Илири: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 217.16.90.42 (разговор), вратено на последната верзија на [[User:Тиверополник|Тивер...
Ред 27:
Илирите имале развиена култура. Таа се развивала и под влијание на соседните култури, особено на хеленската и римската култура. Илирите рано воспоставиле трговски и културни врски со хеленските колонии на Јадранското Море. Тоа придонело за ширење на хеленското културно влијание меѓу илирските племиња. Подоцна, по паѓањето под римска власт, Илирите се нашле под силно влијание на римската култура.
 
== култовиKултови и религија ==
Илирите негувале повеќе култови, кои биле поврзани со почитувањето на природните сили. Кај северните илирски племиња особено бил почитуван култот на сонцето, а кај јужните илирски племиња големо почитување уживала змијата. Таа е прикажана на накит и други предмети. Илирите ги почитувале шумите, реките и водата.
Илирите верувале во повеќе богови, биле многубошци. Главно божество бил богот Силван, заштитник на шумите и пасиштата, чувар на посевите и жетвата. Кај некои племиња особено бил раширен култот на речното божество Биндос, заштитник на изворите и водите. Го почитувале исто така и богот на војната Медаур, кој понекогаш се прикажувал како коњаник.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илири