Влашки јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 20:
}}
 
[[Податотека:влашка икона.jpg|thumb|Написот од иконата во Музакија, Албанија, 1731]]
'''Влашкиот јазик''' (поточното име е ''аромански''), на влашки: ''armãneashti'' или ''armãneshce'' е [[јазик]] од источната подгрупа од [[Романски јазици|романските јазици]] кои се зборуваат на [[Балкан]]от. Истиот термин се користи за дијалектите на романскиот јазик кои се зборуваат во Србија.
 
Овој јазик е формиран по [[романизација|латинизација]]та на Балканскиот Полуостров со мешање на локалните јазици на античките народи на Балканот, особено на трако-илирскиот, епирскиот и тесалискиот. Во текот на вековите, ароманскиот јазик под влијание на грчката култура и [[Грчки јазик|јазик]] која била во подем на Балканот пред и по доаѓањето на [[Римјани|Римјаните]] така што голем дел од лексичкиот состав на јазикот доаѓа од овој јазик. Основниот морфолошки и граматички состав на јазикот е секако сроден со останатите нео-латински (романски) јазици а во однос на лексиката, огромен број од латинската основа е еднаква.
 
[[Податотека:влашка икона.jpg|thumb|лево|Написот од иконата во Музакија, Албанија, 1731]]
 
Прашањето за одделноста на ароманскиот јазик од романскиот јасно е решено со одделувањето на двете популации јужно (Ароманците) и северно (Романците) кои биле латинизирани во текот на нападот на Римската Империја на Балканот. Доколку зборуваме за дијалекти на ист јазик, тогаш би морале да дојдеме до констатацијата дека овие два народи живееле некогаш заедно и зборувале ист јазик разделувајќи се по доаѓањето на Словените (што е дел од политичката пропаганда на [[Романија]]. Скорешните генетски истражувања укажуваат на спротивното.
Ред 37 ⟶ 38:
Во 1813 година, се издава првата ароманска граматика со име „Γραμματική ρωμανική ητοί βλαχική“ (Ароманска или влашка граматика) на аромански, германски и грчки јазик во Виена, од страна на Михаил Бојаџи (која подоцна ќе биде анатемисана од страна на грчката црква).
Со отворањето на ароманските (влашките) училишта на Балканот почнувајќи од 1864 година со училиштето во село Трново, битолско, се зголемува бројот на кадрите за јазикот и тој ја добива својата конечна форма. Почетоците на училишната традиција ја започнува ароманскиот Архимандрит Аверќие кој одбира 12 момчиња од различните места на Балканот и го формира првото пост-москополско училиште со име „Дванаесет Апостоли“ во Букурешт, Романија. Овие училишта почнуваат да добиваат и поофицијална употреба со признавањето на Власите (Ароманците) од страна на турскиот Султан Абдулхамид Втори, кој на 23 мај 1905 го издава ферманот „ИРАДЕ“ со кој на ароманскиот елемент во европска Турција му се дозволува формирање свои општини со нивни поглавари - муктари, како и право на вероисповест (влашки јазик во црквите) и училишта. Со Коминикето од наредниот ден (24 Мај) од страна на Великиот Везир Сафет-Паша на ароманските цркви ѝм се утврдува правото на постоење и на Цариградската Патријаршија строго ѝ се забранува мешање во нивната работа.
 
[[Податотека:South-Balkan-Romance-languages.png|300п|мини|лево|Распространетост на влашкиот јазик]]
 
На крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век се пројавуваат бројни аромански писатели кои го унапредуваат јазикот. Меѓу нив најзначајни се: Никола Бацарија, Никола Вело, Јорји Мурну и др. Во овој период значајно е и печатењето на првиот официјален аромански речник од Штефан Михајлеану во 1901 година (во Букурешт), потоа речникот на Јон Даламетра од 1903 година (исто така во Букурешт) и капиталното дело Толковен и етимолошки речник на ароманскиот јазик печатен во 1953 година од Таќе Папахаџи (кој се смета за најзначаен и најобемен речник на ароманскиот јазик со романски и француски толкувања).