. Сепак, Амфитеатров има оставено бројни дела со несомнено висока литературна вредност, какви што се романите „Осумдесетгодишници„, „Деведесетгодишници“, „Залез на стариот век“ и други. Во 1911 год. се обидел сите свои дела да ги собере во едно издание од 37 томови. До 1916 год. излегле 34 тома, без одреден ред, а од непознати причини, недостигаат три тома: 21, 32 и 36. Поради неприфаќањето на советскиот режим, неговото име во татковината во времето на Советскиот сојуз е непожелно и паѓа во заборав. Неговите дела се реткост, како во библиотеките така и во сеќавањето на руската читателска публика.
Ред 27:
 
[[Категорија: Историја на Македонија|А]]
 
[[ru:Амфитеатров, Александр Валентинович]]