Предикат: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 131:
Доделување вредности и команди за печатење
Операции за наоќање средна вредност, сума, минимум, максимум и сл.
 
Производ на две множества A и B се дефинира со:
 
A×B={(a,b)∣a∈A,b∈B}.
 
Овој производ се нарекува уште и Декартов производ и неговите елементи се подредени парови на елементи во кои првиот елемент од парот припаѓа на првото, а вториот елемент на второто множество од производот.
 
Пример 5 .
 
За множествата A={a,b,c},B={a,1,2} производот е:
 
A×B={(a,a),(a,1),(a,2),(b,a),(b,1),(b,2),(c,a),(c,1),(c,2)}.
 
Пример 6 .
 
Ако A={x∣1≤x≤4}, B={y∣2≤y≤6}, тогаш:
 
A×B={(x,y)∣(1≤x≤4)∧(2≤y≤6)}
 
и геометриски претставува множество на внатрешни и грани­чни точки од правоаголникот ограничен со правите: x=1,x=4,y=2,y=6.